vrtoglav rast na berzata

Статус
Затворена за нови мислења.

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Епа токму поради високите исплати на дивиденди, ретко кој би продал акции ( мислам барем на акционерите од компаниите кои се вбројуваат во МБИ 10).
За другите компании, оние непрофитните кои се на дното, нормално дека интересот е слаб.
За оние кои се наоѓаат негде во средината, има само некоја мала "флуктација".

Незнам колку е вистина илки шпекулација изјавата дадена пред некој ден, на еден господин од Македонската Берза дека Словенците и Хрватите интензивно и со се поголема заинтересираност купуваат акции на Македонската Берза. Мислам рече дека купувачите биле обични граѓани кои купувањето на акции од македонските компании го сметаат за добра инвестиција. Исто така рече дека се тргува со големи (за наши услови) пакети на акции во вредност од 20 000-100 000 еур.
 
Член од
7 април 2005
Мислења
174
Поени од реакции
0
Ама пази го овој елемент, што важи во нормални земји. Ако јас сакам повеќе да добивам дивиденди отколку парите да останат во фирмата и да се вложуваат, тоа значи дека јас мислам дека подобро можам да ги вложам парите отколку што самата фирма може да ги вложи. Е ако е така, зошто тогаш воопшто да имам акции од таа фирма???

Високи дивиденди обично се исплаќаат во индустрии кои се во некоја зрела фаза, па нема многу фајде од екстра инвестиции. Ама кај нас, колку што гледам, сите добри фирми исплаќаат високи дивиденди.

Мистичен напиша:
Епа токму поради високите исплати на дивиденди, ретко кој би продал акции ( мислам барем на акционерите од компаниите кои се вбројуваат во МБИ 10).
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Баш на истото мислев. Исплатата на добри дивиденди од добри фирми во држава која сеуште не е во зрела фаза.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
dividenda ili ne?
ima edna teorija koa vika deka vaka ili taka akcionerite sekako profitiraat
1.ako zemat dividenda-direktno
2.ako ne zemat dividenda,firmata gi vlozuva parite sto trebale za dividena,a so vlozuvanjeto raste vrednosta na akciite sledstveno na toa i cenata na akciite.
problem:
ako nema dividenda, a nema ni vlozuvanje t.e. rast na cenite na akciite:)
togas akcionerite(malite) go jadat podebeliot kraj
 
Член од
7 април 2005
Мислења
174
Поени од реакции
0
Ок, предавањето вчера на школо ми даде инспирација за две тези зошто во минатото дивидендите биле високи а цените на акциите ниски. Тезите взаемно не се исклучуваат туку си „помагаат“, ама сепак има логика да се поделат работите.

1. Во Македонија пазарот на капитал е слабо развиен. Поради тоа цените на акциите се неоправдано ниски, и акционерите само преку дивиденди можат да бидат соодветно надоместени.
Неодамнешниот раст на цените на акциите укажува дека се зголемила ефикасноста на македонскиот пазар на капитал.

2. Менаџерските тимови на успешните фирми не се грижат доволно за акционерите, т.е. има ниски стандарди за корпоративно управување. Поради тоа акционерите не сакаат да платат многу пари за акциите и бараат што поголем дел од профитот во вид на дивиденди бидејќи немаат доверба тие пари да им ги дадат на менаџерите.
Неодамнешниот раст на цените на акциите укажува дека се зголемил квалитетот на корпоративното управување во Македонија.
 
C

cige

Гостин
Еве после 10 години како стојат работите

Просечно дневно, а таа хартија од вредност, се тргуваше во сите пет трговски дена таа обврзница правеше промет од половина милион евра. Зошто инвеститорите ја одбиваат оваа хартија од вредност? Прво, затоа што не сакаат ризик и одбираат хартија од вредност номинирана во евра и гарантирана од државата. Тоа што се спремни да чекаат подолго од осум години да им се врати вложеното, а последните помалку од две години да го „лапаат кајмакот“ покажува дека имаат многу пари и не знаат што друго да им прават. Па нели? Се тепаат да вложат на хартија што ќе достасува во идните десет години, ама е заштитена од девалвација на денар и е гарантирана нејзината исплата од државата.
 
SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142

Овде се водело разговор за некои акции а не за обврзници и тоа во време пред да пукне меурот на МСЕ.
 
Ciudad Juarez

rothschild
Член од
18 март 2015
Мислења
385
Поени од реакции
403
Да си пишам тука, пријателот што повеќе разбира од мене вика есенва крах на сите светски берзи, и паника по улиците.

http://kingworldnews.com/gerald-celente-just-predicted-a-global-stock-market-crash-and-gave-the-exact-time-frame/
Точно така Bucio.

Оваа ќе биде најголемата светска криза,намерно и свесно создадена од Ротшилд.
Целта е веќе јасна.
Создавајќи таков тип на криза,населението (особено на Запад) ќе се турне во тотален хаос.
Тоа е и намерата.
Луѓето дури тогаш ќе станат тотални робови на системот.
Америка се очекува прва да колабрира,а воедно и да се воведе тоталитаризам.
Многу знаци веќе наговестуваат на такво нешто.
Американците се крајно задолжена нација.
 
Keljav

baram zena - test kujna
Член од
8 март 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
309
Точно така Bucio.

Оваа ќе биде најголемата светска криза,намерно и свесно создадена од Ротшилд.
Целта е веќе јасна.
Создавајќи таков тип на криза,населението (особено на Запад) ќе се турне во тотален хаос.
Тоа е и намерата.
Луѓето дури тогаш ќе станат тотални робови на системот.
Америка се очекува прва да колабрира,а воедно и да се воведе тоталитаризам.
Многу знаци веќе наговестуваат на такво нешто.
Американците се крајно задолжена нација.
Хахаха
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.433
Берзата е во нок-даун со години, темава оди под клуч.
Плус има официјална тема за македонска берза.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom