Поубаво е сам да се живее или не?

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Поубаво ли е да се живее сам или не? Од една страна се има поголема слобода си правиш што си сакаш, но од друга страна пак некогаш се чувствуваш осамено, или пак имаш обврски кон живеалиштето кои треба да ги обавиш а немаш време поради други причини како на пример учење или работа. Но воколку живееш со некој пак скоро никогаш не си осамен освен тоа ако ти фали време за домашните обврски има кој да надокнади, ама пак тогаш терба да си го адаптираш својот начин на живот во однос на тој со кој живееш.
Што мислите вие кој начин на живот повеќе ви одговара и зошто, дали има општо некое правило или зависи тоа исклучиво од начинот на кој си го живеете животот?
Намерно на ставив анкета за да има поголема дискусија.
 
Ако ти се погоди цимерот или уште поарно цимерката тогаш дефинитивно е подобро со уште некој. Ако имате добра комуникација нема да се има таа перцепција на ограничувањето на слободата. 2 души е оптималната бројка по стан. Над тоа е гужва под тоа е келија во затвор. Ама дефинитивно е подобро сам отколку со лош состанар без разлика на другите олеснителни околности.
 
во овој период како што ми е сега,смачено од секакви мислења и теории на луѓе кои мислат дека ми помагаат а воопшто не е така посакувам да сум сам,да живеам сам и никој ништо да не ми кажува,и да не ми попува дали ми била средено местото во кое го поминувам денот или не,туку да правам што сакам и со кого сакам,сигурно би ми бил полн станот со луѓе 24/7-во овој период кога немам некои обврски
 
според мене не е убаво да живееш сам.. се се остава на тебе, 2-3 дена може да бидам сам после досадно ми е.
 
Морееее,како ме гушат старциве со некои свои теории душа давам сама да живеам...свесна сум за недостатоците,за се што мама идела позади мене и средувала ќе треба сама да се грижам ама не ми е гајле ја обожавам слободата на движење кога немам никој дома...е сеа фората е што би живеела сама во градов,кајшто ми се сите луѓе што ми значат(у превод,нонстоп пуна куќа)...а не би ми сметало да живеам и со некој друг(а)...наравно ако има комуникација и разбирање,не гледам никаков проблем
 
Покрај сите недостатоци кои ги има опцијата сам, сепак би гласала за неа. Имаш неограничена слобода во се`. Уредување на простор, хигиена, обврски и права кон и на просторот, сметки и трошоци за живот... Но така се осамостојуваш и учиш да се организираш како со време, така и со финансии.
Негативностите се тука: ако ти е несредено ТИ ќе си живееш во хаосот, па сакал-нејќел ќе средиш. Ако си забораил да си купиш намирници наредниот пат сигурно ќе ти текне, пошто веќе еднаш си останал гладен, жеден... и сл.
Имаш поинаков однос кон другите пошто знаат дека сите обврски се на тебе и толерираат кога не можеш да се видиш или да ти дојдат.
Единствен најголем недостаток е себичноста во функционирањето. Научен си сам да функционираш и секој кој ќе ти дојде на подогло време почнува да ти пречи пошто ти ги ремети навиките и потсвесно почнува да те нервира.
 
Кај самостојниот живот најмногу го сакам фактот дека ќе имам поголема слобода,ќе можам да си се шетам гола по дома:pos:
Од друга страна,факт е дека сум мрзле големо и кога станува збор за јадење,чистење,перење садови сум многу неодговорна.Понекогаш ако ме остават нема цел ден да ми текне да јадам.Додуша,ако живеам сама воопшто не би имала фрижидер.
Друго,сакам да имам било какво друшто до мене и воопшто не сакам навечер да сум сама дома,имам фобија...:toe:
Ако не дај боже ми се слоши или било што,ги имам моите.
Секако не можам цел живот да зависам од нив,ама сега кога би бирала дали да живеам сама,би одбрала да си останам каде што сум.
 
Кај самостојниот живот најмногу го сакам фактот дека ќе имам поголема слобода,ќе можам да си се шетам гола по дома:pos:

колку само секси звучи тоа :pos:
 
Кога си сам секогаш си во лошо друштво ...

:3: :cug: ... и така натаму :pipi:
 
Имам живеено самостално одреден период и морам да кажам дека е далеку поубаво.
нема кој да ти виси над глава среди тоа направи ова, се си правиш како ти одговара. Можеш по боксерици да си седиш дома ама ич гајле да не тие.
Одкако ќе се ожениш отиде таа слобода.

Ај друг пат повеќе ќе пишам.
 
Сама! Цел живот со 5 души живеам преку к*р ми се сите, никогаш не сум сама дома, едно шо немаш слобода др. си иам периоди на самотија коа едноставно сакам да бидам сама и ми треба време и простор за изолација! Моменти на осаменост.....хм....па да можно е да ги има коа живееш сам, ја радо би била осамена :)
 
Нели?:fraer:
Само затоа сакам сама јас.:hehe:

оф топик
Можеш и со мене така бе мило....нема да ти забранувам :pos::pos::pos:

он топик
Јас сум повеке за со некој.....шо знам сам ако сум ке ми биде некако празен денот(животот), неисполнет, .....или може грешам :toe:
 
Добро ми е да бидам сама ден-два ама после ќе се чувствувам како споулавена.
Сите обврски на мене, а фактот дека сум голема мрза не може да се занемари. Плус немаш со кого да разговараш ќе станеш роб на телевизијата или компјутерот. Контактите во живо ништо не може да ги замени. Колку и да мрчат по дома мора да признаеме дека не можеме без нив. Барем јас бидејќи сум навикната да сум опружена постојано со луѓе не можам да замислам да живеам сама. Голема слобода е се разбира ама тоа носи и одговорност за самиот себе, мораш да научиш да правиш работи за кои ни на крај памет не ти текнувало, а ако си во друг град ќе се чувствуваш уште поосамено, на сите понекогаш ни требаат луѓе околу нас. Човекот не е роден за да биде сам, туку речиси секогаш е зависен од луѓето околу него.
 
Сам бе луѓе. Па демек случајно гол се шеташ додека комшиката со виклери на глава дига паника. Имаш секс со девојката на тераса, и јадеш тоа шо ти сакаш. Ако немаш пари за надвор, имаш секоаш кафич дома. Спиеш гол, глеаш фудбал гол. Се тушираш, и искачаш гол... :) Nudity is blessing :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom