Дали живееме во сегашноста?

Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
.

Тешко дека живееме во сегашноста затоа што сме преокупирани со иднината и со минатото и нашата свесност не е сврзана со сегашниот момент и ние не сме потполно свесни за сегашниот момент.
Ние стануваме свесни за сегашниот момент во форма на сеќавање на момент кој штотуку поминал. Вистинската реалност можеме да ја забележиме во оваа кратка временска секвенца која ја нарекуваме сегашен момент, тука и сега во овој момент, во секој нареден што ќе дојде.
Поради тоа што не сме вистински свесни за сегашниот момент неможеме вистински да ги видиме последиците од секое наше деловање било да се позитивни или негативни и поради ова понекогаш правиме глупости односно грешки.
Нашата свесност за сегашниот момент можеме да ја залепиме со медитирање.
 
Fama

Bombin' thru the speakaz
Член од
10 февруари 2009
Мислења
518
Поени од реакции
19
Неможе да се каже дека живееме во сегашноста.Ако тоа го кажеме тогаш ги лажеме другите а воедно и себе.Сеуште никој не се помирил со минатото.Сеуште пробуваме да ги смениме работи иако се далеку зад нас.Во последно време луѓето повеќе се грижат за иднината отколку сегашноста.Секој гледа да си ја осигура иднината и на некој начин ја одбегнуваат сегашноста.Не се свесни дека проблемите можат да настанат во секој момент.Затоа живеј во сегашноста, не се навраќај во минатото и препуштии се на иднината.
 
Член од
3 јануари 2008
Мислења
39
Поени од реакции
1
Во сегашност мислам дека ќе почнам да живеам кога ќе земам пензија.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Да живееш во и за сегашноста е просто немозможно. Нема човек кој живее без да помисли на што направил во минатото и што планира за иднината. Човек кој живее за и во сегашноста е човек кој има исполнето се во животот и е задоволен од сето тоа или пак рамнодушен човек без цел во животот.
 
Член од
3 јули 2008
Мислења
248
Поени од реакции
8

така е ама и во ова држава немаме шанси да живееме во сегашноста се не враќат во минатото и владејт страв од иднината
 
kostovska

Рокенролистика :))))))
Член од
22 јануари 2009
Мислења
368
Поени од реакции
11
па доста време јас повеќе живеев во прошлоста...со мислите насочени кон минатото кон одредени случувања кои се прошлост.Али периодов можеби цело време сум на еден крај од градов до друг и со повеќе луѓе така што прошлоста не ме гуши воопшто.Моментално осекам пресвртница.Живеам во сегашноста а на минатото гледам како добар дел од мојот живот и благодарна сум на сите оние кои имаат удел во таа прошлост.Не размислувам веќе за прошлоста бидејќи залудно е...времето не се враќа..сегашноста е најбитна а не минатото или иднината. Се живее ден за ден.....
 
М

Мрак

Гостин
Не,барем не постојано и со целото наше битие.Нормални се навраќања на минатото,погледи кон сегашноста,но има и некои што за жал премногу се побегнати од сегашноста па нивното враќање може да биде и многу тешко.За мене...живеам во сите 3 времиња:)Ден сегашно,ден идно,ден минато...едноставно,тешко е на секого да остане цврсто во сегашноста:helou:
 
devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Колку и да сакам, не можам да кажам дека -живеам во сегашноста, а воопшто не мислам на минатото и иднината. Сегашноста за мене трае еден само еден миг кој веднаш се преобразува во минато.
Всушност може да се каже дека физички живеам во сегашноста, но духовно живеам само во минатото и во иднината.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.932
Поени од реакции
18.644
Сите ние живееме во минатото, со самото тоа што правиме секојдневни рутински работи кои што сме ги правеле во минатото и сме спознаени со нив, ние всушност живееме во минатото, само во оние моменти во кои учиме нови работи и ни се случуваат нови настани ние ја живееме сегашноста, затоа би рекол дека само малите деца кои што постојано учат, живеат во сегашноста, ние останатите сите сме минато :toe:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562

Зарем тие секојдневни работи не ги правиш сега туку ги правиш вчера?
Денеска кога појадуваш не учиш ништо ново,но сепак сега јадеш и пак ќе јадеш за да го држиш газот во сегашноста,зошто ако те фати минатото или ќе живееш во депресија или ќе те јадат црви под земја:smir:
 
Тоа е точно ако ти гледаш на работите од аспект на тоа како поминува времето, а не од аспект на тоа како ги перцепираш работите.
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
120
Поени од реакции
93
хех, само будалиот живее во минатото... просечниот живее во сегашноста, а паметниот живее во иднината.
оној кој живее во иднината ќе открие изуми и решенија, да може во иднината да биде среќен. но знаејќи каква е индивидуата, сепак ќе продолжи да мисли на иднината. за некои тоа е амбиција да се постигне, за некои ненаситност и фантазии.
но дали тоа значи дека ако постојано мислиш на иднината ќе го изгубиш чувството на уживање во моментот?
па изгледа затоа постојат секакви луѓе... едните да работат на иднината постојано, за вторите да уживаат во неа, додека третите постојано да се враќаат на минатото
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Тоа е точно ако ти гледаш на работите од аспект на тоа како поминува времето, а не од аспект на тоа како ги перцепираш работите.
Па по твојата теорија ќе излезе дека сме безвременски. Не можеш работите комплетно да ги дистанцираш од времето.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Тоа е точно ако ти гледаш на работите од аспект на тоа како поминува времето, а не од аспект на тоа како ги перцепираш работите.
А како ќе го тргнеш времето од перцепциите?Како ќе дефинираш кога си ги перцепирал работите?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom