Until June

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245


Until June е алтернативен рок бенд кај нас и не толку познат, кој поттекнува од Холивуд, Калифорнија. Најпознати се со нивната песна 'What I've Done', која беше користена во спин-оф серијата на Grey's Anatomy Private Practice, а исто позната му е и песната 'In My Head' која беше користена во 6x02 од серијата „Вовед на анатомија“. Според мене најдобра песна му е Sleepless која се искачи на врвот на топ листата во Грција во 2008, и во Норвешка. Нивниот втор албум го чекам со нетрпение, ќе биде насловен 'Young and Foolish', а треба да биде објавен на 21 август 2012.

http://www.untiljune.com/

Еве некои од нивните хитови, според мене вистински совршенства:




 

Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.546
Поени од реакции
3.845
Кул бендче арно ме потсети ѓи подзаборавив :)
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.663
Поени од реакции
21.714
Да беше друга прилика ќе речев само



Меѓутоа знам дека Слиплес беше хит пред 4 години и песната ме враќа точно во 2008-ма. Иако имаше и многу лоши работи, таа година се трудам да ја памтам само по добрите. Бев на одмор во Зрче-Паг едно од најклаберските места на Балканот иако и малце е повеќе исфорсиран, се здробив таму од журкање, и рипав банџи од 40 метра, а тоа е искуство што никогаш нема да ми избледи. И на сите локални станици на потегот Скопје-Приштин-Печ-патот на смртта до Подгорица-Никшич-Требиње-Дубровник-јадранска магистрала-Сплит-Задар-Паг ја пуштаа оваа песна. Освен во Требиње, таму имаш радија со турбофолк, и турбофолк со радија, и тоа турбо фолк каков што дури ни јас не бев чул.
А имаше и една мала, а јас се лажев дека сум многу заљубен. Вака на прв поглед мирна, ама испод мира, Слободан Милошевич па ме натера мене така троа конзервативен и неспонтан во 11 навечер да тргнеме за Велес и во тамошните кафичи и локали да ја докусуруваме вечерта. И на релацијата Скопје-Велес-Скопје. измеѓу паузите и тогаш кога не фатија џандарите возејќи пијани и за среќа она ги шармираше (жени ти се маѓоснички) да не не казнат и тогаш одеше Слиплес. Тоа беше период на тие 3-4 песни



и нарочито оваа која го опишува тој период


Добро де знам дека сум оф топик и звучам како Анчо, ама па и јас еднаш да напишам друг стил на пост. А сериозно, висока дебата за длабочината и значењето во светската музика на еден релативно нов бенд со лајтерица поп песнички не знам дали може да се очекува.

Затоа објективно ќе кажам Until Јune



ама тоа нема да го кажам со мојата традицонално иронично-саркастична фаца, туку со еден благопријатен осмех на лицу вака некако

 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Баш им го спуштив албумот пошто сите песни нивни кои ги имам чуено ми се имаат ептен допаднато.
Sleepless ееееј на мсн статус ми седеше со години, стихот Oh when you were young, did you ever love someone, so much you couldn't bare the thought of losing them?
Иначе, хитови на Антена им беа Sleepless и The man who lost his soul, двете беа powerplay.
--- надополнето: 15 јули 2012 во 22:40 ---
Until June е алтернативен рок бенд кај нас и не толку познат, кој поттекнува од Холивуд, Калифорнија. Најпознати се со нивната песна 'What I've Done', која беше користена во спин-оф серијата на Grey's Anatomy Private Practice, а исто позната му е и песната 'In My Head' која беше користена во 6x02 од серијата „Вовед на анатомија“. Според мене најдобра песна му е Sleepless која се искачи на врвот на топ листата во Грција во 2008, и во Норвешка. Нивниот втор албум го чекам со нетрпение, ќе биде насловен 'Young and Foolish', а треба да биде објавен на 21 август 2012.
За болдот - па не само кај нас, и светски не се познати. На fb имаат ептен малце фанови. На wikipedia статијата им е од два збора. А заслужуваат многу повеќе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom