UEFA Youth League 2013-14

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.108
Поени од реакции
20.945
Откако се дозна дека NextGenSeries нема да постои од оваа сезона, заради финансиски причини, од европската куќа на фудбалот, УЕФА, дојде идеја која одлично треба да го замени доскорешното натпреварување.

Се работи за младинска УЕФА Лига на Шампиони. Право на настап имаат играчи под 19 години. Медиумите веќе го нарекуваат ова натпреварување како замена за NextGenSeries, а натпреварувањето претставува пандан на јужноамериканската U-20 Copa Libertadores.
Во првата сезона на ова натпреварување, 2013-14, тимовите ќе се натпреваруваат во истите групи како и во сениорската Лига на Шампиони на УЕФА.
Значи, се натпреваруваат истите 32 екипи (се разбира, нивните младински школи) во истите 8 групи, а терминот на одигрување на натпреварите е еден ден пред сениорите(значи младиве ќе играат во понеделник и вторник).
Разлика од сениорската ЛШ е тоа што во UEFA Youth League во нокаут фазата се игра само по еден натпревар(нема реванши) и полуфиналните дуели (како и финалето) се играат на неутрален терен.
.
Групите се следниве:

Финалето се игра на 14ти април, на Colovray Stadium во Нион.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.256
Има ждреб за во нокаут фаза или ?

Инаку (y) за идеава, ако ништо друго барем младинските екипи ќе играат на европско ниво и ќе стекнат искуство на патување во Романија,Словачка и такви слични земји.

А штета што силни школи како Ливерпул,Интер итн. нема да играат :(
 
Ф

Флеш

Гостин
Откако се дозна дека NextGenSeries нема да постои од оваа сезона, заради финансиски причини, од европската куќа на фудбалот, УЕФА, дојде идеја која одлично треба да го замени доскорешното натпреварување.

Се работи за младинска УЕФА Лига на Шампиони. Право на настап имаат играчи под 19 години. Медиумите веќе го нарекуваат ова натпреварување како замена за NextGenSeries, а натпреварувањето претставува пандан на јужноамериканската U-20 Copa Libertadores.
Во првата сезона на ова натпреварување, 2013-14, тимовите ќе се натпреваруваат во истите групи како и во сениорската Лига на Шампиони на УЕФА.
Значи, се натпреваруваат истите 32 екипи (се разбира, нивните младински школи) во истите 8 групи, а терминот на одигрување на натпреварите е еден ден пред сениорите(значи младиве ќе играат во понеделник и вторник).
Разлика од сениорската ЛШ е тоа што во UEFA Youth League во нокаут фазата се игра само по еден натпревар(нема реванши) и полуфиналните дуели (како и финалето) се играат на неутрален терен.
.
Групите се следниве:

Финалето се игра на 14ти април, на Colovray Stadium во Нион.
Навистина не знаев дека ќе престане НехтГен .... навистина штета .... но дали си сигурен дека се овие екипи кои ќе учествуваат ,дали се овие на сликава ?! јас колку што знам само се оди по покана за учество .... значи , Уефа ги поканува тие според некои нејзини критериуми,најдобрите младински Европски школи .... оваа година Македонија би требало да има двајца луѓе во ова натпреварување ... а тие се Дејан Илиев-Арсенал и Дориан Бабунски-Реал Мадрид ..... е сега ..... навистина би сакал да се направат напори да се направи иста пљукната копија како реалната возрасна Лига Ш ... би било одлична можност и нашиве младенци како на Работнички или Вардар или Шкендија да одат таму и да се здобијат со некое искуство .... како и да е ... се надевам дека нема да биде уште едно посрано нешто наречено местен фудбал .... не го сакам тоа .... ич ..... :cautious:
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.256
Vori тие екипи се. Истите екипи што се квалификувани за "возрасната" ЛШ се и во ова.
 
Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.290
Поени од реакции
12.644
Смешки,Астон Вила го освоија лани Некст Ген,а тука ги нема.Глуп е начинов за квалификување и распоредот на екипите што мора да бидат истите од Лига на Шампиони.
 
OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.419
Ова изгледа повеќе пробно им е, да видат како ќе иде организацијата па затоа на овој начин идат. Доколку се покаже успешно натпреварувањево најверојатно ќе почнат и со некакви квалификации за да се види кој заслужува да иде
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
не носи пари ова, ќе биде година дена и истата судбина како некст ген ќе го снајде. We care about football. Аехаехаха. We care about money.
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.108
Поени од реакции
20.945
Смешки,Астон Вила го освоија лани Некст Ген,а тука ги нема.Глуп е начинов за квалификување и распоредот на екипите што мора да бидат истите од Лига на Шампиони.
На овој начин ќе биде само првата сезона (која е повеќе пробна). Од наредната ќе си има друг начин за квалификување. :)
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.108
Поени од реакции
20.945
Групата Х е група на смртта. Едни од најјаките европски школи во една група: Барселона, Ајакс, Милан и Селтик.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.256
Веќе се одигра првиот меч на натпреварувањето.

Плзен изгуби од Мачестер си ти такав сам и ја со 1:4. Од коцкарски аспект имало 1.5 коеф за Сити и криво ми е што не видов :D

Во моментов се играат 3 меча а моменталните резултати се:

ФК Копенхаген-Јувентус 1-1
Галатасарај-Реал Мадрид 1-1
Баерн Минхен-ЦСКА Москва 0-1

Од коцкарски аспект очекувам на голем дел од мечевите во групната фаза многу голови што би се рекло ГГ или 3+/4+ би биле добри типови на некои од мечевите :)
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.256
Конечни резулти од првиот ден (до сега):

Плзен-Сити 1:4
Баерн М.- ЦСКА М. 0:2
Копенхаген-Јувентус 2:2
Галатасарај-Реал М 1:1
Бенфика-Андерлехт 3:0
Реал С.-Шахтјор 3:2
Јунајтед-Баер 4:3

Вечер се игра Барселона-Ајакс.

До сега сите освен еден меч завршија или ГГ, или 3+ или ГГ3+. :D
 
Во последниот натпревар Ернесто ЧЕ Гевара ја доби одмаздата што ја бараше.

Барселона-Ајакс 4-1
 
Kajgana Shop

На врв Bottom