Микрорамански спектрометар во МК

  • Креатор на темата Креатор на темата LiquidHeII
  • Време на започнување Време на започнување

LiquidHeII

хемичар
Член од
31 јули 2007
Мислења
178
Поени од реакции
3
Инструментот микрорамански спектрометар, кој ќе биде набавен во рамките на акцијата на ЕУ за посебна поддршка на Западен Балкан, е едно од најновите технолошки достигнувања, кое преку оптички влакна регистрира сигнал од многу мали површина (од 1 до 10 микрони) и не го оштетува испитуваниот објект.
Овој инструмент, исклучително погоден за испитување на археолошките и на музејските објекти, и инфрацрвениот спектрофотометар, кој веќе се користи на Институтот за хемиjа при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ќе овозможат примена на недеструктивните методи за анализа во археометријата.
Интернет страница која претставува поддршка за овој поект - Археометрија е мултидисциплинарна гранка на науката, која се занимава со примена на научни методи и истражувачки техники од областа на природните науки во археологијата и историјата на уметноста. Тоа е спој помеѓу археологијата и природните науки. Истражувањата од областа на археометријата бараат соработка на два вида специјалисти: оние од природните науки и од археологијата, историјата на уметност и други слични гранки. Без нивна заемна соработка не може да се постигне подобрување на методите на карактеризација и конзервација, во кои недеструктивните спектроскопски методи заземаат исклучително значајно место - вели проф. д-р Билјана Минчева-Шукарова од Институтот за хемија, која е координатор на проектот.
За работа со овој инструмент ќе бидат оспособени двајца млади истражувачи, кои во некои од европските лаборатории би требало да се обучат за анализа на пигменти (користени во средновековното фрескосликарство) и во керамиката (неолитска и византиска).
Институции кои учествуваат во проектот Centre National de la Recherche Scientifique, Laboratoire de Dynamique, Interactions et Reactivite Department for Analytical Chemistry, Faculty of Sciences, Ghent University, Белгија Department of Chemistry, Aristotle University, Солун, Грција Факултет за хемија, Универзитет во Софија, Бугарија и др... Тимот од Институтот за хемија во Скопје кој учествува во реализацијата на проектот http://archaeometry.ukim.edu.mk/team.php - Веќе одбравме две лаборатории со кои сме имале и претходна соработка - лабораторијата на ЦНРС (Централен национален истражувачки институт) во Париз, Франција, и лабораторијата на Одделот за аналитичка хемија на Универзитетот во Гент, Белгија. Меѓутоа, многу е важна и соработката со институциите во регионот, поради што ќе се воспостават контакти со нашите соседи: Албанија, Грција, Бугарија и Србија. Имаме слично, често исто културно наследство, па логично е соработката да почне околу византиската уметност, која е заедничка во оваа област. Конкретниот интерес ќе се насочи на византиските фрески, икони и керамика - најавува проф.д-р Минчева-Шукарова.
Тоа се, всушност, првите активности на Балканската археометриска мрежа, во која членуваат и Романија, Турција и Црна Гора. Мрежата е формирана на 12 септември минатата година, за време на Kонференцијата на хемиските друштва на Југоисточна Европа, одржана од 10 до 14 септември во Охрид.
- Без оглед на националните, културните и политичките разлики, преку оваа мрежа се зајакнува интересот за заедничкото културно наследство и се промовира археометријата како мултидисциплинарен приод за зачувување на културното наследство во регионот - вели проф. д-р Минчева-Шукарова.
Овој проект на Институтот за хемија го доби првото место од вкупно 211 пријавени проекти од петте земји на Западен Балкан: Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Македонија. Од вкупно четирите милиони евра што му ги додели ЕУ на Западен Балкан за подобрување на истражувачките капацитети, Македонија доби речиси еден милион.
Лична карта на проектот:

  • Вредност – 299.995 евра
  • Почнат е на 1 април 2007, ќе заврши на 30 септември 2009 година.
Во периодот од 1998 до 2004 година:

  • Бројот на истражувачи е намален за 20 %;
  • Буџетот за наука и равој е намален за 50 %;
  • Во 2004 година изделувањата за наука и развој изнесувале 0,23/ГДП и биле најмали во Европа .
Напомена: Оваа статија е преземена од дневниот весник Време, со цел Hemija.net да помогне во промоцијата на овој благороден проект.
 
Арно, арно.
 
После три ипол години од почетокот на проектот, и еднагодина од крајот:

Спектрометар нема :toe:
а ако има, никој жив не го видел. :)
 
После три ипол години од почетокот на проектот, и еднагодина од крајот:

Спектрометар нема :toe:
а ако има, никој жив не го видел. :)
Има има како нема!
Само ние не го гледаме затоа што е во нечиј џеб.:toe:
 
Ахха, најдов извор од тетка Вики, каде вика:

Овој проект беше долго спреман и најавуван. Носител е Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во моментов работат со еден од најновите модели на инструменти т.н. микрорамански спектрометар, со чија помош може да се анализираат пигменти користени во средновековното фрескосликарство, како и неолитска и византиска керамика.
.
И пак се мислам дали некој жив го видел и може да потврди дали постои?




Не оти ми треба, ама чисто онака ме интересира дали има во Македонија едно вакво. :)
 
Ова навистина постои,набавен е тој микрорамански спектрометар,се наоѓа на Институтот заа хемија при ПМФ,сместен е во една темна просторија во подрумот на хемискиот институт,ние студентите имавме можност да го видиме при вежбите за спектроскопија по предметот физичка хемија,мислам дека задолжени за него се професорите од заводот за физичка хемија,дури во ходникот на заводот можете да ги видите и трудовите објавени користејќи го овој спектроскоп.Се сеќавам дека апаратот е огромен,поседува во него микроскоп кој ја снима самата површина на она што се анализира,и нешто знам беше поврзан со компјутер на кој се гледа сликата и дава некој график со пикови кои компјутерот ги анализира од базата на податоци!!!
 
Постои инструментот и е во функција, сместен е во подрумот на институтот за хемија. На него испитуваат фрески, хартија, мермер, минерали. Студентите имаат можност да го видат, имаат демонстративна вежба по предметот структура на молекули.
Инструментот користи раманско расекување на ласерска светлина (од зелен и црвен ласер), воедно е опремен целосно за автоматско позиционирање на пробата во однос на зракот.
 
Фино фино, девојка ми, ми збореше нешто за оваа технологија, дека на хемиски факултет ке ја донеле во 2012 и она ке работи на него.
Сега имаат некаков ваков сличен инструмент само што не можат студентите самите да испитуваат на него туку не знам некоја професорка што била единствена во мк што знае да работи на тоа чудо им демонстрирала како функционира тоа.
Не знам подетално да ве информирам бидејки јас сум Машинец а девојка ми е Хемичар и она е по тие терминологии повеќе, и ми го објаснуваше истовона мене :).
 
Имам 2 пати снимано минерали на инструментот, и тоа во придружба на професор, инструментот не е сложен, ама треба да се внимава доста, ласерот треба да се штеди бидејќи е многу скап, околу 20 000 евра. Снимањата знаат да бидат долги и по 1-2 часа, зависи колку сакаш да го испеглаш спектарот, за разлика од инфрацрвена каде се потребно 2 секунди за цел спектар. Најтешкиот дел е асигнацијата на модовите, за тоа е потребно повеќегодишно искуство, има база на податоци, ама таа не е за научни цели. Има повеќе луѓе што знаат да го работат инструментот. Најавија многу работи дека ќе пристигнат, ама кој ќе работи на нив, хемичарите годишно по 5-6 души се во генерација.
 
Археологија или легална организација за кражби е работава во македонија.
Мала историја, од прилепскиот крај. Дедо ми е пензиониран археолог, во времето работеле на ископување на локалитетот маркови кули во прилеп. Има и книги издадено за тоа какви и што се има најдено низ тој регион, али многу позначањи работи што ги имаат ископано ми кажуваше дека секундарно завршувале во некој музеј, или приватна рака, само најмалце во македонски музеи.Во име на братство и единствено, се е наше и наше е све, така да многу историски документи, разни остатоци карактеристични дури и за неолитско време ги нема во македонија.
Исто има но се малце во лоша состојба праисториски цртежи. За нив скоро никој и глас немаше слушнато ако немаше A1 да снимат. Па кај се тука и влада и министерство за култура да заштитат нешто, ова да го најдеа во франција сеа ќе беше 9-то светско чудо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom