Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Сакам анализа од Serpico.....или тешко во скоро време?:smir:
 
Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
Еве јас ќе се потрудам

maca_mk...Повеќето постови ти се во играчница...тоа ми кажува дека си личност која повеќе сака да се забавува да ужива го животот и не сака да ги сфаќа работите премногу сериозно.Како и повеќето девојчиња,ја сакаш,ја обожаваш модата и си нејзин следбеник т.е сакаш да си во чекор со новите трендови....Сакаш и добар трач и сеир..Ги обожаваш оние женски вечери,каде што се собирате само женско друштво и кажувате кој со кого итн итн...Сметаш дека додека си млад треба да уживаш во животот,сакаш веројатно што повќее да ја искористиш својата младост.Знаеш да бидеш тврдоглава,но ако е за нечие добро,знаеш и да попуштиш...За љубовта што да кажам...веројатно веруваш во љубов иако знаеш дека се уште ја немаш пронајдено,онака вистински,со сиот нејзин сјај.
па скоро се си погодила(болдираното),добро си ме анализирала,фалаа:pipi:
 
Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
maca_mk

maca_mk

По твоето барање за психоанализа решив да ти го исполнам.

Значи, по аватарот и потписот, ако си ги ставила дека те оцртуваат тебе, а и така е, ти си девојка која ги прати последните случувања во модата. Секогаш сакаш да си ин, битен ти е надворешниот изглед но не и пресуден. Твоето второ јас е fashion или fun. Заљубена си во убавото, сакаш да те опкружуваат убави работи. Ти едноставно сакаш да го живееш животот таков како што е, сакаш да шеташ, да се забавуваш со твоите другарки кои ти значат доволно за да им откриеш некоја тајна. Не се мрднуваш од играчница што исто потврдува дека ја сакаш забавата и кога станува збор за неа немаш граница, едноставн ти уживаш во секој момент во твојот живот. Приметив дека си бунтовник со причина, односно дека ги презираш оние кои ги злоупотребуваат животните, дека според тебе не е секој створен за чување домашно милениче, а ти си и веќе си чуваш маче и папагал. Значи твојата љубов кон животните не насочува на тоа дека ги сакаш и луѓето, пошто од мала те учеле така. Ти си едно 16 годишно девојче кое допрва почнува да живее, допрва го вкусува оној прекрасен вкус на животот. Се сакаш себе си и со твоите дома си поврзана доста и тоа е за плус. Продолжи така:helou::helou::helou:
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.033
Поени од реакции
24.725
Марина.
Се начека.

Маринче обично луѓе што слушаат рок припаѓаат на една социјална група депресивци, еби го системот, мрачни сили итн. Мило ми е што ти не си една од нив. Без лажна скромност сакам да верувам дека јас сум тој што те подбуцна да ги заслушаш Пинк Флојд. Имаш прерана зрелост како што кажав порано тоа е меч со две острици. Ја разбираш музиката ги разбираш скриените значења и толкувања. Маринче многу си добродушна ептен и срамежлива дабл ептен. Ај сега си уште млада ама на глава ќе почнат да ти се качуваат во подоцнежните стази на живот. Вади забите наоштри ја мозочната секира и стави ја на грб. И не се плаши да ја искористиш ако ти притреба знеш светот не е розов. Ова ти го кажувам затоа што имаш ставено панцир за заштита односно молчењето. Силенциа аурум ест. Ама цел живот само со панцир не бива мора и пиштолот да игра некогаш. Не се срами од нови контакти и познанства не биди таа што седи на ќошот и посматра активирај се имаш голема потенцијална енергија направи ја кинетичка. Полека ќе почнуваш да влегуваш во љубовни врски само уште е рано. Запамти две работи. Одбирај мудро. И биди девојка. Не паѓај на лошата замка на тие паметни другарки што ги имам да западнат во феминистички води. И немој цигари да почнеш да пушиш знам дека луѓе од твој калибар се склони кон тоа (јас на пример). Другото се е во ред. Позитивна си, весела пријатно расположена тек сега ќе почнеш да кулминираш со интелектуални потенцијали. И да се навратам пак на рок музиката. Запамти дека иако е тоа уметност од највисоко ниво и дека се индетификуваш со многумина од авторите, тоа е сепак нивни поглед на светот што не значи дека е исправен. Всушност постојат мои гледишта, твои гледишта, гледишта на другарите. Апсолутно исправен пат не постои тоа доаѓа чисто од субјективизмот умот е тој што ја процесира перцепцијата на еден или друг начин.

Што друго да ти кажам ти завидувам. Стануваш сабајле пред тебе Охридско езеро над 300 цркви, споменици историја уметност. Што друго би ми требало? Ништо. Уствари кога ќе размислам подобро-ренде.:pos2:
 
CuCeNcE

perfectly imperfect
Член од
19 јуни 2006
Мислења
1.878
Поени од реакции
7
Cucencencence, do me big time!
Aј да пробам:)

Фантомчо...што да кажам за тебе.Ти си весел човек, сакаш да се зезаш, да се смееш да искачаш и да бидеш околу луѓе. Во последно време гледам почна ремет да им удираш на некои членови, незнам дали тоа го правиш од досада или од ништо друго само некад можда несакајќи знаеш малце да претераш ( нема лутиш за ова нели?!:smir: ). Сакаш да си центар пажња и се да се врти околу тебе, али па кој не сака тоа:)...Не прифаќаш ремет и шала на твоја сметка, некогаш знаеш и да се налутиш али лутината брзо ти поминува.
Голем трачар си, сакаш сите можни трачеви да ги знаеш и многу те интересира интимноста на другите луѓе.( Треба почесто ја и ти почесто да праиме муабет:pos2:)
Животот сега за сега не го сфаќаш нешто сериозно, не се замараш многу,едноставно само уживаш и кулираш и оставаш се да тече по својот тек.
Иако нејќеш да го покажеш тоа сепак мислам дека си доста чувствителна особа. Сакаш животни и ја мразиш суровоста на луѓето кои ги малтретираат животните.
Во врска со љубовниот план незнам како стоиш. Сепак ми изгледа дека не се замараш многу ( или можда нејќеш да покажеш незнам). Знаеш дека кога тогаш ќе се појави дотичната...
Епа тоа би било тоа...Се надевам дека ќе ти се свиѓа...:smir:
 
girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
CuCeNcE може и мене? :kesa:
 
CuCeNcE

perfectly imperfect
Член од
19 јуни 2006
Мислења
1.878
Поени од реакции
7
CuCeNcE може и мене? :kesa:
Може:smir:
Ти си лудо девојче што сака авантури, да се журка и да си ужива...Не го сфаќаш животот премногу озбилно, си ги сакаш годините и гледаш секој момент максимално да го искористиш. Не се замараш премногу и не дозволуваш работите да ти го упропастат расположението. Сакаш да експериментираш и да ја испробаш секоја работа што те интересира. Голема љубовџика си и љубовта моментално те интересира највише ( нормално такви се годините:smir: ). Сакаш да бидеш сакана и некој да ти посветува внимание посебно во овој период кога си пронајде некој кој те привлекува и те прави да се чувствуваш најубаво. Сепак несакаш да покажуваш многу чувства, во врска со тоа си малце затворена...
Горда си и си се почитуваш. Прво гледаш себеси да си удоволиш па после на другите ( тоа ми се свиѓа ).Имаш изградено свој стил и став кон работите, но сепак ги почитуваш и другите луѓе кои не се ни приближно слични како тебе. Те интересираат другите мислења, сакаш да дебатираш и слободно прашуваш кога нешто не ти е јасно. Знаеш да пишуваш и те бива во такви ствари.Труди се да го правиш тоа што почесто се гледа дека имаш свој стил и талент:)
....не те знам многу само вака што сум ти читала мислења така да ова би било се:)
 
Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
maca_mk

По твоето барање за психоанализа решив да ти го исполнам.

Значи, по аватарот и потписот, ако си ги ставила дека те оцртуваат тебе, а и така е, ти си девојка која ги прати последните случувања во модата. Секогаш сакаш да си ин, битен ти е надворешниот изглед но не и пресуден. Твоето второ јас е fashion или fun. Заљубена си во убавото, сакаш да те опкружуваат убави работи. Ти едноставно сакаш да го живееш животот таков како што е, сакаш да шеташ, да се забавуваш со твоите другарки кои ти значат доволно за да им откриеш некоја тајна. Не се мрднуваш од играчница што исто потврдува дека ја сакаш забавата и кога станува збор за неа немаш граница, едноставн ти уживаш во секој момент во твојот живот. Приметив дека си бунтовник со причина, односно дека ги презираш оние кои ги злоупотребуваат животните, дека според тебе не е секој створен за чување домашно милениче, а ти си и веќе си чуваш маче и папагал. Значи твојата љубов кон животните не насочува на тоа дека ги сакаш и луѓето, пошто од мала те учеле така. Ти си едно 16 годишно девојче кое допрва почнува да живее, допрва го вкусува оној прекрасен вкус на животот. Се сакаш себе си и со твоите дома си поврзана доста и тоа е за плус. Продолжи така:helou::helou::helou:
тенк ју батерфлај,супер анализа,се исплатеше што ја направи,добро си ме анализирала,многу точни работи(мои ставови,мислења си погодила)може ова да го работиш нон стоп:):pipi:*благодарна*
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Сакам анализа од пеперутката :vozbud:

И од другите анализатори де.... :)

На добро дело, враќам со добрина.
 
Gadfly Baba

Registered Loser
Член од
20 февруари 2007
Мислења
997
Поени од реакции
21
Уфф колку би сакал една анализа од ада,некогаш и негде...
 
Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Сакам анализа од пеперутката :vozbud:
Серпико,хмм доста интересна особа. Неможеш а да не го приметиш, не се наметнува многу, а сепак неговите постови бодат во очи. Можеби затоа што се оригинални, специфични по содржина. Си го живее животот како што тој сака, стои цврсто на земја, реален е. Препознатлив по неговите како што кажав интересни постови, некогаш провокативни. Знае да насмее и умее да напише нешто што се чита само меѓу редови.. Сака да има време за себе, да биде само тој и својата личност заедно, да си ги среди мислите и продолжи понатаму. Но од друга страна сака да се забавува и дружи. Таинствен е, не се открива премногу, скоро ич. Ништо не негира ниту потврдува. Секогаш умерен и со цел. Серпико неможе секој да го разбере или ќе му треба време да го сфати.:icon_roll Во една реченица која навидум е најобична тој слика многу и секогаш држи до своето. Битни му се мислењата на другите, т.е. само оние на кои им дал зелено светло и не подлегнува на провокации од останатите. Заљубен е, да, како и секој човек на планетава. Вљубен е во уметноста, знае да напише добар прозен текст како и поезија во која се замислуваш. Како дел од таа уметност големо значење и дава на архитектурата како битен сегмент во неговиот живот, која ја гледа како изборна сопатничка. Го цени Френк Лојд Рајт познат по неговото прекрасно дело Гугенхајм во Њујорк. Мислам дека повеќе го сака модернистичкиот стил или се лажам? Се труди барем малку да допринесе за родниот Охрид, што е за пофалба.:pehar: Студира, вложува во себе и знае дека ќе успее. Свесен за своите квалитети кои уште треба да ги доградува со текот на времето. Позитивна личност, спремен за шега но со умереност.
П.с. тешко беше:helou::)
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Нити сакам да правам анализи а ниту знам да правам-но лејди сатори едно 15 пати ми се закани да и направама една па хир уи гоу.

Виолета е една од оние форумџивки кој што поради контроверзноста што ја предизвикува многу членки и членови сакаат да ја знаат и запознаат. Кога сте во нејзино друштво се обидува на сите да им биде весело и забавно но ако тоа не дава успех многу брзо се откажува и се концетрира на самата себе.
Од сликите на аватарот не може да се дознае многу затоа што многу често ги менува. На нив ако памтам добро секогаш има девојки и жени или барем нешто што асоцира на нив или на некој дел од женското тело, тоа укажува дека се чуствува гордо што е жена и дека цени грациозност убавина и уметност. Самиот факт што ги менува аватарите толку често укажува дека не е многу одлучна како личност и се уште се двоуми за многу работи-и нејзиниото расположение е такво. Во темата како се чуствувате денес 3 пати на ден менува расположение од предсамоубиствена депресија до ненормална позитивност и насмеаност(браем така пишува).
Не може да се одлучи дали да биде под наводниви кажано кремка или рокерко-металка па затоа и тука секогаш менува мислења и имиџи. Совет до неа биди тоа што си и што сакаш да бидеш така другите повеќе ќе те почитуваат а што е најважно ќе научиш да се сакаш себеси многу повеќе.

Надежен поет-се гледа дека има талент ама и дека е начитана на тоа поле затоа што си игра со зборовите како од шега, може да напише поема за 5 минути што на некој ќе му треба пола саат да ја состави. Во принцип јас сметам дека е многу позитивна и весела личност, но поради некое се животно искуство прептоставувам повеќе се наклонува кон песимизмот самоубиство и такви даркерски работи кој што не се карактеристични за девојче на 17 години, но и самиот факт што на некој начин се одвојуваш од масата е позитивно ваљда. Кога сме кај годините тука е типичен претставник на девојче на 17 години која сака да има 27 како и сите на таа возраст. Уживај во младоста и годините не се прави нешто што верувај ми не сакаш да бидеш затоа што еден ден ќе жалиш за младоста.

А бе чек да пишам нешто убаво. Е па самиот факт што е искрено пријателски расположена кон скоро сите на форумот е карактеристика со која што ретко кој може да се пофали. Читај и пишувај поезија-биди тоа што и си и ич нека не ти е гајле што мислат другите за тебе само со ставот ај донт гив а фак ќе можеш да се исполниш себеси и сите желби.

Како што реков не знам да ги правам анализие и не сакам да ги правам затоа-бидете добри како до сега и не барајте од мене ништо. Како да не постојам, поздрав.
 
Член од
17 август 2005
Мислења
1.410
Поени од реакции
23
ај некој што му е досадно нека ме обработи :) ветувам анализа на истиот во возврат :wink:
 
С

Сатори

Гостин

Не ти се заканував на лош начин.:pipi::back:
П.с. Ако се сакам уште малку повеќе...ќе прераснам во болен нарцис, сум тоа што сум, само се обидувам да се контролирам на моменти, не сакам да имам 27, сакам да имам 22.
И инаку...не си толку лош бе, само си се задржал на одреден дел од мојот персоналитет не на јас како личност.
И не сакам фак офф став, јас сум хепи персн.:smir:
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Лејдис енд џентлгајс....

ПСИХОанализи на форумџии, аватари, потписи... подразбира малку поактивно вклучување на психолошкиот момент на една личност при нашите анализаторски излагања.

Да, има сеир и зезање, ама сето тоа најчесто е поткрепено со психо бекап, или психо-фори :)

Неколку примери од литрературата:

Tореадор за Скул: напиша:
Ti si licnost koja triumifra so sopstveniot dualizam. Kaj tebe, zavojuvanite strani odat do krajnost, no na krajot na denot, sekogas ke se najde nekakva kompenzaicja, nekakov balans, koj ke udri ramnoteza vo svoeto bitie.

spored toa, bi rekol deka ti si licnost koja saka da eksperimentira. no vo umereni celi. Imas i lude, avanturisticka strana koja ja eksploatiras vo dadeni momenti, bidejki znaes deka toa e samo nagon, potreba, da se zadavoli tvoeto drugo jas. ;)
Бада Бинг за Сатори: напиша:
Иако ги менуваш сликичките тука на дневна база тематски се многу слични. Аватарот моментален има цура со ако не се лажам, 70 мм филм. Важно изгледа ко да си има мака, а филмот или е маката која ја гризе или солуцијата. Можеби двете. Во принцип да не навлегуваме толку длабоко, тебе те интригира во фотографиите што сите овие девојки со кои се идентификуваш не се целосно во сликата или ако се тогаш се наоѓаат во ќош или скриени зад предмет, што е интересно затоа што зборува за храброста која ја поседуваш. Ем сакаш да се соочиш со проблемот ем бегаш од него или ако веќе си принудена да бараш решение секогаш тежнееш кон конвенционалното, очекуваното.
Мислам дека концептот на психоанализа е збунувачки за повеќето од вас. Не е работата некој да ПОГОДИ вие што мислите за СЕБЕ, па да речете во право си тоа сум јас, ако бевте немаше да има дегенски теми на форумов како мака ми е и слично.
Поенатата не е некој да ги гледа вашите џинови туку да ги гледа ветерниците и да ви укаже на тоа дека ебаните џинови не постојат. ;)
p.s. Земзела, фала на анализта :) Поради компромитирачки материјали во себе, е избришана од документацијата.

p.p.s. Со дуплото цитирање на Бада Бинг сакам да го наметнам како најдобар жив анализатор на форумов, и со самото тоа сакам да биде преплавен со приватни пораки, бипки по мобилни и смс-и со кои вие ќе му барате да ве анализира. Бада, нема потреба од фала :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom