Wimbledon 2016

Кој ќе го освои Wimbledon 2016?

  • Новак Ѓоковиќ

    Гласови: 33 39,3%
  • Енди Мареј

    Гласови: 12 14,3%
  • Роџер Федерер

    Гласови: 21 25,0%
  • Некој друг

    Гласови: 5 6,0%
  • Серена Вилијамс

    Гласови: 6 7,1%
  • Гарбињ Мугуруза Бланко

    Гласови: 6 7,1%
  • Петра Квитова

    Гласови: 2 2,4%
  • Некоја друга

    Гласови: 5 6,0%
  • Кур ќе освои Ноле

    Гласови: 17 20,2%

  • Вкупно гласачи
    84
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555


Стигна конечно и Вимблдон. Оваа година негово јубилејно 130 издание, турнир кој има преживеано 2 светски рата, преживеано поплави како оние библиските, финалиња во понеделник, па и шампиони во вид на Енди Мареј :icon_mrgr:



Пред нас имаме натпреварување од 14 дена во All England Club. Централниот терен е спремен да ги угости сите најдобри тенисери од машка и женска категорија, а централниот има и кров ( па и свој личен твитер налог :icon_lol:) и е спремен дури и во недела да се одигра финалето :D. Битно е што и да има киша увек ќе гледаме барем еден меч дневно на тој централен терен со 15.000 седишта.



Што се однесува до историјата Вилијам, Реншо, Пит Сампрас и Роџер Федерер се со по 7 титули во машка конкуренција. После 2001 Сампрас му ја предаде штафетата на Роџер и овој продолжи со неговите титули на Вимблдон :D. Вредно за споменување се и 5 последователни титули на Бјорн Борг, чија слава ја достигна само Федерер.

Кај дамите се истакнува само едно име во ерата на аматерскиот тенис, Британката Хелен Вилис, а во open ерата легендарната Мартина Навратилова. Првата има освоено 8 наслови, втората 9 ( а Навратилова има 7 пехари и во дубл). Легендарниот Австралиски пар Вудфрид/Вулбриџ, кои харале едно време на Вимблдон, својата слава ја стекнале токму на терените на all england club.




За оваа сезона имаме еден главен фаворит - минатогодишниот шапион и троен шампион тука - Новак Ѓоковиќ. Од неговите предизвици ке ги издвоиме Роџер, кој речиси од јануари нема ни играно озбилен тенис, али со 7 титули на Вимблдон, Роџер секогаш ке биде фаворит на Вимблдон па макар и од сенка, (10% шанси за титула).

Енди мареј, шампион од 2013, кој му дишеше на Ѓоковиќ во врат на неколку турнири оваа година, кој и не претставуваше некоја закана кога Новак играше на максимум број обртаји, на него ке му дадеме 15% шанси. Занимливо ќе биде да се испрати што можат да сторат младите надежи во вид на Зверев и нешто постариот Тим. Оваа година на турнирот нема да учествува големиот шампион Рафа Надал кој поради повреда мораше да се повлече.


Шампион машка конкуренција 2015 година



Новак Ѓоковиќ - Роџер Федерер 7-6(1), 6-7(10-12), 6-4, 6-3;


Во конкуренцијата кај дамите за разлика од минатата година каде што главен фаворит беше Серена Вилијамс, оваа сезона ситуацијата е таква што минатогодишниот Вимблдон е уствари нејзината единствена титула од тогаш наваму на гренд слемите. Овој Вимблдон посакува да го освои повеќе од било што и да се изедначи на листата со Штефи Граф. На тој пат најозбилна препрека може да и биде Гарбињ Мугуруза Бланко,а на Вимблдон секогаш е опасна и Петра Квитова, која е и двојна шампионка. Жребот кај дамите е секогаш отворен за изненадување, па можеби оваа година ќе имаме некоја нова Мерион Бартоли на тронот.


Шампион женска конкуренција 2015 година


Серена Вилијамс - Гарбињ Мугуруза 6:4, 6:4;


Шампиони машки дубл 2015 година


Жан Жулијан Рожер/Хорија Текау - Џејми Мареј/Џон Пирс 7-6(5), 6-4, 6-4;


Шампионки женска дубл конкуренција 2015 година


Мартина Хингис/Сања Мирза - Екатерина Макарова/Елена Веснина 5-7, 7-6(4), 7-5;

Шампиони микс дубл 2015 година


Леандер Паеш/Мартина Хингис - Александар Пеја/ Тимеа Бабош 6-1,6-1;


Веќе ги имаме и двата главни жреба за оваа година

Maжи

Жени

За оние кои ги интересираат и некои други ствари

Официјален сајт на турнирот


Распоред по денови

Резултати во живо

Финиширани натпревари

Твитер

Фејсбук

Јутуб канал

Инстаграм

Тоа би било тоа, ни следуваат интересни 14 дена, па нека победи најдобриот!
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
9.998
Поени од реакции
6.023
Ќе го исплеска у 1/2, па у финале ќе си тепа со кој и да игра и иде на 18-ка, пошо кога играат у финалиња последно време си губи лагано. :D
Време е да падне комшијата, доста му се 4(сите) по ред.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Ноле - Мареј финале очекувам, едноставно нема кој да им парира во последно од другиве тенисери. Единствено ако имаат некој одличен ден сервериве како Раонич, Киргиос, Бердих, Цонга.. па да направат некое изненадување, ама тешко.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Ноле - Мареј финале очекувам, едноставно нема кој да им парира во последно од другиве тенисери. Единствено ако имаат некој одличен ден сервериве како Раонич, Киргиос, Бердих, Цонга.. па да направат некое изненадување, ама тешко.
Да де, оти Раониќ, Кирјос, Бердих и Цонга имаат поголема шанса за победа него Роџер.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.794
Поени од реакции
15.819
Па реално и имаат.
Сега колку може да парираат во пет сета не знам, ама и колку Федерер е способен да игра исто во пет сета тоа е дискутабилно.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.035
Поени од реакции
6.633
Да де, оти Раониќ, Кирјос, Бердих и Цонга имаат поголема шанса за победа него Роџер.
ако ги гледаш последните настапи на Роџер на трева ќе ти биде многу јасно какви се работите
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Да де, оти Раониќ, Кирјос, Бердих и Цонга имаат поголема шанса за победа него Роџер.
Федерер е многу лош во последно, да бидеме реални. Овие неколку натпревари што ги одигра на трева, личеа на егзибициони. Се обидува што е можно повеќе да ги крати поените, не трча премногу. Ако игра така и на Вимблдон, ништо не прави. Ќе видиме како ќе изгледа на Вимблдон.

Овие тенисери ги набројав само заради што со некоја луда партија, со добро сервирање би направиле некое изненадување.
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555
Азаренка не игра на Вимблдон поради бол во коленото.
 
Член од
18 ноември 2010
Мислења
436
Поени од реакции
135
Зошто нема опција Кур ќе освои Ноле во анкетата?
Јас пред десетина дена напишав ваков краток текс само што наместо Новак пишав дека Надал к*р ќе освои и замисли добив 10 дена бан и тоа од King of Clay и плус добив предупредување дека перманентно би можел да бидам баниран за вакви реченици. А пред тоа дваесетина пати ова беше напишано за Новак. Изгледа фановите на Надал имаат посебни привилегии на подфорумов. А плус ги ставаат и за модератори.
:ban::ban::ban::ban::ban::ban::ban::ban::ban::ban::ban:
:bravobe::bravobe::bravobe::bravobe::bravobe::bravobe::bravobe::bravobe:
 
Последно уредено:

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Абе така и лани викавте дека никој неможи да го победи Новак па за малце од Андерсон ќе го јадеше стапот..тревата е заебана подлога за фаворитите,посебно ако се погоди некој заебан сервер
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.870
Поени од реакции
7.268
Абе така и лани викавте дека никој неможи да го победи Новак па за малце од Андерсон ќе го јадеше стапот..тревата е заебана подлога за фаворитите,посебно ако се погоди некој заебан сервер
А го победи или не? :D[DOUBLEPOST=1467016296][/DOUBLEPOST]
Абе така и лани викавте дека никој неможи да го победи Новак па за малце од Андерсон ќе го јадеше стапот..тревата е заебана подлога за фаворитите,посебно ако се погоди некој заебан сервер
А го победи или не? :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom