Ае еве нешто мноооогу интересно за наши татарчета ‘другарчета‘ =)
*Великобугарските шовинисти упорно тврдат дека Светите браќа Кирил и Методи биле ,,Бугари", а кријат од пошироката јавност дека нивната мисија била во полза на Византија и Великоморавија - земји против кои тогашна Бугарија војувала!
*Светите браќа, кои биле лојални граѓани на Византија биле упатени како духовна помош на Великоморавија токму поради нејзината загрозеност од Бугарија и од Германија.
Во овој текст сакам да укажам на некои помалку познати моменти во врска со позната Великоморавска мисија на светите браќа Кирил и Методи и настанувањето на првиот т. н. словенски книжевен јазик, што бил создаден во тоа време.
За да го насловам вака ова писание, ме поттикна ширењето на заблудата во извесни кругови во странство (а, за жал, и кај нас), дека светите браќа Кирил и Методи наводно биле етнички Бугари и дека најстариот словенски книжевен јазик (општопознат во светската, па и во добар дел од бугарската, наука како црковнословенски) наводно бил бугарскиот (!?)
Во продолжение ќе видиме дека светите браќа не само што не биле Бугари, туку и дека нивната Великоморавска мисија, како резултат на која најверојатно дошло до создавање на најстариот словенски книжевен јазик, била мисија со изразено антибугарски карактер!
Притоа, на помош ќе ја повикаме емпириката, преку правењето краток и компаративен осврт на политичките услови во кои била остварена легендарната Великоморавска мисија на македонските свети браќа Кирил и Методи.
Како прво, тврдењето дека светите браќа биле етнички Бугари, најблаго речено, е бесмислено! Како е можно светите браќа да биле Бугари, кога се знае дека лично Свети Методи речиси цели десет години бил вработен како доверлив византиски воен стратег на границата помеѓу Византија и Бугарија, и тоа токму со главна задача - заштита на Византија од наездата на паганските Турко-Бугари (кои, како азиско и турко-монголско номадско племе, во тоа време го воделе главниот збор во Бугарија и кои денес се слават како првите етнички предци на денешната бугарска нација)!?
Понатаму, факт е дека во времето кога бил создаден најстариот словенски книжевен јазик (врз основа на говорот на македонските Словени -Венетите околу Солун, но - според најновите сознанија - без сомнение и врз основа на добар дел од фонетските знаци и говорот на античките Македонци), вистинските етнички Бугари (оние од Азија) не знаеле ни да зборуваат, а камоли да пишуваат на словенски, а самиот бугарски кнез Борис тогаш бил паган, т.е. немал никаква врска со христијанството, за чии потреби бил создаден најстариот словенски книжевен јазик.
Па зарем Бугарите би создавале книжевен јазик за туѓата им христијанска вера?
Исто така, малку е познато дека во тоа време дури и членовите на семејството, не само на кнезот Борис, туку и на неговиот син Симеон биле принудени допрва да учат да зборуваат (а камоли да пишуваат) на словенски, за што подетално пишува токму бугарскиот учен Сефтерски!
Војната на Бугарија против Великоморавија
Сега, да кажеме збор-два и за уште некои малку познати моменти во врска со Кирило-Методиевото време, за кои денес во Бугарија се избегенува да се зборува во пошироката јавност. Како прво, денес во Бугарија се премолчува дека мисијата на светите браќа Кирил и Методи во Великоморавија била со изразено анти-бугарски карактер!
Од каде пак сега ова? Ќе одговориме веднаш. Денес во пошироката јавност во Бугарија се крие еден мошне значаен момент, што ќе ги изненади и мнозина наупатени наши читатели, а тоа е моментот дека токму во времето на Великоморавската мисија на светите браќа Кирил и Методи, Бугарија се наоѓала во војна со Великоморавија, т.е. со државата на која отишле да и пружат помош солунските свети браќа!!! Имено, во тоа време, интересите во централна и во југоисточна Европа главно биле поделени помеѓу германската држава на чело со Људевит Германски и Византија. Некаде помеѓу нив се наоѓале словенска Великоморавија и паганска Бугарија. Германија претендирала на Великоморавија, поради што вршела чести воени упади на нејзината територија, а се обидувала и духовно да влијае врз населението, т.е. да го германизира истото. Во ваквите обиди, Германија му понудила воен сојуз на тогашното Бугарско царство, кое исто така (од југ) граничело со Великоморавија.
Бугарија ја прифаќа понудата на Германија, поради што кнезот Борис, во 862 година, објавува војна на Великоморавија.
На Великоморавскиот кнез Ростислав не му преостанало ништо друго освен да побара воена и духовна помош од тогашниот најсилен германски и бугарски ривал - Византија.
Византија, се разбира, заради своите конфронтации со тогашна Бугарија, со задоволство му ја пружа помошта на Ростислав.
Заради ова, во 864 година, Византија објавува војна на Бугарија и, откако војнички го поразува кнезот Борис, го принудува да го раскине договорот со Германците и да се откаже од војната против Великоморавија.
Што се однесува до духовната помош против германско-бугарскиот заговор против Великоморавија, Византија ги испраќа светите браќа за да ги поучат великоморавските Словени да пишуваат на словенски, како заштита против германизирањето.
Значи, да заклучиме дека антибугарскиот карактер на мисијата на светите браќа јасно се гледа преку следниве моменти:
Светите браќа се упатени како помош од страна на Византија во Великоморавија - земја против која тогашна Бугарија војувала!
Светите браќа биле лојални граѓани на Византија (доказ: високото место што свети Методи го имал во воената структура на Византија и нивното одредување како доверливи личности во Великоморавската мисија), а во тоа време нивната татковина Византија се конфронтирала и војувала против паганска Бугарија.
Во паганска Бугарија во тоа време христијаните биле жестоко прогонувани и убивани, а светите браќа пошле токму во христијанска мисија и тоа како помош на тогашниот бугарски воен непријател - Великоморавија!
Освен тоа, да спомнеме и дека цели два века пред тоа, паганска Бугарија и христијанска Византија (во чии државни граници егзистирале Македонските склавинии, во кои заеднички живееле нашите предци: македонските Словени-Венетите и античките Македонци), претставувале два сосема различни света и две сосема различни цивилизации и тоа: предците на денешната македонска нација (македонските Словени-Венетите и античките Македонци, чие меѓусебно мешање веќе било отпочнато) живееле во еден цивилизиран, христијански свет, без речиси никаков контакт со Бугарија, додека предците на денешната бугарска нација (Бугаро-азијатите, Траките и бугарските Словени-Анти, кои тогаш почнале етнички и културно меѓусебно да се мешаат) во тие два века живееле во држава, која целосно се потпирала на паганско-турко-азијатска основа, какво што, всушност, им е и потеклото на вистинските етнички Бугари (Бугаро-азијатите или Турко-Бугарите), кои доминирале и ја воделе таа држава.
Бугарите жестоко се спротивставувале на своето христијанизирање!
Сега кога докажавме дека Великоморавската мисија била со изразен анти-бугаро-пагански карактер, да кажеме нешто и во врска со христијанизирањето на етничките Бугари, кое се случило неколку години по Великоморавската христијанска мисија (за чии потреби е создаден најстариот словенски книжевен јазик).
Овде би сакал да потсетам на уште еден момент за кој денес малку се зборува во Бугарија. Имено, се работи за малку познатиот прв син на кнезот Борис, Владимир, кој во 888-889 година го заменил татка си на престолот, откако Борис, откако претходно (866 година) поради политички причини, го примил христијанството, заминал во манастир.
Во јавноста е малку познато дека новиот турко-бугарски цар Владимир (иако имал христијанско име) не сакал ни да слушне за христијанството!
Поради тоа, истиот тој Владимир, потпирајќи се главно на доминантините етнички Турко-Бугари, веднаш превзел низа антихристијански мерки, со цел да го истисне христијанството од Бугарија и повторно да ја воведе турко-бугарската прататковска паганска вера!
Ова претставува неспорен доказ со колкав отпор добар дел од етничките Бугари, речиси сосила биле принудени да го примат христијанството, во името на кое дејствувале светите браќа.
Меѓутоа, царот Владимир не успеал да го укине христијанството, и нему најенергично му се спротивставил токму свети Климент Охридски, низ чија епархија новото ширење на паганството било најизразено. По залагање на свети Климент, во целата оваа работа се вмешал дури и претходно замонашениот кнез Борис, по што Владимир бил симнат од престолот, а на негово место бил поставен другиот син на Борис, Симеон, чие семејство, за таа цел, било принудено допрва да учи да зборува на словенски.
Значи, додека словенскиот книжевен јазик веќе одамна бил создаден и раширен, членовите на семејството на најновиот бугарскиот цар Симеон допрва почнале да учат да го зборуваат овој јазик.
Инаку, Симеон, со државен декрет, официјално го вовел словенскиот јазик како официјален јазик во Бугарија во 893 година, а тоа е речиси цели 30 години по создавањето на првиот словенски книжевен јазик.
Но, и овој декрет бил пречекан со отпор од страна на вистинските етнички Бугари (Турко-Бугарите), кои не сакале туку-така да се откажат од својот мајчин бугаро-азијатски јазик и да го учат словенскиот, за што сведочи фактот што го дава токму бугарскиот учен Сефтерски, кој вели дека бугаро-азијатскиот јазик си останал како говорен јазик помеѓу Бугарите дури до 12. век.
Поради сите овие причини, навистина е несериозно, па дури и смешно дебилното тврдење дека најстариот словенски книжевен јазик бил старобугарскиот, т.е. дека Бугарите нам ни го дале јазикот, штом видовме дека голем дел од етничките Турко-Бугари, токму заради заштита на својот вистински старобугарски јазик (кој јазик, според бугарскиот академик Иванов, бил сличен со денешниот чувашки и татарски јазик), не сакале ни да слушнат за словенскиот говорен и книжевен јазик, кој (исто како и христијанството) им бил наметнат речиси сосила и тоа преку државен декрет. Конечно, самата бугарска наука тврди дека книжевниот бугарски јазик за првпат се појавил дури во средината на 19. век, а најголем доказ за ова се првите бугарски преродбенички текстови, во кои авторите недвосмислено се жалат дека Бугарите немаат свој книжевен јазик и бараат веднаш да биде создаден ваков јазик.
Значи, самите Бугари од средината на 19. век тврделе дека немаат свој книжевен јазик, а нашите бугаромани, кои во случајов се прават поголеми католици и од Папата, тврдат дека Бугарите имале ваков книжевен јазик уште од 9. век (!?).
Браво бугаромани!
Како доказ за ова ќе го спомнам следниот пример. Поседувам една извонредна книшка (во оригинал) објавена во Софија, во 1927 година, од авторот В. Пундев под наслов Периодичниот печат пред ослободувањето, во која книшка е застапен поголем избор на бугарски текстови од четириесеттите до шеесеттите години на 19. век.
Во повеќе вакви текстови тогашните бугарски преродбеници се жалат поради погрчувањето на Бугарите и поради немањето свој сопствен бугарски книжевен јазик. Така на пример, Г. Теохаров, во својот труд Неколку зборови за бугарската литература (1860 година), дословно пишува:
Бугарите не само што немаат современа литература, туку тие се уште немаат направено ниту почетни обиди во тој правец... Бугарскиот народ, пред триесет години беше уверен дека нема свој сопствен книжевен јазик и дека со бугарскиот јазик не можат да се пишуваат научни книги, туку само со грчкиот, како и дека со помош на грчкиот јазик, може да се описмени секој Бугарин.
Во продолжение авторот разочарано констатира дека голем број на Бугари во тие години себеси се декларирале како Грци и масовно го ширеле грцизмот во Бугарија.
Поради сето погоре изнесено, уште понесериозно и посмешно е да се тврди дека светите браќа Кирил и Методи биле Бугари.
Можеби би биле Бугари, но со обавезната додавка на зборот анти пред зборот Бугари, т.е. најправилно би било да се рече дека тие всушност биле - анти-Бугари!
Што се однесува до нивното славење денес, не само во Бугарија, туку речиси и во цела Европа, тоа нас Македонците треба да не радува, бидејќи светите браќа се наши, македонски, крвни и културни предци. Се разбира, во колку тоа славење не се злоупотребува преку искривување на вистината за нив, поради што, впрочем, е и напишан овој текст.
ФАКТ Е ДЕКА НИЕ ВЕ ОПИСМЕНИВМЕ!