Vtora Svetska Vojna

Дискусија во форумот 'Историја' започната од deefacto, 1 февруари 2011.

  1. deefacto

    deefacto

    Член од:
    31 јануари 2011
    Мислења:
    5
    Допаѓања:
    1
    Германската воена стратегија била преземена од Хитлер. Кога успешната кампања против Полска не успеала да го произведе посакуваниот мир со Британија, тој и наредил на германската армија да се припрема за офанзива кон западот. Лошото време направило некои од неговите неподготвени генерали да ја одложат офанзивата. Ова водело кон две огромни промени во плановите. Првата промена била хитлеровата наредба да попречи евентуално британски претседател во Норвешка на тој начин што би ги окупирал Норвешка и Данска во април 1940. Хитлер имал лични интереси во оваа операција. Од тој момент па натаму неговата интервенција во деталите на воените операции пораснала. Втората промена била прифаќањето на планот за напад преку Ардените на генералот Ерик вон Маштајн кој започнал на 10 мај. Ова бил брилијантен план и почетокот на успехот на Германија. Германската војска сигнала до каналните порти, каде што не успеале да стасаат во првата светска војна, за време од 10 дена. Холандија се предала по 4 дена, а Белгија по 16 дена. Хитлер ги задржал тенковите на генералот Карл вон Рундштед јужно од Дункирк, што им овозможило на британските војски да се евакуираат. Меѓутоа западната кампања во целост била неверојатно силна. На 10 јуни Италија влегла во војната на страната на Германија. На 22 јуни Хитлер триумфално и одмазднички го прифатил и потпишал договорот за капитулација на Франција во истата просторија од истиот вагон од истиот воз на истото место каде што Германија потпишала капитулација кон крајот на Првата светска војна.
    Хитлер се надевал дека Британците ке сакаат да преговараат за примирје. Но тоа не се случило, па тој продолжил со неговиот план за инвазија на Британија и елиминација на британската воена сила. Во исто време почнале и подготовките за инвазија на СССР, кои според Хитлер, биле последна надеж за Британската заштита од контролата на Германија над континентот. Потоа Мусолини извршил инвазија врз Грција, каде што поразите на италијанската армија ги намамиле германските сили да дојдат на Балканот но и во Северна Африка. Хитлеровите планови биле нарушени од страна на Југославија во март 1941 на тој начин што била отфрлена владата која имала склучено договор со Германија. Хитлер веднаш и наредил на германската армија да ја покори Југославија. Нападите на Медитеранот, иако успешни, биле ограничени, споредувајќи ја инвазијата на СССР.
    Нападот врз СССР започнал на 22 јуни 1941 година под името Барбароса. Германската армија многу брзо навлегувала на територијата на СССР, заробувајќи околу 3 милиони Руси, но не успеала да го победи противникот. Хитлер станал арогантен кон своите генерали. Тој не се сложувал со нив во врска со главниот напад, и го трошел своето време и сила на концентрирање во една единствена цел. Во декември 1941, неколку милји пред Москва, контраофанзивата на Црвената Армија конечно му докажала на Хитлер дека неговите планови не можат да бидат реализирани.
    На 7 декември, Јапонија ја нападнала американската поморска воена база, Перл Харбор. Хитлеровиот сојуз со Јапонија го натерал да им објави војна на САД. Од тој момент целата негова стратегија се променила. Тој се надевал и пробал (како неговиот идол Фредерик II Велики) да го скрши она што мислел дека е надприродна коалиција на неговиот опонент на тој начин што сакал да го натера еден од нив да склучи примирје со Германија. Неговиот план за растурање на надприродната коалиција меѓу Сталин, Черчил и Рузвелт се остварил, но дури по Втората светска војна кога веќе било предоцна за Хитлер. Тој исто така наредил и реорганизација на германската воена економија.
    Во меѓувреме, Химлер ја подготвувал земјата за нова распределба на Европа. Од 1933 до 1939 а во некои барања дури и за време на првите години на војната, Хитлер правел планови да ги избрка Евреите од Големиот Германски Рајх. Во 1941 неговиот план за бркање на Евреите се променил во план за чистење на Евреите. Концентрационите логори кои ги создал под нацистички режим биле проширени и вклучувале уништувачки кампови, како Аушвиц, и мобилни бригади за чистење како што била Ајнсатз-групата. Дури и католиците, Пољаци, Роми, хомосексуалци, и хендикепираните биле мета на прогонување. Дури 6 милиони Евреи биле убиени за време на војната. На крајот на 1942, поразот кај Ел Аламеин и Сталинград како и пристигнувањето на американските трупи во француска северна Африка придонеле до пресвртница во војната. Со ова почнал да се менува и карактерот на Хитлер. Тој почнал да ги предводи операциите на исток од главните штабови, одбил да ги посети бомбардираните градови или да дозволи повлекувања, станал зависен од неговиот психијатар, Теодор Морел, и бил под медикаменти. Сепак Хитлер не ја изгубил моќта да реагира енергично.
    По апсењето на Мусолини во јули 1943 и италијанската капитулација, тој не само што наредил окупација на сите важни позиции окупирани од италијанската армија, туку исто така и наредил да се спаси Мусолини, со намера да биде премиер на новата фашистичка влада. На источниот фронт, имало се помалку и помалку можност да биде под офанзива на германската армија. Односите со неговите коаманданти на армијата станале напнати, се повеќе и повеќе со растењето на важноста на СС дивизиите. Во меѓувреме неуспехот на мисијата на У-бродот како и бомбардирањето на Германија многу ги намалиле шансите за победа. Очајните офицери и анти-нацистичките цивили се спремале да го отстранат Хитлер и да преговараат за мир. Биле планирани неколку обиди во периодот од 1943-1944; најблиску до успехот бил оној на 20 јули 1944 кога Колонел Клаус вон Стауфенберг подметнал бомба на конференцијата во хитлеровиот штаб во Источна Прусија. Но Хитлер се извлекол без големи повреди, и со неколку исклучоци, сите кои учествувале во тој план биле убиени.
    Намалувањето на независноста на неговата армија било комплетно; Национал Социјалистичките политичари биле избрани за сите воени штабови. Потоа Хитлер се разболел, но не се одморал, ниту губел контрола, и продолжил да вежба скоро хипнотичка моќ кон неговите потчинети. Сојузната инвазија над Нормандија (6 јуни 1944) го обележила почетокот од крајот на војната. За неколку месеци, 8 европски главни градови (Рим, Париз, Букурешт, Софија, Атина, Белград, Хелсинки) биле ослободени од сојузниците или се предале на нив. Во декември 1944 Хитлер ги преместил неговите штабови на запад за да организира офанзива на Ардените насочена кон разделување на американските и британските армии. По неуспехот, неговите надежи за успех сега биле минимални, базирани на употребата на нови оружја (Германските ракети биле лансирани во Лондон од јуни 1944) или на раскинување на сојузничките сили.
    [уреди]
  2. Мортидо

    Мортидо смртник

    Член од:
    15 февруари 2009
    Мислења:
    1.871
    Допаѓања:
    1.058
    Дете цела википедија ја ископира на форумов.Од девет мислења,десет ти се теми.Алал да ти е.:tv:
  3. Ѓорѓески

    Ѓорѓески Light weight baby!

    Член од:
    25 мај 2007
    Мислења:
    6.685
    Допаѓања:
    936
    Благодарам на информациите, потрудисе повеќе следниот пат, вака нема да има многу што ќе ти коментираат.

    Шум букур.
  4. Doc Holliday

    Doc Holliday Модератор

    Член од:
    5 ноември 2010
    Мислења:
    4.632
    Допаѓања:
    3.465
  5. Спенсер

    Спенсер Гостин

    2ра Светска била закон :) највеќе ја сакам... :toe:
  6. ajkula_m

    ajkula_m

    Член од:
    15 март 2011
    Мислења:
    5
    Допаѓања:
    0
    znae li nekoj nesto poveke za cornelius rost germanec koj izbegal od zatvor vo sibir i stignal do iran
  7. |Volkswagen|

    |Volkswagen| Тастатурата е посилна од мечот!

    Член од:
    21 јули 2009
    Мислења:
    2.590
    Допаѓања:
    686
    ...The way Back... ?

    [​IMG]

Сподели преку: