Мистичен
Човек
Под слоганот "со еден отсто ни згазнавте 100 отсто во душата" денеска вработените во градинките, училиштата, културните и во просветните институции ќе излезат на голем социјален протест пред Владата и пред Собранието, на кој ќе го изразат револтот од ниските плати.
Од СОНК упатија отворено писмо до премиерот и до надлежните министри, во кое нивните поранешни учителки им пишуваат единици бидејќи не ги научиле основните вредности и го погрешиле патот, кој требало да го следат.
- По навредливиот предлог на Владата за зголемување на платите за еден отсто месечно, револтот кај вработените е уште поголем. 30.000 члена се откажуваат од 400-те милиони денари, кои ни ги понуди Владата, и дозволува функционерите да си ги зголемат платите за уште десет отсто - изјави Дојчин Цветановски, претседател на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура. Тој истакна дека не зависи од Синдикатот што ќе се случува за време на протестот и колку време ќе трае. Цветановски и порача на Владата да не се обидува предолго да ги тестира на сонцето и да се надева дека масата брзо ќе се растури.
- Тогаш револтот на вработените дополнително ќе се зголеми и никој нема да може да ја контролира масата - рече тој. Цветановски тврди дека од повеќе странски амбасади во земјава вчера се јавувале во СОНК за да ги дознаат причините за протестот.
СОНК денеска ќе организира и автобуски превоз за членството од другите градови. Протестот ќе почне на пладне пред платото на МНТ, потоа колоната ќе продолжи пред Собранието, каде што раководството на СОНК очекува да се сретне со претседателот Бранко Црвенковски и со претседателот на Собранието, Љупчо Јордановски. СОНК вчера доби поддршка и од Средношколската унија. Претседателката Нина Јанева вели дека средношколците ќе го поддржат протестот на своите наставници.
"ДНЕВНИК", 22.06.2005