UEFA Champions League 2014-15

Кој ќе освои ЛШ?


  • Вкупно гласачи
    118
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147


Сега кога се извлекоа групите за 60тата сезона од најелитното натпреварување во Европа, време е и официјално на форумов да ја започнеме дискусијата за Лигата на Шампионите. Навистина ми е чест што ја отварам темава, лично ептен сум возбуден од можноста повторно да го гледам Ливерпул во ова натпреварување, помина навистина долго време, на моја сметка еве да си кажам дека последен пат кога ги гледав бев полу-матурант, а сега веќе студент :D Токму затоа инсистирав да бидам тој што ќе ја отвори темава, премногу сум возбуден и едвај чекам да започне првиот натпревар на мојот омилен клуб :)

Оваа година, улогата на домаќин во финалето ќе ја игра Олимпискиот стадион во Берлин, Германија.​




Постојат неколку промени во форматот на натпреварувањето, па еве некои од нив:

- Како главна новина за оваа сезона е тоа што клубовите кои ќе учествуваат мора да бидат во согласност со правилата на УЕФА Финансискиот Фер Плеј;

- Се разбира, своја улога во најважната споредна работа мора да има и политиката, па така Украинските и Руските фудбалски клубови не можеа да бидат извлечени во иста група;

- За крај, последната промена е правилото за поништување на жолтите картони по завршувањето на ¼ финалето, со што играчите ќе почнат “на чисто” од ½ финалето.


Актуелен шампион е Реал Мадрид. Сите го паметиме ланското финале, каде при судирот помеѓу градските ривали, Кралскиот клуб го скрши срцето на навивачите и играчите на Атлетико Мадрид со тоа што во судиското продолжение успеа да изедначи, и да го однесе натпреварот во продолжение, каде победија со 4-1. Некои за изедначувачкиот погодок велеа дека е нефер и незаслужен, меѓутоа сите знаеме дека фудбалот се игра 90 минути плус судиското продолжение, се додека не се слушне свирчето на судијата.


Македонија и натаму без претставник во ова натпреварување. Работнички испадна од финците Хелсинки во втората рунда од квалификациите. Можеби следната е наша :)


А еве ги и групите:​


Група А: Атлетико Мадрид, Јувентус, Олимпијакос, Малме

Група Б: Реал Мадрид, Базел, Ливерпул, Лудогорец

Група Ц: Бенфика, Зенит, Баер Леверкузен, Монако

Група Д: Арсенал, Борусија Дортмунд, Галатасарај, Андерлехт

Група Е: Баерн Минхен, Манчестер Сити, ЦСКА Москва, Рома

Група Ф: Барселона, ПСЖ, Ајакс, Апоел

Група Г: Челзи, Шалке, Спортинг, Марибор

Група Х: Порто, Шахтјор, Атлетик Билбао, Бате Борисов


За крај, сите задолжително да го ислушате ремек-делово од почеток до крај...




... The Chaaampioons!
 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.262
Ливерпул освојува. Ако не они онда Лудогоре сто посто.

Ај аирлија нека е и новава сезона.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
Челзи освојува пак во Берлин.

Ливерпул и Реал педери!!!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: L.A

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Леле каква група ни се падна не ми се верува. Лудогорец, here we come (буквално)! :)
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.840
Сити - Баерн пак
Арсенал - Дортмунд по трет пат (не е интересно)
Ајакс увек у најкрш група паѓа во која обично е Барселона.
 

Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.512
Ја викам Милан или Интер:rolleyes:
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
2.680
Поени од реакции
1.805

има да ги отворат како паштети :) Роналдо пак најдобар стерелец у ЛШ по 100 пат по ред ќе биде
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.262
Челзи освојува пак во Берлин.

Ливерпул и Реал педери!!!
This.

Пак Баерн како ултимативна екипа стига лесно во финале и Челзи неферски, незаслужено, наместено, илуминатски, автобуски освојува ЛШ со гол на Дрогба у 129та мин.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.262
Ми љубоморам на Скаузериве и Мадриѓаниве :(

Али Марибор си го добивме so we have that going for us which is nice.

Ајде време за предвидувања сега:

(без редослед на прво/второ)

Група А: Атлетико Мадрид, Јувентус,

Група Б: Реал Мадрид, Ливерпул,

Група Ц: Бенфика, Зенит,

Група Д: Арсенал, Борусија Дортмунд,

Група Е: Баерн Минхен, Манчестер Сити

Група Ф: Барселона, ПСЖ,

Група Г: Челзи, Спортинг,

Група Х: Порто, Атлетик Билбао,
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom