Политички случувања во Израел

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.397
Поени од реакции
5.023
Да го оставиш Катар да го зајакнува Хамас иако контролираш се што влегува и излегува од Газа згора на тоа да викаш дека е добредојдено тоа тогаш станува збор за помагање.
Фаворизирање е ако Израел не може да влијае во Газа па да навива за една или друга опција да дојде на власт.

Па да де, во повелбата на Хамас стој дека Израел треба да се уништи и повикува на џихад.
Не дека и ПЛО не беа за враќање на границите пред 1947 ама не повикуваа јавно на ништење на Евреи.

Хамас му дава одврзани раце на Израел да правиш што сака во Газа и Западен Брег.
Хахах, да, претходно, пред Хамас, Израел немаше одврзани раце и не правеше ништо... хахах.
Види што прави и сега на териториите каде не постои Хамас.

И Израел нема влијание врз Газа, не од политички аспект. Не ни може да има. Што е поентата на целиот муабет.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319

Нормално дека и предтоа Израел со декади си вршеше етничко чистење. Но имаш и мировни договори кои им гарантираа каква-таква автономија на Палестинците во Газа и Западен Брег. Со Хамас на чело на Палестина кој во својата повелба повикува на џихад и уништување на Израел му дава право на Израел да ја уништи и таа мала автономија што ја имаат.
Слободно можат да кажат - ете гледате, им дадовме независност а они повикуваат на наше уништување.

Израел е држава оформена на етничко чистење и геноцид кој е најинтензивен во периодот 1947-1949 кога илјадници Палестинци се убиени а над 750к се избркани од нивните домови на најбрутален начин. Уште пред Израел да прогласи независност и да почне првата војна имаш пола година активно етничко чистење на Палестинци, бројката е околу 100 илјади.

Меѓутоа населувањето почнува уште за време на Отоманската Империја со купување на имоти како браќата кај нас што прават, но тоа е валидна стратегија. Агресијата започнува со потпишувањето на Балфоровата Декларација и кулминира во 1948.
----------------------------------------------------------------------
Иначе за Хаавара Договорот помеѓу Хитлер и Ционистите јас веќе пишував, ама кој да чита. Полесно беше да се измислуваат приказни како тоа дека Муфтијата му го поматил умот на Адолф иако нема врска со реалност и да се игнорира напишаното.
Сега кога дојде јајцето на газот ама јас вака јас така еве како било...
Жално
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.758
Поени од реакции
34.011
Не само од тој, туку дали ја сваќаш поголемата слика на тоа што го зборам, не само од аспект на оваа тема, туку заглавување на оваа семантика во други тематики.
Сите тие работи во светската геополитика не се статични, туку се променливи. Историјата треба да се знае, посебно онаа поновата, но тоа ама баш никако не значи дека работите се дефинирани само според историјата и генезата. Поконкретно: Фундаментално греши секој што историјата на Хамас ја зема како нешто порелевантно од фактот дека откако стануваат релевантни (доаѓаат на власт во Газа), потезите на Хамас повеќе им одговараат на Израел отколку на Палестинците.

Уште еднаш: Откако стануваат релевантни (доаѓаат на власт во Газа), потезите на Хамас повеќе им одговараат на Израел отколку на Палестинците.

Ова е важно и само по себе, а важно е и за муабетов за дигресии и наметнувањето на дигресии како начин/алатка за дефокусирање од важните аспекти (и реалноста).
Автоматски споено мислење:

Уште еднаш ќе го споменам паралелниот пример со Украина. Без да навлегуваме во замката заглавување во дискусии за етничност/државност Украина дефакто и дејуре беше создадена од Советите, претходно непостоечки ентитет од државен па и национален аспект. И таа држава сеедно кој ја создал сега дефакто и дејуре САД ги користат како алатка, а САД немаат ни историски ни никакви врски таму (освено економски и геополитички интереси од најнов датум).
Ова (со Украина) навидум нема врска со Палестина/Хамас, ама дали?
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Како кај сите земји, им одговара кај непријателот (сосед/конкурент) повеќе една политичка опција отколку друга.
И нормално да ја фаворизираат таа страна.
Но тоа фаворизирање не значи помагање/создавање на истата. Во суштина остануваат конкуренти/непријатели.
Кажуваш дека им одговара повеќе партии, разделени да се. Кажуваш дека ја фаворизираат едната страна, а после демек тоа не значело помагање, иако имаш изјави од енглези, ционисти и од јенки дека ги помагале.
Ако им одговара повеќе партии, зашто не би ги помагале, кога им се може?
 
Макед0нер

Red Devil
Член од
7 март 2012
Мислења
756
Поени од реакции
642
NEW: Ceasefire talks between Israel and Hamas have fully collapsed, and the Israeli cabinet decided to not send a negotiation delegation to Cairo anymore
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Сите тие работи во светската геополитика не се статични, туку се променливи. Историјата треба да се знае, посебно онаа поновата, но тоа ама баш никако не значи дека работите се дефинирани само според историјата и генезата. Поконкретно: Фундаментално греши секој што историјата на Хамас ја зема како нешто порелевантно од фактот дека откако стануваат релевантни (доаѓаат на власт во Газа), потезите на Хамас повеќе им одговараат на Израел отколку на Палестинците.

Уште еднаш: Откако стануваат релевантни (доаѓаат на власт во Газа), потезите на Хамас повеќе им одговараат на Израел отколку на Палестинците.

Ова е важно и само по себе, а важно е и за муабетов за дигресии и наметнувањето на дигресии како начин/алатка за дефокусирање од важните аспекти (и реалноста).
Автоматски споено мислење:

Уште еднаш ќе го споменам паралелниот пример со Украина. Без да навлегуваме во замката заглавување во дискусии за етничност/државност Украина дефакто и дејуре беше создадена од Советите, претходно непостоечки ентитет од државен па и национален аспект. И таа држава сеедно кој ја создал сега дефакто и дејуре САД ги користат како алатка, а САД немаат ни историски ни никакви врски таму (освено економски и геополитички интереси од најнов датум).
Ова (со Украина) навидум нема врска со Палестина/Хамас, ама дали?
Еве те сметам за разумен, ајде ти кажи ми дали на Израел и на Евреите им одговара да ја одиграат улогата што ја играат сега на големи стази. Поготово кога тежиштето во светот е размрдано. Ова што Израел го прави е според мене, круцијална, ако не и егзистенционална грешка. И самиот тоа го викаш.
 
Последно уредено:

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.397
Поени од реакции
5.023
Нормално дека и предтоа Израел со декади си вршеше етничко чистење. Но имаш и мировни договори кои им гарантираа каква-таква автономија на Палестинците во Газа и Западен Брег. Со Хамас на чело на Палестина кој во својата повелба повикува на џихад и уништување на Израел му дава право на Израел да ја уништи и таа мала автономија што ја имаат.
Слободно можат да кажат - ете гледате, им дадовме независност а они повикуваат на наше уништување.

Израел е држава оформена на етничко чистење и геноцид кој е најинтензивен во периодот 1947-1949 кога илјадници Палестинци се убиени а над 750к се избркани од нивните домови на најбрутален начин. Уште пред Израел да прогласи независност и да почне првата војна имаш пола година активно етничко чистење на Палестинци, бројката е околу 100 илјади.

Меѓутоа населувањето почнува уште за време на Отоманската Империја со купување на имоти како браќата кај нас што прават, но тоа е валидна стратегија. Агресијата започнува со потпишувањето на Балфоровата Декларација и кулминира во 1948.
----------------------------------------------------------------------
Иначе за Хаавара Договорот помеѓу Хитлер и Ционистите јас веќе пишував, ама кој да чита. Полесно беше да се измислуваат приказни како тоа дека Муфтијата му го поматил умот на Адолф иако нема врска со реалност и да се игнорира напишаното.
Сега кога дојде јајцето на газот ама јас вака јас така еве како било...
Жално
Значи нема никаква причина Израел да го поддржува Хамас имајќи ја предвид историјата дека и без нив си правеле што сакаат со Палестинците?

Благодарам на одговорот, тоа е токму тоа што јас го пишав.

Патем, настрана ова, ако мислиш дека тоа што Израел им го правел на Палестинците е лошо, чекај да дознаеш за останатите држави.
Еве те сметам за разумен, ајде ти кажи ми да на Израел и на Евреите им одговара да ја одиграат улогата што ја играат сега на големи стази. Поготово кога тежиштето во светот е размрдано. Ова што Израел го прави е според мене, круцијална, ако не и егзистенционална грешка. И самиот тоа го викаш.
Реакцијата на Израел е доволен доказ дека зад нападот стои Хамас, веројатно помогнат од Турција/Катар.
Веројатно пресметано и очекувано.
Секако, голем пропуст на Израел за нападот.

Патем со муабетиве си на добар пат да станиш дел од "нафо екипицата". :ROFLMAO:
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Патем со муабетиве си на добар пат да станиш дел од "нафо екипицата". :ROFLMAO:
Јас само го кажувам тоа што го знам, се погодило за регионот да знам ептен многу детали за разлика од просечен Македонец, Не само од перспектива на политика и блиска историја, туку од аспект на малце подалечно минато. А секогаш сум викал, човек без да навлезе назад барем 1200 години во историјата на Блискиот и Средниот Исток, нема шанса да ја разбере комплексноста на сегашноста. Од друга страна работата ми овозможува да ги разбирам методите на пропагандата. Тоа што јас им го давам е на тацна, само треба да знаат добро да го употребат. Ама како што гледам, тешко тоа, нема желба да се учи.
Автоматски споено мислење:

веројатно помогнат од Турција/Катар.
Разузнавачките служби на Турција и Катар се решето во однос на САД и Мосад. Според мене, нема шанси Турција и Катар да знаеле нешто, а тоа да не го дознал Израел, било да е тоа било директно преку нивните служби или индиректно преку службите на САД.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.758
Поени од реакции
34.011
Еве те сметам за разумен, ајде ти кажи ми дали на Израел и на Евреите им одговара да ја одиграат улогата што ја играат сега на големи стази. Поготово кога тежиштето во светот е размрдано. Ова што Израел го прави е според мене, круцијална, ако не и егзистенционална грешка. И самиот тоа го викаш.
Веројатно мислеше „на долги стази/патеки“?

Прво да ги разграничиме Израел и Евреите (овие новите, европските). Израел има еден интерес, а тоа покрај државните интереси се и интересите на нивните бенефактори. Тие интереси се различни од интересите на граѓаните на Израел, Евреите. Тие Евреите треба да се свесни дека после Пакс Американа ќе следи период на торбуленција кој веројатно Израел нема да го преживеат како држава. Да, и покрај оружјето што го имаат.
Прво логистички се во хендикеп без западот. Второ врзани се за финансискиот систем кој ќе колапсира и пред Пакс Американа.

Така да, ова што го прават е грешка. Суштествена и егзистенционална, и фатална грешка... И мислам дека тоа не е по агенда на САД. Извесно е дека газдите им пуштиле премногу долг каиш на Израел. Пошто не ми се верува дека ова е некој 6-де шах со 26 потези унапред предвидено дека ова ќе направи бенефит за газдите. Израел краткорочно и да победи, среднорочно и долгорочно повеќе од сигурно губи.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Така да, ова што го прават е грешка. Суштествена и егзистенционална, и фатална грешка... И мислам дека тоа не по агенда на САД. Извесно е дека газдите им пуштиле премногу долг каиш на Израел. Пошто не ми се верува дека ова е некој 6-де шах со 26 потези унапред предвидено дека ова ќе направи бенефит за газдите. Израел краткорочно и да победи, среднорочни и долгорочно повеќе од сигурно губи.
Тоа значи дека Хамас добро и пресметано го направил ова што го направил. А тоа значи дека на Хамас, како чедо на Муслимански Браќа, главна цел им е да го уништат Израел, па ако треба преку телата на Палестинските деца.

Сега кога ги гледаме мотивите/резултатите, уште ли мислиш дека нападот на Хамас е самоубиствено дело на Израел?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.758
Поени од реакции
34.011
Тоа значи дека Хамас добро и пресметано го направил ова што го направил. А тоа значи дека на Хамас, како чедо на Муслимански Браќа, главна цел им е да го уништат Израел, па ако треба преку телата на Палестинските деца.

Сега кога ги гледаме мотивите/резултатите, уште ли мислиш дека нападот на Хамас е самоубиствено дело на Израел?
Краткорочно сите изгледи се дека етничкото чистење ќе успее. Прашање е само дали целосно или делумно. Кога ќе заврши ова ако нема целосно етничко чистење, на западниот брег ќе останат само уште неколку населби на граница со Јордан, а од Газа ќе остане уште помал дел. После неколку години публицирање беда западните држави ќе ги приберат повеќето/сите.
Значи Хамас само прави полошо за Палестинците. Арафат ги разбрал работите, со малку стрпливост нивните потомци ќе го видеа крајот на окупаторите и без вакви жртви и беда.

Тоа за Палестинците... Израел е осуден на пропаст уште при генезата. Израел не е направен за да успее како држава, туку како алатка за контрола на регионот. Алатка која е корисна само додека може да се одржува во живот. Израел е зависен од подршка без која не можат да преживеат... Тоа ќе се случи со или без Хамас. Разликата е само колку ќе страдаат Палестинците, и колкав процент од нив ќе завршат во Европа таму да прават бељи.
Автоматски споено мислење:

уште ли мислиш дека нападот на Хамас е самоубиствено дело на Израел?
Им ги пружија ите услови што можеа да ги направат за да успеат во правење белја. Не може да биде случајно тоа, Израел се се ама не се дилетанти кои не гледаат под нос дека им спремаат нешто како 7-ми Октомври.

Да резимирам. Хамас си ги играат како корисни идиоти какви се. Од друга страна Израел што и да направи на тактички план (а прави), на стратешко ниво нема ресурси и можност да биде долговечен како држава. Војнава ќе им го продолжи животот, но крајно ништо не може да ги спаси.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Хамас се опасна структура, која има играно опасни игри во минатото. Воопшто не се за подценување. Подценувањето види каде го однесе западот во Украина. Не се воопшто идиоти, туку се една од најопасните ударни алатки на Муслимански Браќа. Корисни идиоти се оние Палестинци кои слепо го следат Хамас, се жртвуваат за нив и гласаат за нив на избори.

Хамас за муслимански браќа се слично како што се Хезболах за Иран.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Прво да ги разграничиме Израел и Евреите (овие новите, европските).
Има една интересна работа што многу малку некој обрнува внимание, кога се фаќа во замката на „Хазарскиот речник“. Дали знаеш на пример колку Евреи во Израел се со потекло од муслимански земји, доселени претежно после 1948 (најчесто протерани) ?

До пред 1990 кога Советски Сојуз се распаднал, поголемиот дел од Евреите во Израел биле по потекло од Муслиманскиот свет, мислам дека најголемиот погром се случил за време на првиот Арапско-Израелски конфликт 1948. Моментално бројот на Евреи што потекнуваат од муслиманскиот свет е 45%, 45% се од тие што ги викаш Европски (СССР, Европа, Америка) и останатите се Етиопски и мешани.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.397
Поени од реакции
5.023
Разузнавачките служби на Турција и Катар се решето во однос на САД и Мосад. Според мене, нема шанси Турција и Катар да знаеле нешто, а тоа да не го дознал Израел, било да е тоа било директно преку нивните служби или индиректно преку службите на САД.
Арапскиот свет предводен од С. Арабија, последните години со покровителство од САД е во фаза на зближување на односите со Израел, потег кој не им е од полза на Турците/Катар на долгорочен план.
С. Арабија е непријател на Турција/Катар.
Турците имаат многу блиски односи со Палестинците, особено Хамас. Нивни борци беа обучувани во Турција со финансиска помош од Катар.
Хамас е финансиран од Катар.
Со други зборови, Хамас е алатка на Катар/Турција во остварувањето на нивните интереси.
Можеби и најверојатно Катар/Турција не се виновни директно во нападот, но и тоа како ги имаат насочено работите во нивна корист.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Арапскиот свет предводен од С. Арабија, последните години со покровителство од САД е во фаза на зближување на односите со Израел, потег кој не им е од полза на Турците/Катар на долгорочен план.
С. Арабија е непријател на Турција/Катар.
Турците имаат многу блиски односи со Палестинците, особено Хамас. Нивни борци беа обучувани во Турција со финансиска помош од Катар.
Хамас е финансиран од Катар.
Со други зборови, Хамас е алатка на Катар/Турција во остварувањето на нивните интереси.
Можеби и најверојатно Катар/Турција не се виновни директно во нападот, но и тоа како ги имаат насочено работите во нивна корист.
Имајќи во предвид дека на Ердоан духовен татко му е Хекматјар, еден од најпрагматичните исламистички лидери, не би ја исклучил оваа можност. Само сеуште мислам дека државните безбедносни структури на Турција биле надвор од оваа операција. Ако била Турција тоа биле преку далеку посуптилни канали, да речеме „дип стејтот“ околу Ердо.

Штетата на Израелската влада од „незнаевме“ е многу поголема од самото изненадување, тоа го прави Биби најнеспособниот Израелски премиер во историјата, затоа мислам дека Израелците навистина не знаеле. Или може ако знаеле, знаела само онаа струја на која и одговарал нападов. Не е дека немало такви примери во минатото.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom