UEFA Champions League 2016/17

Абе шампион сезонава е...


  • Вкупно гласачи
    69
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 ноември 2008
Мислења
542
Поени од реакции
731
Ти кажав поголема атракција е мртов Милан од каков и да е Динамо, Лудогорец или Андерлехт. УЕФА гледа така на работите не јас. Повеќе пари носи име како Милан него ли другиве. Ради парите е оваа промена. А не да се помогне на италија да има 4 преставници. На сите ќе им биде поинтересно да гледаат Милан-Барса макар и 10 гола примиле милан.Едноставно името си го прави своето.
Ама брат и Ајакс е име па ене ги не можат Ростов да ги поминат. Некад и Нотингем Форест биле име(2 ЛШ). Па да ги ставиме Ајакс пред Сити дека се име. Сакаат да сменат нешто на подобро а уствари квалитетот на натпреварувањето ќе си тапка у место се со цел УЕФА да лапнат плус пари затоа што така им одговара. Фледаноста ќе се врати кога ПСВ ЦСКА и ПОРТО нема да бидат носители на група туку ќе си бидат у група каде што коефициентот на тимот ќе ти одреди. Арсенал, Сити, Дортмунд итн итн слободно можат носители да се на групи на место мртвиве погоре што ги пишав. И ЛШ треба да е кој колку сработил толку да заслужи.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
791
Поени од реакции
218
А што е крив Лудогорец на УЕФА, дека пред 3 години помина Лацио, а пред две направи нерешено со Ливерпул, та овие екипи да влегуват како 4ти директно во групи? Како един екип од по-мала држава да пораснува со таа "еволуција"? УЕФА требва да развива фудбалот во цела Европа, а не само во 4 држави со цел повеке пари. Не е важно кои какво сака да гледа, а кои колко е заслужил.
 
Последно уредено:

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Не не, ќе си играат Лестер или Тотенхем но Арсенал можи да добие вајлдкард покана да учествува поради особен успех во минатото.
Dali znaci deka ako se odreduva sprema klubskiot koeficient, ekipa kako Lester, Totenhem itd zavrsi u top 4 nema da igra u LS, nego ekipa so pogolem koefient od nea primer Arsenal, iako zavrsile na 10 mesto??? Ako e ovaka smesta da se ubijat. Ne samo sto kje se namali konkurencijata, nego i samata neizvesnost na ligite.
На што дроги сте вие двајца?
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.009
Поени од реакции
6.040
Па да, издејствуваа Италијаните 4 места на краток рок. Ако продолжат во ваков ритам и Ит и Анг, тогаш на „среден“(да не кажам долг) рок, најмногу добива Англија.
Не не, ќе си играат Лестер или Тотенхем но Арсенал можи да добие вајлдкард покана да учествува поради особен успех во минатото.
Пер, ако некоја екипа треба да добие, покана на пример, треба да биде рецимо Нотингем или Астон Вила, а не Арсенал. Ова е, доколку би се гледало УСПЕХ во минатото, а за константност ако се работи, тогаш може да биде обратно.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Џони братко јас ја гледам табелата за коефициенти што досега одлучува за тоа кој колку места ќе има и таа вели дека Италија е опасно блиску до Англија. Како што рече Клипче да го правеа ова за Италија ќе беше направено пред 3-4 сезони, а не сега кога во врат им дишат на англиските екипи.

За тоа што си ме означил како прво никаде не напишав кои тимови заслужуваат да се најдат во ЛШ, а кои не. Јас само си прашав зошто Динамо, Лудогорец и слични тимови да имаат доста послаби противници во квалификациите од италјанските, германските и шпанските тимови. Еве ти како фан на шпанската лига објасни ми зошто Вилереал кој дал се од себе до максимум за во тешкото шпанско првенство да стигне до 4та позиција да мора да игра во квалификациите против тим од француското првенство, а Динамо Загреб кој во факинг хрватска лига ги мести половината кола, а во другата половина си игра и на ташак станува шампион 10+ години по ред добива противник од австриската лига? Зошто е трудот на Вилереал дискриминаран во однос на оној на "шампионите" од селските лиги низ Европа? Правилото шампион против шампион и нешампион против нешампион е благо кажано ретардирано.

Јас сум за тоа да постојат квалификации, ама не смее да има вака наместени дуели во последното коло од истите. Нека си биде отворена жрепка и кој каква среќа ќе има, против таков противник нека игра. А не може да ми велиш дека е правилно да има дуели во последно квалификациско коло меѓу тимови од топ 6 лигите, наспроти дуели од лиги кои сигурно се наоѓаат под 15то место на листата.



На крај краева 90% од луѓето се бунат за катастрофалните групи по квалитет и тоа е така само заради ова проширување и пуштање секој да игра во ЛШ директно или со квалификации скроени на таков начин да се сретнат два слаби тимови и кој од нив ќе биде подобар во меѓусебниот дуел, тој да игра. Сега се менува тоа и пак не чини. А искрено да гледавме страшен и квалитетен фудбал од екипите од послабите лиги во ЛШ тогаш и јас ќе бев да играат, ама нивниот квалитет со години не се менува. Џони ти ми го браниш Динамо Загреб, тој Динамо Загреб што прими 7 гола од Лион за овие да се пласираат понатаму и никој ништо не направи за да го опорави тој срам? Го браниш овој криминален Динамо Загреб чија цел е само да намести еден куп натпревари и да продаде тон играчи за да направи пари и само пари?
Види ова за Виљареал ти има некако логика за тука немам коментар,навистина да се биди 4-врт во Шпанија,Германија или Англија е далеку потешко отколку за Стеауа,Динамо или Олимпиакос да бидат шампиони во нивните првенства,можеби е малце дебилно да бидат поделени на шампиони и нешампиони ама пак Лигата на Шампионите е направена за цела Европа и тој модел на квалификациите му беше идеален за да му се даде шанса и на останатите тимови.

Јас гледам од перспектива на Македонија, а ти гледаш од перспектива на квалитет..можеби ќе има повеќе квалитет со новиот формат ама каде е тука рамноправноста и можноста за успех на помалите клубови?..зошто воопшто ќе настапуваат сега и дали ќе има некогаш повторно шанса да играат во најелитното натпреварување?..

Поентата ми е дека Италија со ништо не заслужи да му се подарат +2 места во ЛШ ,ако си беа способни Интер или Милан нека си бидат во Топ 3 во Сериа А а не вака УЕФА гратис места да му дава за повеќе пари и гледаност...а овие Динамо,Лудогорец,Киев,Шахјорт,Базел кој ги еба нив...па баш овие клубови со години имаат контиунитет во ЛШ и редовно си поминуваат квалификации за да играат во групите,додека Наполи и Рома кога беа 3-ти редовно се бламираат и отпаѓаат од кој ќе стигнат во квалификациите .

Вие објаснувате дека Англичаните беа во опасност да го изгубат тоа 4-то место,јас категорично го негирам тоа со оглед на резултатите што ги прикажуваат во Европа..од Англија редовно играат по 4-ри преставници во ЛШ и редовно ги поминуваат групите..а Италија веќе во контиунитет играат по 2-јца преставници бидејќи 3-тиот редовно јади ќотек во плејофот..каде е тука опасноста за Англија?..неможи вечно да се погоди сезона како 2014/2015 каде Наполи и Фиорентина имаа добри сезони во ЛЕ
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.596
Поени од реакции
18.018
Ако веќе сакаа да направат пари можеа да направат европска супер лига, кај што од топ пет првенства ќе играа најдобрите тимови, вкупно 20, и секоја недела ќе гледавме дерби мечеви.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.053
Поени од реакции
17.737
Види ова за Виљареал ти има некако логика за тука немам коментар,навистина да се биди 4-врт во Шпанија,Германија или Англија е далеку потешко отколку за Стеауа,Динамо или Олимпиакос да бидат шампиони во нивните првенства,можеби е малце дебилно да бидат поделени на шампиони и нешампиони ама пак Лигата на Шампионите е направена за цела Европа и тој модел на квалификациите му беше идеален за да му се даде шанса и на останатите тимови.

Јас гледам од перспектива на Македонија, а ти гледаш од перспектива на квалитет..можеби ќе има повеќе квалитет со новиот формат ама каде е тука рамноправноста и можноста за успех на помалите клубови?..зошто воопшто ќе настапуваат сега и дали ќе има некогаш повторно шанса да играат во најелитното натпреварување?..

Поентата ми е дека Италија со ништо не заслужи да му се подарат +2 места во ЛШ ,ако си беа способни Интер или Милан нека си бидат во Топ 3 во Сериа А а не вака УЕФА гратис места да му дава за повеќе пари и гледаност...а овие Динамо,Лудогорец,Киев,Шахјорт,Базел кој ги еба нив...па баш овие клубови со години имаат контиунитет во ЛШ и редовно си поминуваат квалификации за да играат во групите,додека Наполи и Рома кога беа 3-ти редовно се бламираат и отпаѓаат од кој ќе стигнат во квалификациите .

Вие објаснувате дека Англичаните беа во опасност да го изгубат тоа 4-то место,јас категорично го негирам тоа со оглед на резултатите што ги прикажуваат во Европа..од Англија редовно играат по 4-ри преставници во ЛШ и редовно ги поминуваат групите..а Италија веќе во контиунитет играат по 2-јца преставници бидејќи 3-тиот редовно јади ќотек во плејофот..каде е тука опасноста за Англија?..неможи вечно да се погоди сезона како 2014/2015 каде Наполи и Фиорентина имаа добри сезони во ЛЕ
Има логика за Вилереал според тебе, бидејќи ги сакаш шпанците, али ај нема веза :icon_mrgr: Има логика тоа што го кажав за секој тим од Италија/Англија/Германија али нека е. И во Италија е доста тешко до 3то место да стигнеш, еве ти го Интер за кој навиваш е доказ бидејќи пет сезони уназад е надвор од топ 3.

Не е малку дебилно што се поделени на шампиони и нешампиони, туку е многу дебилно. Не постои поглупа поделба како основа за рангирање на клубовите и како основа за создавање потови во жрепката. Како што реков, најправилно е да има отворена можност секој против секој да може да се падне. Па нека одлучува ксметот, а не на овој начин каков што е сега. И јас не сум конкретно за тоа така директно без замарање да им се даде влез во ЛШ без квалификации на екипите од топ 4 лигите, си треба квалификации да има пред се заради тоа што во самите првенства ќе падне борбата. Оној што ќе е трет пример во Англија на 5-6 кола до крајот ако е далеку од борбата за титула, ќе ги крене нозете во вис и нема да се замара, а ако 4тиот игра квалификации тогаш ќе гледа да ги избегне.

Се на се има негативни последици според мене од оваа одлука на УЕФА, ама тие последици не се во таа насока како што се прикажуваат. Леле што ќе биде тоа каква катастрофа ако еден тим од Динамо, Астана или Ростов нема да бидат дел од групите на ЛШ, кои и онака ги губат по 5 од 6 натпревари.

А за последниот пасус очигледно само за ЛШ зборуваш, а ја забораваш ЛЕ каде што Вест Хем испадна годинава од квалификациите и тоа ќе ги кошта дополнителни бодови англичаните. Годинава за Италија да ја помине Англија на ранг листата доволно е да освои 1000 поени повеќе (како за паралела во 14/15 сезона Италија освои 5000 и кусур поени повеќе од Англија), а јас не велам дека тоа сигурно ќе се случи, ама да тврдиш дека не е можно или дека не им дишат во врат на англичаните, треба само за инает да зборуваш.

И конкретно за болдот, тоа е тоа јас гледам од аспект на квалитетот и никогаш нема да гледам од друг аспект. Што има врска што сум роден во Македонија, да не сакаш да кажеш дека Вардар или Шкендија имаат капацитет да играат во Европа? Тоа што сме дно во фудбал не ни е крив никој и не мора тим од Англија/Шпанија/Италија кој вложува илјада пати повеќе пари и труд од селските балкански тимови да трпи и во квалификациите да има однапред утврдено противник од прилично силна лига, додека овие "шампионите" ќе одлучуваат помеѓу нив.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Јас гледам од перспектива на Македонија, а ти гледаш од перспектива на квалитет..можеби ќе има повеќе квалитет со новиот формат ама каде е тука рамноправноста и можноста за успех на помалите клубови?..зошто воопшто ќе настапуваат сега и дали ќе има некогаш повторно шанса да играат во најелитното натпреварување?..
Лига Европа.
Таму да си билдаат поени помалите екипи. На пример да се укине 3от од група во ЛШ да иде у ЛЕ и да се добиваат поени да речеме од 1/4 финале.
Динамо и таквите смрдливи екипи шампиони у селски лиги да си играат у ЛЕ па од таму да бараат пласман и квалификации за ЛШ. На пример добра работа е што направија шампионот на ЛЕ да игра директно у ЛШ. Еве сеа нека напраат да речеме 3 години по ред ако играш полуфинале или четвртфинале ЛЕ да играш некој плеј-од за ЛШ ко што добиваат Динамо и останатите екипи шампиони од мртви лиги.
А не влези Динамо у групна фаза изнамести 6 утакмици, следната сезона пак нека се падне шампионот на Грузија у плеј оф пласирај си се лаганица и пак јово на ново.
А некој у Италија или Шпанија ќе се претепува да освои место у квалификации и ќе им се падне Манчестер или некој друг гигант што случајно завршил 4то место у нивната лига.
 
Член од
19 февруари 2015
Мислења
1.772
Поени од реакции
2.075
мислам поише се потресовте што италија ке има , 4 тима у лш него ви дошло до кур за лудогорец цска , и штати ја знам пичке матерне....
реално до сега имаше 13-14 претставника од топ 4 лигите а , сега ке има ВЕРУВАЛЕ ИЛИ ДА 16 !!!!!!11 со букви шеснаесед !!!!! WOOWWW дури 2 ТИма поише ке има на сметка на помалите клубови ох нееее..... драма ендс .
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
791
Поени од реакции
218
И како разбра, дека Ростов е по-мало квалитетен од Интер, Рома, Лацио и т.н. во Италиja во моментот? А колко много фудболисти на светско ниво има од источна Европа, али сега такива трансфери ке бидат много по-трудни.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.107
Поени од реакции
20.945
мислам поише се потресовте што италија ке има , 4 тима у лш него ви дошло до кур за лудогорец цска , и штати ја знам пичке матерне....
реално до сега имаше 13-14 претставника од топ 4 лигите а , сега ке има ВЕРУВАЛЕ ИЛИ ДА 16 !!!!!!11 со букви шеснаесед !!!!! WOOWWW дури 2 ТИма поише ке има на сметка на помалите клубови ох нееее..... драма ендс .
А, како бе така сите освен италијаните се бунат за ова?
Срање е ова, ама ајде, и онака навикнавме на срања од УЕФА.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Реално, Лигата на Шампиони е едно големо комерцијално срање во боја. Натпреварувањето беше фаца кога беше Куп на Шампиони. Две екипи во двомеч, и кој ќе победи поминува. Немаше калкулации како сега во групните фази. И ако е Лига на Шампиони или Куп на Шампиони, тогаш е логично само шампионите да играат таму. Кој кур го бара Виљареал или Тотенхем во ЛШ никому не му е јасно.

Само се разбира, парите бушат каде што бургија не може.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.107
Поени од реакции
20.945
Реално, Лигата на Шампиони е едно големо комерцијално срање во боја. Натпреварувањето беше фаца кога беше Куп на Шампиони. Две екипи во двомеч, и кој ќе победи поминува. Немаше калкулации како сега во групните фази. И ако е Лига на Шампиони или Куп на Шампиони, тогаш е логично само шампионите да играат таму. Кој кур го бара Виљареал или Лестер во ЛШ никому не му е јасно.

Само се разбира, парите бушат каде што бургија не може.
Лестер е шампион. :D
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Тековниот формат на ЛШ е најсовршениот спортски формат во светот моментално, секаква промена е лудост, али ќе експериментираат со глупости...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom