ке се апси и во МПЦ

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
ке дочекаме ли... конечно, после многу афери и многу проневери..провладиниот вечер најавува одговорност и за МПЦ

Која е улогата на Калиа ДООЕЛ во случајот Изгрев?
Она што засега ги поврзува оваа компанија и Миладинов ДОО, е името на Димитар Белчовски. Во Калија фигурира како директор, а во заедничката фирма со Миладинови, како претставник на МПЦ

Колку компании во приватна сопственост поседува Македонската православна црква? Која е нивната улога? Се вршеле ли сомнителни трансакции преку нив? На овие прашања никој во МПЦ не сака јавно да зборува. Македонските владици официјално велат дека не знаат ништо. По Миладинов ДОО, фирма каде што Црквата е косопственик со 30 проценти, а за која МВР потврди дека најголем дел од кредитите за Изгрев биле испрани токму преку оваа фирма, Вечер откри уште една компанија во сопственост на Македонската православна црква. Поточно, на Скопската Митрополија.
Станува збор за КАЛИА ДООЕЛ. Приватна фирма, регистрирана со седиште во Македонската Архиепископија. Во централниот регистер како единствен сопственик фигурира МПЦ - преку скопската епархија. Таа е и основач и сопственик со паричен влог од 176.000 денари.
Најинтересен детаљ е името на управителот. Случајно или не, повторно тоа е финансискиот советник на Архиепископот, Димитар Белчовски. Неговото име во централниот регистар е заведено како претседател на Управниот одбор со неограничени овластувања во внатрешниот и надворешниот трговски промет.
Компанијата е регистрирана на 5 декември 2001, како друштво за туризам, деловни услуги и хотелиерство. Извесен период, според сознанијата на Вечер, преку оваа компанија се вршени сите набавки за потребите на хотелите Изгрев и Бисер. Сепак во централниот регистер е евидентиран и промет од надворешно-трговска дејност.
Компанијата се уште има статус на активна, иако во Управата за јавни приходи, како депонент се јавува Македонска банка.
Она што засега ги поврзува оваа компанија и Миладинов ДОО, е името на Димитар Белчовски. Во Калија фигурира како директор, а во заедничката фирма со Миладинови, како претставник на МПЦ.
Каква е улогата на оваа фирма во црквата? Имало ли сомнителни трансакции? Знаел ли Архиепископот за оваа и за евентуално други фирми регистрирани во МПЦ, за низа други прашање, одговор засега нема.
Министерството за внатрешни работи, во кривичната пријава што завчера ја поднесе за Изгрев, оваа команија не ја спомена како една од оние приватни фирми на чии сметки биле прфрлани парите од кредитите. Но нема ниту информации дали КАЛИА ДООЕЛ била предмет на истрага?
ИСТРАГАТА МОРА ДА ПРОДОЛЖИ И КОН ЦРКВАТА
Истрагата за Случајот Изгрев, кој доби квалификација како еден од најголемите случаи на перење пари и измама во Македонија, мора да се прошири и на Македонската православан црква. Дел правни експерти по кривично право, тврдат дека Црквата
мора да биде предмет на истрага по најмалку два основа. Едниот е што таа е косопственик на фирмата Миладинов ДОО, преку која се вршело перењето на парите, и вториот елемент е што предмет на кредитни задолжувања бил токму имот сопственост на МПЦ.
Експертите посочуваат дека истражните органи не треба да имаат никаква толеранција во случајот иако станува збор за верска институција.
-Точно е дека верските институции се независни и во финансиите и во управувањето. Во случајот нема проневера на државни средства или пак, злоупотреба на државен имот. Но според кривичната пријава на МВР, основата на криминалот бил перењето на пари. Многу често во светот, токму верските заедници се користат како институции преку кои се вршат нелегалните трансакции. И затоа Црквата мора пред истражните органи да ја објасни нејзината улога, вели еден професор по кривично право.
 
H

HITCH

Гостин
Редно е нив да ги подберат срам и навреда е овие глупости што ги прават
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Молкот кој го сервира МПЦ, само и штети.
А, таа како институција, не е над законот.
Затоа мора да се продолжи со истрагата.

Жално е што црквата, како тело кое може да биде обединител на нашиот народ, е вплеткана во афери.
Преку нив, ги брка верниците од себе. Па, што побрзо се дознае вистината, тоа поскоро ќе може да имаме духовен дом, наместо трговско претпријатие, со сомнителни дејанија.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Црквата секаде е над законот така да не се надевајте (пре)многу.

Ништо нема да бидне.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Црквата секаде е над законот така да не се надевајте (пре)многу.

Ништо нема да бидне.
Даааа, ама и ГОСПОД ...гледа.. :) може и Габриела да го прати во некои посети...протоколарни..:)
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Ќе падне на Уставен. :pos2:
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Даааа, ама и ГОСПОД ...гледа.. :) може и Габриела да го прати во некои посети...протоколарни..:)
Габриел подобро да не им се приближува премногу и него ќе го корумпираат. Јадачки, пијачки па ако му понудат и нешто гага паричка ќе заборави и зашто дошол :wink:.
 
Член од
22 јули 2008
Мислења
819
Поени од реакции
26
Redno bese da se turi red i vo MPC i da se apsi sekoj sto ucestvuval vo matnite raboti okolu hipotekite i so hotelite izgrev i biser.
No ne da se zastane na toa tuku da ispituvaat site afericki vo koi ucestvuvala i ucestvuva MPC i nejzinite vladici bidejki od niv mafija pogolema zdraavje.
MPC place za celosna fiskalizacija bidejki vaka ne odi tie da bidat nad zakonot kako za site taka i za niv i redno e da se napravat presmetki za da se doznae kolku pari vlegle vo MPC i na sto se potrosile istite pari i na koji smetki otisle vo stranstvo!!!

Samo sto ne veruvam deka nekoj od aktuelnata vlada ke ima muda da stori takov poteg i da se presmeta so mafijata vo MPC bidejki sponata pomegju Politicarite i MPC e mnogu cvrsto splotena i ednite i drugite si pravat dilovi i sorabotuvaat vo mnogu nelegalni operacii najcesto vo perenje pari.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
off кој е Габриел

он срамно е ова :kesa:
Еден тип со крила. Жесток момак.
како бе не знаеш кој е?:S

Не е срамно, колку што е тажно ова.
Тажно е, затоа што преку афериве, место да обединуваат Македонци, бркаат верници од себе.
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Еден тип со крила. Жесток момак.
како бе не знаеш кој е?:S

Не е срамно, колку што е тажно ова.
Тажно е, затоа што преку афериве, место да обединуваат Македонци, бркаат верници од себе.
Верниците имаат во кого да веруваат. Свештените лица се некој тип на медиум помеѓу „возвишеното“ и народот. И се исто така - народ. А секој народ е подложен на закон и на правда. Пеќи, бил владика. Ако бил толку возвишен, шо мајка барал да се алчит до толку? Од друга страна, не му текнало да си речит:„ќе одам во пеколот“? Или и нив (повторувам, како и на сите други), им барат г’зот мас...?

Баш сеа Ада се покажвит вера. Кој си е верник, ќе си останит, и нема да коментират против верата, туку против корумпираното свештенство, како институција. А нив, ако грешеле - алаврсан од џипој пред Судска палата да ги вадат, и Велија пак на то пари да прает.
 
N

n/a

Гостин
GABRIEL...
многу КОНКРЕТЕН и директен момак...
(како и повеќето мои идоли)
:toe:
За разлика од еден друг кој што те нешто те искушуе,те нешто те теши...
за на крајот така поебан коске да идеш у идилично досадно место...
кај шо све е зелено и сите одмараат.
(батали... не е мој тип)

I`m in love with ... Gabriel. :back:
http://uk.youtube.com/watch?v=KMdKV9_mAxc
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Верниците имаат во кого да веруваат. Свештените лица се некој тип на медиум помеѓу „возвишеното“ и народот. И се исто така - народ. А секој народ е подложен на закон и на правда. Пеќи, бил владика. Ако бил толку возвишен, шо мајка барал да се алчит до толку? Од друга страна, не му текнало да си речит:„ќе одам во пеколот“? Или и нив (повторувам, како и на сите други), им барат г’зот мас...?

Баш сеа Ада се покажвит вера. Кој си е верник, ќе си останит, и нема да коментират против верата, туку против корумпираното свештенство, како институција. А нив, ако грешеле - алаврсан од џипој пред Судска палата да ги вадат, и Велија пак на то пари да прает.
Јасно ми е бе пријателе.
Правиот верник верува, без разлика кој е во црквата и каква е таа ко институција.

Али, пошо црквата треба да биде местото каде што сите верници ќе се соберат, симболот на нивното заедништво, како може да биде таква, ако е корумпирана и подложна на човечки слабости?
Во тој случај, верниците ќе се отргнат од неа како инснтитуција.

А, за плукање на верата поради свештенството...Тоа е, најблаго кажано, затуцана и сељачка работа.
Кој крева раце од верба, поради корумпирани членови на црквата, која е световна институција...тој не бил воопшто верник.
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Али, пошо црквата треба да биде местото каде што сите верници ќе се соберат, симболот на нивното заедништво, како може да биде таква, ако е корумпирана и подложна на човечки слабости?
Во тој случај, верниците ќе се отргнат од неа како инснтитуција.
Ми беше зборот, пријателке...ние верниците ја гледаме црквата како „божји дом“, и најчесто таму бараме момент на душевен мир. Затоа се збираме таму. Грешиш во еден поим - црквата не е институција. Само таа, каква што е и во какво време што егзистира, има потреба од генерирање на институција. Таа институција е во тесна врска со свештенството. Таа институција, собрание, синод, крсти како ти е по волја, е абилна за корупција. Институција = физичко лице. И е подложна на закони...покрај на оние божјите, и на овдешниве, земскиве.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ми беше зборот, пријателке...ние верниците ја гледаме црквата како „божји дом“, и најчесто таму бараме момент на душевен мир. Затоа се збираме таму. Грешиш во еден поим - црквата не е институција. Само таа, каква што е и во какво време што егзистира, има потреба од генерирање на институција. Таа институција е во тесна врска со свештенството. Таа институција, собрание, синод, крсти како ти е по волја, е абилна за корупција. Институција = физичко лице. И е подложна на закони...покрај на оние божјите, и на овдешниве, земскиве.
Да, генерира иснтитуција. И како таква, потпаѓа под корупција и е подложна на земни закони. И баш тој нејзин дел, односно световниот, ќе се истражува и суди на световен суд, ако е потребно.

И зборот ми беше, дека проблемот настанува кога Христовото тело, неговиот дом, почнува да бива разјадуван од земни пороци, односно кога духовната и институционалната природа на црквата ќе се измешаат...
Па, просечен верник, почнува да гаи сомнеж за таквата црква. Во неговите очи, ни духовните оци, ни ништо кое излегува од црквата, не може да биде чисто и свето, како што треба да биде. Па, се повлекува од истата.

И тоа ме разжалостува. Што луѓето, поради ваквите случувања, како аферава, ќе почнат да си градат резерва и дистанца кон нашата МПЦ. И во нивните очи тоа ќе биде оправдано.

А, што се однесува до мене...Ма, какви и афери да извади МПЦ, јас одбирам да бидам дел од нејзините храмови и служби. Го дистанцирам световното од духовното и знам дека, и покрај се, во МПЦ има прекрасни луѓе, вистински Божји чеда.
Но, тој резон нема да го има секој.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom