Архаизми

  • Креатор на темата Креатор на темата PaPucaR
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 август 2005
Мислења
456
Поени од реакции
78
Дали и колку често употребувате архаизми во секојдневната комуникација?или да речеме стари зборови кои во современиот свет полека го губат значењето
 
Сполај ви на одговорите:)
јанглаш сум бил штом сум сторил ниет, да кинисам по овој п`т, и да отворам дискусија на оваа тема.
еве еден рифреш на темата ако некој се помами. Јас сите овие зборови што ги употребив погоре ги користам секојдневно, спонтано..имате ли вие такви зборови.
 
Ретко користам, само на зафрканција понекогаш.

А доста интересни се, во моментов ми текнува само на капија - порта, врата.

Фино би било да се надополнат уште некои.
 
Сполај ви на одговорите:)

Сполај ти на темата :)))

Ја ги употребувам кој зборам со баба ми а иначем онака низ муабет понекогаш на зезање.
Интересни ми се многу и мене и баш симпатично звучат...не би сакала да се изгубат од употреба...како и да е подобро звучат од факат хрватските или други присобрани зборови од соседството заради шеманизирање на јазикот да не речам "будалеење" :)
 
Не користам архаизми ама знам неколку интересни како: терзија (кројач), аберџија (гласник), таин (оброк).
 
е да...често, користам.. Да ми сториш Абер,:) ке сторам Ниет... и слично
 
Јас скоро научив еден архаизам - АТЕРЏИЈА. :)
 
Секојдневно користиме архаизми... аман, заман, јок, јаз‘к, ашколсун, бујрум, сефте, дереџе, тенеќе, кересте... појкето ако не и сите се турски зборови
 
Ги обожавам овие зборови и често ги користам.Омилени ми се:)

Темава е закон.Тема со тапија:)
 
Секојдневно користиме архаизми... аман, заман, јок, јаз‘к, ашколсун, бујрум, сефте, дереџе, тенеќе, кересте... појкето ако не и сите се турски зборови

Што значи кересте?
 
As makedon^ said, навистина повеќето се турски зборови.

Киниса, долап, тенеќе, чекмеџе, џаде, ишарет, атер, сефте.

Ги користам доста често :)
 
Алал да ми ти е за темава!!!Иначе аље ги користам,ама претежно со брат ми,и другарими,и ми се асли градски некако.На форумов слабо ги баратам,ептен апансас и со помукает,оти еднашка ми замерија за речникот,али епасибир ми е нека ми замерува:wink:Имам приметено Битолчаниве си ги користа понапати....Кај спомнав Битола сеа,ешта ме фати да си ги видам едни двајца шанкурина,али ај че му пратам абер преку Тасета:)
Сеа толку,патем појче!
 
Ауууу синкир саде олку се шосигизнакажал...Море како сум опашен на сандалијава,ама ако ми стори некој гајрет можи че станам па ако е за мунасип....Е вака машко анџак стори некој ниет за ваква тема дасотвори,та иначеееее....5 пари че ни беше ало.Туку ако ме чактиса некој алал да му е млекцето од мајкаму шо го цицал....ашколсун аферим! Туку земи ти утре принаклај од зајрето,чунки брајчана не чекаа.Па ако си ешлија можи че си дајш едно пијатче мешпајз.....И думај да земиме емиш од пазар....Ајт :)))))

Да ви кажам право ваква тема ми нема текнато да отворам однемукает,та иначе до сега чемугебефне мемелето!
 
Арам да ти е!!!!!Темава мат и маскара ја напрај!!!Добро бе шо табиет е тој таков,да не се остаело и друзиве да си поприкажа.Едно две сите зборој си ги опашил,и сеа чаре?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom