... белегот на раката што го имаат постарите генерации во поранешна Југославија може да е од вакцина против големи сипаници (Вариола Вера) или од
БСЖ (BCG) вакцината против туберкулоза.
Прегледај го приврзокот 478989 Прегледај го приврзокот 478990
... знакот на раката „како изгребан круг“ е поради специфичниот метод на боцкање со игла со два краци која постојано ја боцкала (гребела) кожата во мал круг предизвикувајќи локализирана инфекција, меур, па краста и на крајот карактеристичен вовлечен белег - лузна во форма на круг.
...
големите сипаници (Variola Vera) биле целосно искоренети во периодот меѓу 1978 и 1980 година, откако Светската здравствена организација (СЗО) официјално прогласила дека вирусот бил искоренет на глобално ниво, бидејќи болеста веќе не постоела во природата, вакцинирање против големи сипаници прекинало да се дава во раните 1980-ти години, така подоцнежните генерации веќе не ја примале вакцината против големи сипаници, туку само за мали сипаници.
...вакцина против мали сипаници позната како МРП (против морбили/мали сипаници, заушки и рубеола) во Македонија е задолжителна и бесплатна според Националниот календар за имунизација, а првата доза се прима на возраст од 12 месеци, па највероватно оваа ја имаш примено.
... 1972 година, Југославија се соочила со последната голема епидемија на големи сипаници во Европа, вирусот бил внесен од Косово и Метохија од страна на поклоник кој се вратил од Ирак, па за само неколку недели, воените и здравствените власти успеале да вакцинираат
18 милиони граѓани од вкупно 22 милиони жители во државата, тоа била една од најбрзите масовни имунизации во светска историја.
... поради оваа вонредна ситуација, сите генерации родени до крајот на 1970-тите години биле строго вакцинирани (и ревакцинирани), поради што речиси секој човек роден пред 1980 година го носи карактеристичниот лузна-белег на раката,
... но, има и случаеви на понови генерации од 1980 годиште со ист белег од вакцина, но малку помал од таа на Вариола Вера, а тоа е од другата вакцина што ја спомнавме погоре т.е. од бе-се-же
БСЖ (BCG) вакцината против туберкулоза, така да постарите генерации имале два слични лузни една поголема и една помала, а тие помладите генерации после 1980 година имале слична лузна, помала лузна без зраци од БСЖ вакцината, отприлика нешто вака:
Прегледај го приврзокот 478987Прегледај го приврзокот 478988
... денешната БСЖ вакцина против туберкулоза сè уште се дава на новороденчињата во родилиште со многу помал белег со современите игли и техники на апликација кои се многу попрецизни и се инјектираат под кожата, што кај повеќето луѓе денес остава само минимален или речиси незабележлив белег во споредба со минатото на тие генерации после 1980 година.