UEFA Europa League 2015/2016

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
14878145683_1407510751.jpg
Европа Лигата е второ по ранг Европско натпреварување, кое редовно гарантира интересен и отворен фудбал, а со тоа и многу голови. Овој турнир најчесто претставува одлична можност за екипите кои не се во самиот врв на европскиот фудбал да освојат континентална титула и да ги израдуваат своите навивачи. Мал проблем претставува наградниот фонд, па затоа со цел да добие на компетитивност ова натперварување, УЕФА од претходната сезона реши тимот кој ќе ја освои Европа Лигата да добие директен пласман во Лигата на Шампионите.


Сезонава, форматот е ист. 48 екипи поделени во 12 групи, првите 2 одат во втората рунда, каде што им се придружуваат 8 тима кои ќе завршат како третопласирани во групната фаза на ЛШ. Разврската од минатата сезона и од квалификациите низ текот на летово посака повеќе атрактивни екипи да се најдат во овогодинешното издание на Европа Лигата. Да почнеме од екс Европските шампиони Дортмунд и Ливерпул кои секако на хартија се главни фаворити за освојување на титулата. Веднаш зад нив се издвојуваат трите италијански екипи - Наполи, Лацио и Фиорентина, двете екипи од Шпанија - Виљареал и Атлетик Билбао, екипите како Шалке и Монако, кои минатата сезона играа во Лигата на Шампионите, како и кокошките Тотенхем. Eве го исходот од ждрепката која заврши пред некој момент:


Нормално, во Европа Лигата редовно се натпреваруваат и екипи од Балканот. Оваа сезона такви се ПАОК и Астерас од Грција, Партизан од Србија и дебитантот Скендербег од Албанија. Од нашите претставници најблиску до пласман беше тимот на Работнички, кој, па би кажал по малку неочекувано стигна дури до плеј-оф фазата, но за жал не успеа да помине преку последната пречка - Рубин Казан.

Финалето оваа сезона се игра на стадионот Сент Јакоб-Парк во Базел на 18ти Мај. Освојувач од минатата сезона е тимот на Севиља, која сега за сега нема да ја брани титулата.
St-Jakob-Park.jpg

За крај одиме со легендарното...
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Група Г е интересна. Има култни екипи.
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
2.680
Поени од реакции
1.805
ливерпол нели завршија лани 6 или 7 место од кај у лига европа?
едит: забораив дека 6 и 7 одат у лига европа
 
Последно уредено:

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.612
Поени од реакции
81.306
Да тепаше Работнички, сега ќе игравме со Ливерпул и Бордо :-Р
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.536
Поени од реакции
2.222
Ќе има некоја агенција да организира идење на ПАОК - Дортмунд?
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Лол темава колку е небитна еј :D[DOUBLEPOST=1442499132][/DOUBLEPOST]Мада ако изгубиме одма ќе се накотат мршојадцине и отидоа 10 страни.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom