Мистичен
Човек
Управата за јавни приходи во првите шест месеци од годинава наплатила вкупно 424 милиони денари што е за седум пати или 664 отсто повеќе од наплатените приходи од надворешната контрола за истиот период минатата година.
Според статистиката на УЈП, даночните инспектори извршиле 686 контроли што е помалку во однос на истиот период лани, кога инспекторите извршиле 984 контоли, но биле наплатени повеќе јавни приходи, соопшти денеска Директорот на УЈП, Горан Трајковски.
“Остварен е Данок на Добивка за 52,36 отсто повеќе од планираното, што значи дека за 23,89 отсто е реализирано повеќе од 2006, а 88,31 отсто повеќе од 2005 година, што не значи олабавување внатре во службуите на Управата“, рече Трајковски.
За изминативе шест месеци УЈП реализирала 9,60 отсто повеќе од она што испланирала што е за 15,44 отсто повеќе од 2006 година, што претставува 52,47 отсто од годишно планираното, веќе реализирано.
Данокот на додадена вредност иако бележи мал процент односно 5,57 отсто, според Трајковски претставува задоволство на Управата согласно буџетот за оваа година во однос на лани, бидејќи 50,02 отсто од годишното планирано било реализирано во првите шест месеци.
И персоналниот данок на добивка со 7,75 отсто е реализиран повеќе од планираното, но за 4.52 отсто бележи опаѓање во однос на 2006 година.
Според резултатите на независната агенција за истражување “Стратеџик Маркетинг“, за работењето на даночната администрација, 70 отсто од испитаните потврдно одговориле дека службениците на УЈП имале партнерски и флексибилен пристап, а 91 отсто дека инспекторите биле објективни при вршењето на контролата. Анкетирани биле 700 даночни обврзници низ цела држава.
“За да се добијат вакви резултати заслужни се сите вработени на УЈП, на отворениот пристап и техничката помош од меѓународниоит монетарен Фонд и од заедничката соработка. Од 44.960 даночни пријави, управата поднела 3.466 пријави, а според информавциите на УЈП, 30.087 физички лица оствариле приход без даночни пријави“, истакна Трајковски.
На прашањето од новинарите на што се должи високиот процент за наплата на добивките, Трајковски рече:
“И Управата е изненеадена, но тоа се должи на поголемата контрола на инспекторите, на новите методолгии и контактите со даночните обврзници допринесоа за зголемен наплатен приход“.