Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Зоки пред 3 сезони не би го земал Енрике во Челзи, без разлика како звучи тоа сега во денешно време.

Енрике имаше работено со јаки играчи во јаки тимови, додека Покетино има работено со тимови кои развиваат млади играчи, структурата на Челзи беше базирана баш на тој систем и игра што го имаше Покетино.

Ако се погледнат резултатите и очекувањата во првата сезона Пекетино заврши одлична работа во Челзи, додека Енрике флопна во Псж иако имаше страшен тим.

Многу битна и кључна ствар во целава приказна е дека управата на Псж му даде одврзани раце на Енрике, застана позади него, додека управата на Покетино не му даде ништо.
Многу веројатно да дојдеше Енрике во Челзи ќе го снајдеше истото сценарио.

Се е тоа што би било кога би било, но иако Енрике покажа дека се работи за добар визионер, стратег и пред се менаџер, сепак самата околност во француското првенство, интензитетот, квалитетот, бројот на натпревари што се играат, простор за одмор и те како му даваат олеснителни околности за полесна работа.

Како и да е сигурен сум дека за некоја година ќе го видиме во Премиер лига на клупа на некој јак тим.

@Вујко И мене ме чуди пред се потегот на Сенеси да иде во Тотенхем, без разлика тоа што не стигна во Челзи и други тимови го бараа, поготово кога Ираиола замина во Ливерпул а Лфц пати од одбрана без проблем ќе заминеше таму.
Можеби пак самиот мисли дека толку му се можностите и дека не е за поголем клуб и притисок.

Искрено во моментов не се замарам со трансфери иако има доста добри играчи кои се без договор а добро би се вклопиле во тимот.
Сакам простор да му се даде на Алонсо да види самиот со што располага и што му треба.
 
Златна прилика беше Сенеси и работи на повеќе левели.
Ќе можеме да го земеме без пари, и тоа е супер за клубот и буџетот.
Може да дојде како замена на Фофана, тој да се продаде и да се направи растеретување на буџет за плати затоа што Фофана е со висока плата.
Аргентинец е, ќе биде и буст за Ензо да остане.
Веќе е играч од ПЛ и already made играч што сакаат да го презентираат како нова стратегија.

Ништо, испуштена можност е ова, ама затоа сега кога ќе ни опнат некој од 3та лига франција, талент, ќе има вриење...
 
Се слажам исто и моја желба беше Сенеси, но водено ти велам малку е чудо и покрај други појаки клубови што го бараат се одлучи баш за Тотенхем.

Но овој пат очекувам многу повеќе од целава ситуација во поглед на тоа како ќе функционираат работите помеѓу спортските директори, газдите и Алонзо.

Самиот состанок што го имале пред да дојде Алонзо во Челзи со побитните играчи, сопствениците сигурно е дискутирано во која насока ќе оди Челзи, кој би бил посакуван менаџер, со Алонзо пред да потпише е зборено кои играчи му се потребни, во која насока треба да оди Челзи во поглед на игра, формација, стратегија, кои играчи се потребни во тимот а кои не.

Затоа и ти велам овој пат некако сум самоуверен дека ќе имаме добро лето и ќе се донесат посакуваните играчи и ќе се средат доста работи.
Очигледни се проблемите и испливаа на површина сезонава и генерално работава на газдиве каде го носи долгорочно клубов.
Самите фанови низ протести го покажа тоа, сигурен сум дека и они веќе се свесни дека мора составот да се засилува со квалитетни фудбалери.

Самата титула што му ја дадоа на Алозно менаџер а не тренер исто така збори за промени.

Па ќе видиме, секако ова се наши претпоставки нели.
 
Еве Сенеси го прибрале, сега и за Ван Хеке се пробуваат, првиот бид им бил одбиен.

Спурс со Ван дер Вен, Сенеси и Ван Хеке во одбрана, ние со Колвил.

Какви слепци не водат тоа е страшно.
 
Еве Сенеси го прибрале, сега и за Ван Хеке се пробуваат, првиот бид им бил одбиен.

Спурс со Ван дер Вен, Сенеси и Ван Хеке во одбрана, ние со Колвил.

Какви слепци не водат тоа е страшно.
Колвил е подобар од сите овие
 
Најверојатно не се примарна желба на Алонзо, што знам не поврзуваа со нив во последно време но од како се назначи Алонзо за тренер некако спласнаа шпекулациите.
Нема веродостојна информација во денешно време освен Фабрицијо секој си пишува како што му текне за кликови.

Лева штоперска позиција сме покриени со Колвил, Хато одигра солидно по некои фб коментари читам дека Хато ќе остане и ќе му се даде шанса.
Исто доста зависи дали Алонзо ќе игра со 3 или 2 штопери.

Со Грималдо сме поврзани,ми се свиѓа како игра барем во онаа шампионска генерација на Алозно кога ги гледав, сезонава искрено го немам ниту еднаш гледано но ми излгеда многу повеќе технички поткован од Кукуреља, и доста поконкретен во завршни офанзивни акции.
Ако си иде Кукуреља овој би бил топ замена.

Ако се донесе Тиаго Силва во стручниот штаб, со Алонзо ќе ја средат одбраната, Силва ќе ископа добри штопери. :D
 
Back
На врв Bottom