Драгана...Аватар со вампирка.И тебе те влече таинственоста на темната страна.Девојката е со црвен кармин.Тоа веројатно значи дека имаш смел карактер,да не речам борбен и се водиш по импулсите,а не по самиот разум.Не се помируваш лесно со работите,можеби затоа што бунтовничката во тебе не го дозволува тоа.Сакаш правдата да биде задоволена.
Вампирката е во интересна положба.Не тргнува во напад,само малку открива за што се е способна.Ти само им даваш на знаење на твоите непријатели колку си „опасна”.Но превземаш нешто само кога навистина ќе се почувствуваш загрозена.
Зелените очи асоцираат на тајност,интрига.Твојот карактер го откриваш постапно,со мала доза на недоверба кон останатите.Ама еднаш ако некој ја стекне твојата доверба-долго ќе ја има твојата наклонетост.
И потписот асоцира на твојата приврзаност кон мрачната страна.Капки крв-повторно црвената боја,која изгледа има големо значење за тебе.Повторно на виделина излегува твојата борбена природа и непокорливоста.
Од постовите не можам многу да кажам.Искрено,не многу често сум читала постови од тебе кои ми оставиле впечаток.Иако,нормално има исклучоци.
Ангелче-прво да започнам од твојот ник.
Во овој случај,тој може двосмислено да се сфати-како модифицирана форма од твоето име,или пак како се доживуваш ти самата.
Аватар.И ти постојано ги менуваш своите аватари,но сум забележала дека секогаш ти се со иста тематика-невини мотиви,убави девојки,но никогаш обични.И да,скоро сите девојки од твоите аватари се во интересни пози,кои зрачат со сексапил/смелост/шарм.
Еве конкретно сегашниот аватар-девојката како да предизвикува да се зборува за неа,па уште делува горда на тоа.И ти си таква-сакаш да ги предизвикуваш другите,а да бидеш центар на вниманието не ти пречи многу.
Сепак,и покрај сета таа ангажираност околу надворешниот изглед (на кој му придаваш голема важност) покажуваш дека тоа не ти е единствената преокупација.
Потпис.Ноу фешн ноу лајф.Веруваш во тоа дека облеката го чини човекот (не цел,но голем дел од него).Надворешната убавина за тебе е подеднакво важна како и внатрешната.Сепак,според надворешноста,најлесно е да се одреди внатрешната расположба на некој-среден човек,средени мисли.
Имаш истенчет и префинет вкус,не само за мода,туку и за секојдневните работи.Сакаш ред,прецизност,организираност.Неуредност не доаѓа во предвид.
Постови.Знаеш остро да критикуваш кога нешто не е точно.И не се двоумиш да го направиш тоа.
И ти ми имаш оставено впечаток на мало нарцисче.Тоа лесно се воочува од твојот тајтл.Сакаш да ти обрнуваат внимание,а посебно задоволство ти е кога некој те сака (симпатија,да речеме
)