UEFA Лига на шампиони 2013/14

Статус
Затворена за нови мислења.

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.053
Поени од реакции
17.739
Една работа само ќе забележам бидејќи некои членови го поистоветуваат "катанаџото" со фудбалот "11 играчи зад топка". Немојте ви се молам такви споредби да правите бидејќи срамота е. Играта со 11 зад топка релативно скоро се појави во фудбалот и тоа пред се го применуваат тимови кои се многу помалку квалитетни во однос на противниците. Катанаџото е цела фудбалска филозофија која нема допирна точка на пример со играта на Челзи вчера или пак со некоја слична во скоро време. И тоа не е баш како во клише муабетите дека е игра со целосна дефанзива туку секогаш во меѓусебна зависност со натпреварот. Италјанските тренери, барем оние кои јас ги знам (Анчелоти, Капело, Липи) дека го применуваа катанаџото односно дефанзивната игра, но тоа беше сосем различен концепт од оној денешниот и пред се не го применуваа на сите големи натпревари. На пример некои лаици сигурно кога ќе се спомене СП 2006 ќе кажат "абе ај овие италјаниве со катанаџо освоија" а се разбира никој нема да се сети дека Липи извади 4 напаѓачи против Германија во второто продолжење. Е тоа тогаш беше уметност, не она вчера кое некој го нарече така.

Во секој случај немам ништо против играта на Челзи вчера, бидејќи во добар дел им успеа. Атлетико не успеа да создаде конкретни шанси и затоа целта на овој натпревар на Мурињо е остварена. Само треба да внимава да не му се удри од главата тоа и да не го употреби уште еднаш, затоа што на сила двапати не бива.
 
Член од
25 август 2009
Мислења
2.078
Поени од реакции
1.243

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Па вие највеќе се буните. Ај фановите на Ливерпул ќе ги спомнеме.
@RickyLFC9 и @Peja989 што зборите цело време за играта на Челзи вчера? Се плашите за во недела? :icon_lol:
Не се плашам од пластика :sneaky:
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Ова е од вчера,мада инекциите ќе му помогнат.Се надевам ќе игра како Руни.

5:20

 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.262
Незнам дали некој го ставил (неможам да читам 120332409213 страни), ама :pos::pos:

Дојдов за буквално да го пишам истово :D



Ма да не ми е гајле што мислат сите ова вчера не беше автобус игра на Челзи.
Беше дефанзивно поставена игра. И нема ништо грешно со тоа. Челзи дури и имаше неколку шанси, а Атлетико реални да бидеме немаше ни една баш 100% шанса.
"Автобус" беше првата Челзи-Барса, каде што Барса имаше неколку 100% шанси па Челзи изигра максимално тактички во цел да го задржи водството.

Ако Челзи победува и добива позитивни резултати не ми е гајле дали во реваншот ќе излеземе со 10 одбранбени играчи. И Хитлер мудро ја нападнал Русија па.. :ROFLMAO:

А да, сфаќам зошто на некој не му е атрактивна играта, ама реални да бидеме никој не е должен да игра фудбал по кој што некој дома ќе :drk: кога ќе му снема интернет.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.600
Поени од реакции
18.027
Имаше еден пост вчера - Се браневме ко мажи, напаѓавте ко пички - што најдобро ја опишува вчерашната утакмица. Не дека го бранам Мурињо и тоа што набутал 11 души у 16 - ник, тоа и се очекуваше и не е единствениот кој што го направил тоа у Лига Шампиони оваа година, чудно ми е што никој не го критикува Атлетико Мадрид и нивниот напад кој се состоеше исклучиво од нафрлени топки на Раул Гарсија и Диего Коста, абе еден пас не сврзаа у 16-ник. Не знам што им е проблемот, ама ова е втора млитава утакмица после тоа со Елче. Симеоне рече дека ќе играат финале, чим ќе играат финале мора да се класа тим, а класа тимовите знаеле да искочат на крај и со одбрани ко таа на Челзи, дури мислам и свесно им ја препуштаа играта и топката пошто делуваа крајно неспретно и не знаеа што да прават со неа. И од сите шутеви со глава на Раул Гарсија сите отидоа у гол аут.

За вечер Баерн фаворит, ако не играат Бејл и Кристијано ќе биде многу тешко па мислам и невозможно да се даде гол, особено што Реал се психолошки лабилни кога им фали нешто.
 

OziLLLL

MADRIDISTA
Член од
8 октомври 2008
Мислења
3.334
Поени од реакции
1.892
Neuer; Rafinha, Boateng Dante, Alaba; Lahm, Schweinsteiger, Kroos; Robben, Ribéry y Mandzukic.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.505
Поени од реакции
62.325
Леле бе, чорапите на Бекембауер ...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom