Yann Tiersen

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Побарав во подфорумов, но не успеав да најдам тема за со сигурност еден од најголемите генијалци во музиката денес и во севкупното музичко творештво воопшто. Сигурен сум дека многумина од вас имале допир со неговите звуци, особено oние страствените љубители на добри филмови, бидејќи не ретко станува збор за композитор кој знае да вмеша прсти и со својот специфичен стил на музицирање да успее да го подигни филмот на повисоко рамниште, доловувајќи ја вистинската емоција на вистински начин. Тирсен е еден од ретките музичари кој можам да го слушам во секое време и секаде. Успева да ти креира амбиент во дел од секундата со отчукувањето на првиот звук од песната.

Станува збор за современ француски композитор, страшен мулти-инструменталист. Својата светска слава ја стекнува со компонирањето музика за прекрасниот филм Чудесната судбина на Амелиja Пулен (Amelie) Aко земеме да ја анализираме неговата музика, ќе дојдеме во состојба каде ќе треба да разложуваме многу инструменти во една композиција, меѓу кои гитара, виолина, детски клавир, клавичембало, синтисајзер, виола, машина за пишување, хармоника, бузуки, укулеле, мандолина, саксофон, кларинет, обоа, тапани,........Интересен е податокот што Тирсен и самиот е страшен музичар на сите овие инструменти поединечно. Често пати можеме да слушнеме како музичките критичари го нарекуваат ,, Бетовен на новата ера".

Роден е во 1970 година во Франција. Најголемо влијание за овој генијалец имаат два бендови, Joy DIvision и The Stooges. Често пати знае да проговори како овие бендови одиграле најголемо значење во попримањето музичко влијание и едукација од надворешниот музички свет. Да компонираш класична музика во која е протнат шмекот на шансоните, додека во позадина одвреме-навреме се развлекува по некој од елементите на Дивижн, и не е така секојдневна појава.

Во Франција својата слава ја стекнува по издавањето на третиот албум Le Phare, додека славата надвор од Франција ја стекнува по компонирањето музика за филмот кој го споменав претходно.
На 4 години започнува да учи пијано, додека на 6 започнува да учи виолина, за потоа да го продолжи своето музичко образование на музичките академии во Болоња, Рен и Нант. На 13 години, ја ака виолината од патос, купува електрична и формира рок бенд. Ваквата тинејџерска лудост трае неколку години, до престанокот на бендот.
Препознатлив е по тоа што соработува со легендарната група Noir Desir(по страшен бенд, кој не слушал да слуша), каде свири електрична гитара, виолина, бас гитара и други инструменти.
Освен за Амелија, негова музика ќе најдете и во филмот Good bye Lenin.

Чоеков соработува со многу музичари, не само од Франција. Би го издвоил фронтменот на Tinderstricks, Стјуарт Стејплс, бенд кој се слуша тука на кајганава.
Не знам што би додал, освен дека станува збор за неповторлива музичка фигура на која многу тешко ќе и најдете копија, фигура која зрачи со оригиналност, емотивност, меланхолија, по малку депресивност, од друга страна фигура која знае да ги нацрта боите на природата, да ги разигра во вашите сетила, да ги осетитите и видите преку своите уши, да ги доближи до вас, да ве натера да живеете и да бидете радосни за секој изминат ден.

Го препорачувам за патување, онака низ автобус, си патуваш, си гледаш некаде во далечините на својот видик и слушаш мелодија која дава живост на предметите.
Откако го дознав, мислам дека со сигурност 3 недели го прегрејв на звучници. Ако и дозволиш на оваа музика да влезе под кожа, бркање не барај, откажување уште помалку. Носи ја со здравје чивијата за навек.





И ова е видеото во кое се прави партали со инструментите.

 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.360
Поени од реакции
2.175




Совршенство...

Се` уште не можам да си простам што го пропуштив концертот во Солун, којзнае дали ќе ми се пружи таква прилика пак.
 

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
turvior секоја чест за темата, звер е батката еден период на мемориска само ова имав....стварно знае да го опушти човек оваа музика :)
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Абе, не само Good bye Lenin, Treverse и Le retrouvailles итн.

Од мене ова:




Има уште многу, ама овде ќе застанам вечерва.
Јан Тирсен е фантастичен автор. That far is for sure.

П.С. Бонус лента:
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Најубава ми е La Noyee, глеам ставена е тука веќе. Ја вчера се упознав со типов. Да кажам еден збор за него, маестро.
љубов водење со виолината, лелеј
--- надополнето: 28 септември 2013 во 01:59 ---
оваа ми е посебно убава
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Тука има sigur ros елемент! Или па обратно е, ама тај е тај звук..
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Изведбава е дрк дрк во буквална смисла.

Еден од чоеците кои со задоволство ќе го фалам(здравје) на внуци, деца и остала мала багра која треба да следува во иднина.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom