Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Marinka

~petit etoile dans mon coeur~
Член од
7 март 2007
Мислења
590
Поени од реакции
2
дај те бре за мене една анализа-не бидете скржави?
Значи, вљубен дечко кој ужива во својата моментална врска. Помалку романтичен е и е личност која длабока сака да е обожавана од женскиот свет во околината. Сака секогаш покрај себе женска подршка(може и нешто друго:pos2:), па затоа често пати заглавува во врски кои буквално ќе му паднат од небо, без да планира, без да бара премногу. Сака садо-мазо и би пробал се во сексот со девојка со која би се опуштил, од која не би се срамел, со која би му било екстра(незнам дали ја нашол сеуште :) ). Сака да флертува наоколу ама тоа најчесто го прави во граници на нормалата, без да биде напорен некому или па натепан хаха.
Сака да чита и сеуште прима предлози за книги од мамичка :), а уште повеќе сака да пишува, да се надградува верувајќи дека некогаш ќе стане познат писател кои првите свои раскази ги постирал на кајгана :wink:. Обожава да дреме во Играчница па недај боже на некој да му го разгледа профилот, постовите, отиде јабана. Па добро бе од 950 постови, 900 се во играчница :kesa:. Мрази се што е максимално искомерцијализирано и макар и да му се допаѓа тоа ќе се спротистави. Против секакво насилство е и би живеел мирен ама забавен живот, со луѓето кои ги сака околу себе, кои најчесто се забавни и нормални( не совршени).
Толку од мене, толку успеав да дознаам од постовите, барем од дел од нив :salut:
 
Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Хм самоиницијативно сакам да направам анализа на една форумџика.
Маweчко е таа форумџика за која одамна пробувам да ја сватам. Вака значи би почнал со нејзините постови, ограничени без некоја посебна смисла така наречени ПЕРФЕКТНИ во секоја смисла, се е розево нели:) нема лоши работи. Значи кога се збори за нејзината љубов таа ЦВЕТА и ПРЕКРАСНА Е, незнам можеби е до негде ама нема СОВРШЕНСТВО-свати:). Воедно и во разни теми во кои главна тема се мажите упорно вреѓа, дури и црвен картон има за вреѓање на членови-ако не се лажам членот е од нашата(машка) страна:). Е сега мразиш машки или така се чешлам јас или нешто не ми е јасно, имаш дечко значи машка личност и си со него, и пак ќе кажам мразиш машки:pos: и се што е поврзано со машкиот свет-контрадикторност.
Сакаш да ги зафркаваш луѓето кои што неможат да ја изговорат буквата Р па наместо ципирипикремче пишуваш ципивипиквемче:( некои луѓе плачат за убаво изговарање на „Р„:( и според ова по некој автоматизам доаѓаме до тоа дека се што ќе добиеш несакаш.
Опа стигнавме и до оној дел кој што ја покажува возраста на одреден член т.е. киснењето во играчница, дали е до годините или до толку ви се полни егото кога некој ќе ви даде 10ка по 1 000 000 пат за вашиот потпис, некако ми доаѓа како радост за измислување топла вода:toe:
Одма од играчница се префрламе во општи муабети и пак иста песна, СОВРШЕНСТВО, ОМРАЗА, СОВРШЕНСТВО....
Еве неколку добронамерни советчиња од мене
  • Биди тоа што си, не глуми не е убаво
  • Гледај ги двете страни на светот не само едната
  • Живеј според јинг-јанг:)
  • и тоа би било тоа
искрено малце е ова оф топик....не ми смета тоа што ја отвори темата за Ацид и Скул ама е малце глупаво да се отвори пола саат порано, плус се беше договорено ама ти испадна класичен „партибрејкер„....психоанализава не е лечење на мои комплекси створени од една најобична тема, не сум таков. Не патам од глупости:)Поздравена ми биди ТОЧКЕСТ
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314

1.Не пишувај за некој што не го знаеш.
2.Верувам во природен баланс.
3.Не е твое да ме осудуваш ако се ми е потаман,а не СОВРШЕНО како што гледам милуваш да го кажеш.
4.Ако сакам да не изговарам "Р" како што треба,немаш никакво право да ми забраниш.
5.Болдирано-well you proved me wrong.
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Де бе мавечко, шо се вутиш одма, па овде сите пишуваат за нeкого шо не го знаат, ама пвобвемот настанува кога анализата не им е како од бајките :(
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
И тука завршуваме. Ок?

п.с. Речете ОК... речете ОК....
п.п.с. Ригорозно сериозен сум :)
 
Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Дали ќе може да добијам една психоанализа од Мистичен?:helou::helou:
 
Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
значи пошто никој не ме регистрирал,поточно никоја,јас повторно барам анализа од некоја припадничка на женскиот пол бидејќи имав анализа од машка гледна точка.значи сеедно ми е од кој ќе биде,само нека биде од женско!тенк ју:pipi:
 
Smasher

Професионален молер
Член од
27 јуни 2007
Мислења
811
Поени од реакции
9
Girlll

Во одреден период од моето постоење ја запознав Girlll. Девојка што го познава животот, ги познава и лошите но и добрите работи. Поради тоа таа чекори смело без страв, сигурна во се што прави, без трепет дека животот може на било кој од своите начини да ја изненади. Му фрла поглед, како на нешто секојдневно и му вели те знам те имам прочитано. Низ времето има собрано храброст да се спротистави на секој можен предизвик што може да и се случи, таа не стои таа се движи, таа плива низ океанот наречен живот исполнет како со ведри и мирни денови, така и со громогласни и уништувачки олуи. По душа е човечна, по изглед е огнена. Стои на страната на правдината, непоколебливо. Посветена и успешна, достојна за респект од сите. Уметничка душа, способна е да ја види уметничката убавина во секој составен дел од животот. Девојка која што е незапирлива и нескротлива.
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Нареден кикс, бан од тема.

Анализаторски забелешки може во посебна тема во Чек Дис Аут или по ПП.

Фала на разбирање.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
значи пошто никој не ме регистрирал,поточно никоја,јас повторно барам анализа од некоја припадничка на женскиот пол бидејќи имав анализа од машка гледна точка.значи сеедно ми е од кој ќе биде,само нека биде од женско!тенк ју:pipi:
Еве јас ќе се потрудам

maca_mk...Повеќето постови ти се во играчница...тоа ми кажува дека си личност која повеќе сака да се забавува да ужива го животот и не сака да ги сфаќа работите премногу сериозно.Како и повеќето девојчиња,ја сакаш,ја обожаваш модата и си нејзин следбеник т.е сакаш да си во чекор со новите трендови....Сакаш и добар трач и сеир..Ги обожаваш оние женски вечери,каде што се собирате само женско друштво и кажувате кој со кого итн итн...Сметаш дека додека си млад треба да уживаш во животот,сакаш веројатно што повќее да ја искористиш својата младост.Знаеш да бидеш тврдоглава,но ако е за нечие добро,знаеш и да попуштиш...За љубовта што да кажам...веројатно веруваш во љубов иако знаеш дека се уште ја немаш пронајдено,онака вистински,со сиот нејзин сјај.
 
С

Сатори

Гостин
Фантом да знаеш дека само поради тебе се уклучувам анализава да ти ја направам.
Ветување си е ветување...да почнеме:

Аватар-ова мене ме асоцира на тоа дека сакаш да го контролираш сопствениот живот така како што Мајкал Џексон го контролира танцот.Или можеби само ја покажуваш својата воодушевеност и темпераментност, оптимистичниот дух, комуникативноста.
Освен тоа, го забележав и светлото, дали тоа значи дека сакаш да бидеш во фокусот?

Потпис-Ова треба да кажува дека кулираш?
Мислам дека да.Со главна преокупација дека се само од себе ќе се среди, се ќе биде ОК.Иако тоа може да премине во суетност.

Длабоко во себе се гледа дека сеуште си дете, идеалист, кој морам да признаам ќе го убиев еден временски период, ама ај видов дека си фин, па не сум лута веќе.:smir:
Реметиш, иако не секогаш намерно, но со цел малку да се насмееме.
Полн си со енергија која мораш некаде да ја потрошиш најчесто тука жртва е спортот.
Сакаш да бидеш забавувач, ти лежи тоа и си ја сакаш улогата која знаеш дека е подобро сам на себе да си ја доделиш, неголи да ти ја наметне некој друг.
Понекогаш се забележува дека сеуште се бараш, т.е. бараш место кое ќе биде вистинско за тебе, но треба да сфатиш дека тоа...не постои, сите ние сме вистинското место за сами себе, не ти треба потврда од никој за да бидеш тој што си.
Добро е да бидеш допадлив, но не и да се ризикуваш сам себе заради тоа.
Не сакаш, ама навистина не сакаш, неправда врз некој кој ти е мил или драг, можеби би застанал и во одбрана на некој кој не е способен сам да се одбрани.

Се на се, баш супер личност си...:back:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom