VISA Интернет картичка на Стопанска Банка

Дискусија во форумот 'Економија и бизнис' започната од outcast, 2 април 2007.

  1. outcast

    outcast login: failed!

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    417
    Допаѓања:
    7
    Случајно налетав на ова на сајтот на Стопанска Банка, па би сакал да знам дали некој ја има користено и колкава е нејзината валидност, т.е. употребливост низ интернет мрежата.
    Имено, се работи за дебитна картичка, што значи дека секој што поседува лична карта може да ја има. Нема кредитирање/негативно салдо, колку имаш - толку трошиш. Порано кога излегоа Maestro дебитните картички одма извадив една баш за купување преку интернет, ама освен за трансфер од банкомат, за ништо друго не ми послужила зошто скоро и да не постојат сајтови кои ја поддржуваат.

    Дали ова е она вистинското, кое верувам многу од нас претходно го барале?



    КАРАКТЕРИСТИКИ НА VISA ИНТЕРНЕТ КАРТИЧКА


    Основни карактерисики

    • ВИСА Интернет картичката е наменета исклучиво за едноставни и безбедни купувања преку Интернет
    • Картичката не се користи за купувања во продавници, на банкомати, за телефонски или поштенски нарачки. За сите овие намени користете ја Вашата кредитна или дебитна ВИСА картичка од Стопанска Банка
    • Интернет картичкатa е дебитна картичка, поврзана со денарска сметка
    • Со картичката можете да користите онолку средства колку што имате на располагање т.е. онолку колку што ќе уплатите
    • Плаќањето на интернет може да биде во било која валута, а задолжувањето е секогаш во денари
    • Можност за уплата на средства на сметката за интернет картичка преку е-banking системот на Стопанска банка или било кој шалтер на Стопанска Банка
    • Не е можна исплата на шалтер. Несикористениот износ препорачливо е да се префрли на Вашата тековна сметка во Стопанска Банка преку системот на е- banking.

    Важност
    • Рок на важност 3 години

    Годишно членство

    • БЕСПЛАТНА Интернет картичка за сите иматели на некоја од меѓународните ВИСА кредитни или дебитни картички издадени од СБ
    • Годишна претплата од 300 денари за имателите на ВИСА Electron дебитна како и за сите останати Потребни документи
    1. Апликација
    2. Копија од лична карта Е-banking на СБ
    Во моментот на аплицирање автоматски Ве пријавуваме и за системот на електронско банкарство на СБ при што Ви доделуваме корисничко име и лозинка.
    Преку системот на електронско банкарство можете да:
    • вршите уплати и исплати од сметката за Вашата Интернет картичка и
    • имате целосен увид во сите трансакции направени со картичката.
    Во моментот на издавање на картичката Ви доделуваме:
    • корисничко упатство за системот на електронско банарство на СБ и
    • сертификат (на ЦД) за потпишување на плаќањата преку системот на е- banking. За сертификатот се наплаќа износ од 50 денари, еднократно од Вашата тековна сметка.
    ИНФО телефон
    +389(0)2 3163772

    *Превземено од сајтот на Стопанска Банка
  2. Jane

    Jane Кајганџија

    Член од:
    5 февруари 2006
    Мислења:
    3.394
    Допаѓања:
    110
    Ќе може со ова на PayPal да се плаќа?
  3. outcast

    outcast login: failed!

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    417
    Допаѓања:
    7
    Преку PayPal сигурно нема да може да се плаќа, било со оваа или со било која друга наша (кредитна) картичка, бидејќи ја нема Македонија во листата на земји кои го поддржуваат овој систем на трансфер. Сигурно одма помисли на eBay, а? :)
  4. Jane

    Jane Кајганџија

    Член од:
    5 февруари 2006
    Мислења:
    3.394
    Допаѓања:
    110
    Да да. На тоа помислив. Епа што корист тогаш ќе имаме? И онака кај што ја примаат македонија има избор да си платиш скоро со сите картички, со чекови и нзнам уште што има. Проблем ни е PayPal и eBay
  5. outcast

    outcast login: failed!

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    417
    Допаѓања:
    7
    Види, има и тоа многу корист. Бидејќи е дебитна картичка, има право секој да ја има, т.е. не мора да исполнуваш накнадни услови за неа како: вработено лице, минимален личен доход и сл. За останатите картички мораш во најмала рака да бидеш вработен(и осигуран), или ополномоштено да користиш туѓа кредитна картичка(од родител). А кога би можел да имам и кредитна, јас пак би ја избрал дебитната затоа што нема ризик од влегување во негативно салдо, т.е. кредит. Пример: сакам да купам нешто од амазон, рачунам колку отприлика тоа ќе ме кошта, ставам пари на дебитната картичка и ја вршам порачката. После тоа е празна, до следната порачка.
    Работата е дали некој е запознаен колкава е поддршката/распространетоста за трансфер со оваа картичка. Maestro-то беше тотален промашај, банките го презентираа како дебитна картичка на MasterCard, а всушност не беше тоа, зошто си постојат други картички на кои што пишува MasterCard, а се дебитни - ама не кај нас :)


    ЕДИТ: Во врска со PayPal-от, уште пред 1.5-2 години им пишав на поддршката од сервисот да ми дадат објаснување зошто Македонија ја нема во листата на земји, и ми одговорија (иако не очекував толку многу да се потрудат околу одговорот) нешто во стилот ”поради сивата економија и недовербата во вашиот банкарски систем не сме во можност да ви ја обезбедиме оваа услуга, sorry for the inconvenience”. Кога ќе видиш, и Хрватска ја нема, Бугарија пак стана членка на ЕУ а и таа ја нема, а тек ние. Тоа е другар, изгледа уште долго ќе сањаме за ова.
  6. Gorco

    Gorco WEHADAHFUKDOWAHNODAT

    Член од:
    29 април 2005
    Мислења:
    470
    Допаѓања:
    3
    Ја има, од 2007, но само за плаќање, не за примање пари (бизнис). Кој може да се снајде со картичка или банкова сметка од Хрватска, ете му можност за PayPal. USAID пробаа да го "наговорат" PayPal за работа со Македонија, но "затвореноста" на нашиот банкарски систем гo отргна настрана...

    BTW, се околу картичките е на ниво на број и на можни забрани во банката што ти ја издала картичката. Маестро броевите беа блокирани за интернет трансакции, а штом оваа картичка се рекламира како за на интернет, тогаш 99.9% сите on-line продавници кои работат со VISA ќе можат да ти наплатат.
  7. teneke

    teneke

    Член од:
    13 јули 2006
    Мислења:
    3.112
    Допаѓања:
    286
    Одлична картичка и по мене најдобро решение во моментов во МК за плаќање на интернет. Поминува секаде т.е. досега никој што го познавам се нема пожалено дека некаде не поминала.

    Еве јас ја тестирав на Амазон за порачување на ДВД. И потврдено работи.

    За Ebuy ќе си извадите moonyebookers и со тоа ќе плаќате, ќе можи и кредити за Skype преку moonybookers.
  8. Овердрајв

    Овердрајв Модератор

    Член од:
    5 ноември 2005
    Мислења:
    4.243
    Допаѓања:
    533
    Наплаќаат СБ провизија за секоја трансакција?
    Ако работи, тогаш стварно е добро - има еден куп сајтови кај што може да купуваме. Сега уште да се најдат пари.. :)
  9. Рамада

    Рамада

    Член од:
    9 март 2007
    Мислења:
    490
    Допаѓања:
    4
    Jas ja imam internet kartickata-VISA.Koga podnesov baranje vo SB,za 3-4 nedeli bese gotova,a plativ 350 den.vo cija cena vleguva i CD,a ja koristev samo za telefonski javuvanja,taka da neznam kolku dobro funkcionira...
  10. cYb3rc0re

    cYb3rc0re ~ место за реклама

    Член од:
    3 мај 2005
    Мислења:
    934
    Допаѓања:
    151
    Јас извадив, треба две три недели дури да ја добиеш, само немам пробано да подигнам пари на неа и да пробам да купам, ама пробав да видам дали ја дава како валидна, па да одзема од сметка, но на две три места што пробав, вика невалидна е. Но како што реков, ме мрзеше да одам во банка, да префрлам пари на неа (иако има електронска котрола со сметката што е поврзана и префрлање на средства од сметка на сметка е скоро невозможно во реално време а се чини и дека системот скоро и да не им работи).

    После пробав со Виса од ИК банка, без проблем платив и на двата сајта каде што требаше. И сигурен сум дека Виса картички (ама не Виса Електрон) од било која банка се прифаќаат, а најдобра мислам дека е Виса на прокредит, која може да ја извади физичко лице со орочување на средства (мин 20 000) на 2 години, со тоа што лимитот е колку што сте орочиле, прва година нема членарина, а има можност да се плаќа на 10 рати.
  11. Gorco

    Gorco WEHADAHFUKDOWAHNODAT

    Член од:
    29 април 2005
    Мислења:
    470
    Допаѓања:
    3
    Дебитна картичка по дефолт е невалидна ако нема средства на неа. Или, мислеше да кажеш нешто сосема друго :toe:
  12. teneke

    teneke

    Член од:
    13 јули 2006
    Мислења:
    3.112
    Допаѓања:
    286
    И јас се чудам како си мислел дека ќе помине ако немало пари на неа.

    Па, затоа е онлајн за да проверат одма дали има пари и да ти наплатат. Ако нема терај понатаму.
  13. cYb3rc0re

    cYb3rc0re ~ место за реклама

    Член од:
    3 мај 2005
    Мислења:
    934
    Допаѓања:
    151
    Сакам да кажам дека ме мрзи да одам до банка на секое да префрлам пари, па завршив со друга картица работа, и со едно одење во банка да си ги регулирам средствата од сите купувања што сум ги направил. (Значи зборувам за кредитна, не дебитна)

    И е-банк системот е за нигде, така да сепак - одење во банка е неопходно.

    Ако имате позитивни искуства, ОК, но јас мислам дека кредитна е подобро од таа на стопанска.
  14. outcast

    outcast login: failed!

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    417
    Допаѓања:
    7
    Кредитната бара исполнување на повеќе услови, а носи и поголем ризик. Така да доколку проблемот е само во одењето на банка и префрлањето на средства - тогаш е супер! :smir:
  15. Lajce

    Lajce Не за сркање

    Член од:
    19 април 2006
    Мислења:
    987
    Допаѓања:
    108
    И според мене оваа VISA Internet е добра работа пошо е дебитна и имаш само 300 денари членарина е сеа не сум баш запознат како е со MasterCARD light на тутунска глеам небараат услови да си вработен(може и студентарија) ама незнам колку е членарината и колку ке можиш да пазариш на интернет.

Сподели преку: