The White Stripes

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
White_Stripes_Desktop-1024x819.jpg

Приказната за The White Stripes започна 1997 во Детроит, кога John Anthony Gillis aka Jack White го напушта местото тапанар во групата Goober & The Peas и основа нов бенд на кој му се придружува Megan Martha White. The White Stripes може слободно да се смести во друштво на The Strokes - The Hives . Прочитав некаде една теорија за бендовите кои започнуваат на “The” а завршуваат на “es” (колку и да изгледа смешна) можат слободно да ги сместиме во една група (да се споменат уште да речеме The Stooges, The Ramones, The Rolling Stones...), а и затоа што отприлика во исто време испливале на површина како “ спасители на рокот ”.

Користејќи само гитара и тапани, настапувале по детроитските underground клубови, се додека не ги забележала издавачката куќа Sympathy For The Record Industry која во 1999 година им го објавила првиот албум, снимен во рекордно време, со опрема далеку од врвна и за смешни пари. Потоа заминуваат на турнеја со Pavement и The Sleater-Kinney, а 2000 го снимаат својот втор албум "De Stijl" наречен по холандското ликовно движење од 20-те години на минатиот век, кој како што и самите велат, служи како главен извор за минималистичкиот пристап и визуелниот имиџ.

Како и секој друг “нормален” underground бенд кој нема кој да го истурка, им требало некаде околу 5 години за да конечно ги има во европските “легални” музички магазини, а не да се зборува за нив само во фан зоните по Америка. Како воопшто дошло да се пишува за нив, Jack ќе го објасни тоа вака некако: “ Слушнавме дека во Велика Британија можеш молневито да станеш познат, но уште побргу можат да те заборават, па одлучивме да се испробаме ”.

И се испробаа...

White_Stripes_Desktop-1024x819.jpg

Овој бенд беше најнеобичната појава во последно време. И не е поентата у тоа што Meg и Jack ги покорија алтернативните кругови, ниту во тоа што, ете двајца се, туку во тоа што нивната верзија на рокенрол е во исто време традиционална и авангардна и тоа на тој начин што тој спој дава резултат без преседан. Најинтересната ствар е во и тоа што нивната авангардност растеше напоредно со нивната популарност.

Симпатиите кај музичките критичари ги освоија со 'White Blood Cells', објавен 2001, кои покрај бендови како 'The Stokes' и 'Hives' ги прогласиле за лидери на новиот рок бран кој ќе завладее во светот на музиката.Исто така неколку најугледни англиски критичари нивнта музика ја споредиле со великаните како Џими Хендрикс или Секс Пистолс.

Се чини дека “White Blood Cells” е всушност оној албум кој ја “уби” деценијата, ја обележа, но им донесе и естетика и содржајност на The White Stripes како неповторлив бенд чиј минимилзам и едноставност е поголем од другите. Со “White Blood Cells” Jack и Meg White го реновираа автентичниот рокенрол, потпирајќи се на рифовите на Zeppelin, мелодичноста на Beatles, духовите на Robert Johnson и Hank Williams, искреноста на garage-punk и убавината на блузот. Третиот албум на The White Stripes, “White Blood Cells” звучи како детска игра, па дури и примитивно, но во исто време модерно, ефектно, еклектично, кул и сигурно. “White Bllod Cells” е едно големо и гласно парче на уметноста, давајќи им статус на The White Stripes на бенд кој се појави на сцената нестварно, но како да помина низ голема дупка на времето. Детроитската garage-punk сцена долго време во текот на годините се спремаше и нешто мораше да излезе на површина. “Hotel Yorba”, “Dead Leaves And The Dirty Ground”, “Fell In Love With A Girl”, “Little Room”, “We're Going To Be Friends”, пред се заосновани на прљави рифови кои во тогашната состојба на поп музиката, звучеа нестварно, надреално, диво и генијално.

Meg лупаше како да е ќерка на John Bonham, a Jack се покажа како од духови опседнат вокалист и неверојатно фасцинантен гитарист. Уствари времето што доаѓа ќе покаже дека Jack White е навистина едно генијално бате во полето на рокот и популарната музика на 21 век. Кога ќе се повлече линија, никој не ја обележа деценијата како Jack White, а сето тоа громогласно беше најавено со “White Blood Cells”, еден од најдобрите рокенрол албуми у целата историја на рокот.

White_Stripes_Desktop-1024x819.jpg

“Elephant” е елаборирање и доработка на таа идеја, но се чини дека ништо не може да ја надмине непосредноста, спонтаноста и разиграноста на “White Blood Cells” како “big bang” на рокенролот од 21 век.

"Elephant" сe дефинира како жежок и енергичен албум. Верувале или не, овој албум е снимен за неполни две недели во лондонското студио “Toe rag” со користење на аналогна опрема.

Веќе со воведната "Seven Nation Army" на слушателите им се дава до знаење дека ова не е уште еден во низата на просечни преџвакувања на стотина пати изведени рифови и делници, туку дека ова е повторно измислување на класичниот рок. И звучи добро! Така минималистички пристап, а така многу детали.

Она што Lars Von Trier претставува со својот филмски минимализам во кој постојат строги правила од кој не одстапува, тоа се во светот на музиката The White Stripes со својот звучен – не помалку важен – естетски минимализам. Фасцинацијата на Џек од бројот 3, личен имиџ заоснован на три бои и никогаш до крај разјаснетата мистерија дали се маж и жена или брат и сестра, ја заинтригирале јавноста и ги излудиле музичките критичари и новинари, кои залудно се обидувале да исчепкаат нешто од нивните приватни животи, но тие цврсто се држеа до ставот дека единствено нешто што сакаат да му го понудат на светот е нивната музика.

"Get Behind Me Satan" е снимен за само две недели, звучи прилично ретро, а тешките блуз-рок рифови како да го враќаат времето таму некаде во седумдесетитте. Мешавината од сиров блуз-рок, фолк и кантри, постојаната присутност на клавирот и нагласената акустичност се одлики на овој албум, кој претставува значително одстапување од звукот на The White Stripes (оној на кој сме навикнале) и ни нуди враќање на блуз корените.

Приказната за жал на сите нас ја заокружуваат со албумот "Icky Thump".

Во пораката која ја оставија велат : “ Веќе немаме намера да снимаме нов материјал и нема да настапуваме во живо. Причините не се креативните разлики, недостатокот на желба за продолжување на кариерата или здраствени проблеми, причините се бројни, но повеќе од се сакаме да ги сочуваме убавите спомени за бендот т.е барем такви да ги одржиме. The White Stripes веќе не припаѓаат на Мег и Џек. The White Stripes сега се ваши и со нив можете да правите што сакате. ? Убавината на уметноста и музиката, е вечноста, нормално ако луѓето тоа го сакаат. ” – стои во пораката.:(

Дискографија

1999 The White Stripes
2000 De Stijl -
2001 White Blood Cells
2003 Elephant
2005 Get Behind Me Satan
2007 Icky Thump

White_Stripes_Desktop-1024x819.jpg

Ете успеав некако да ги скоцкам и The White Stripes, служејќи се со рецензии, биографии и критики затоа шо само по себе некако бендов си наметнува, а и си заслужува ваква официјална џиш биографија и тема на Кајгана. Нели ?

И така...

Според анкетата која ја спроведи Rolling Stone они се најдобриот live бенд на светот според гласовите на публиката и мислењето на критичарите. Ма фантастични се! Колку е голем овој момент зборува и фактот дека The White Stripes се најдоа на врвот, но замислете пред бендови како Radiohead и Pearl Jam.

Ќе постојат секогаш муабети кои ја оспоруваат нивната големина, луѓе кои ќе ги сметаат за неивентивни, за неталентирани – ништо повеќе од просек – инвалидизирани музичари, невидени клептомани кои урнебесно успешно со помош на модерната продукција ги кријат украдените фори од старите мајстори на рокот, на моменти толку досадни и пластични шо звучат како пијани тинејџери кои ги учат првите лекции на рокот во немалтерисана гаража...

Но...

Постојат и таквите кои им се поклонуваат на нивното - едноставно до генијалност, на нивното од ништо создавање квалитетен неповторлив звук, на нивната гитара (не верувам дека постои листа на најдобри гитаристи во светот која не го вбројува Jack White) на нивната енергија, шарм, оригиналност, мистерија, доза на ексцентричност, визија, ентузијазам со големо Е.. На нивната музика ...

The White Stripes имаат се.

Црвено, црно и бело за вистински рокенрол.:)

Јас сум во вторите. Вие?

White_Stripes_Desktop-1024x819.jpg

Јас ќе бидам скромен во песните пошо така од мирноќа можам да изнапостирам све :)


 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.531
Поени од реакции
3.703
Единствен рок-бенд од 2000 па наваму, заедно со Арктик Манкис на кои што сум им купил албум. Elephant им е најдобро издание според мене, а на последните албуми како да ја изгубија таа жар од почетоците, барем според мој вкус, а уствари кога ќе видиш и таква е приказната на 99% од големите групи. За тоа дека звучеле добро во живо малку потешко, не дека не се добри музичари Џек и Мег ама немање бас-гитара мислам дека им е голем недостаток и за мене е несфатливо зашто како панк-бенд немаат. Како само би звучела во живо Fell in love with a girl со бас-гитара :vozbud:.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.370
Омилените :).
Се мислев дали да отворам тема, ама никогаш не би напишал ваков вовед (y).
Уникатни, неповторливи.Што и да се каже е малку.Да звучиш толку комплексно и сложено само со тапани и гитара е нешто што само мајстор како Џек може да го направи.Преголема штета е што се распаднаа, но така е тоа со великаните, опстојуваат кратко време со огромна енергија и додека трепнеш ги нема.Но, за среќа Џек се одлучи да продолжи соло и изваде добар албум :).
Да ја знаеш само Seven nation army е исто како да ја знаеш само Smells like teen spirit или само Stairway to Heaven од Лед Зепелин.Длабоко под овие најпознати песни е вистинската маестралност на Вајт Страјпс, Нирвана итн...
Одиме хронолошки со линковите :).

Првиот сингл

Првиот албум

De Stijl

White Blood Cells

Elephant

Get Behind Me Satan

Icky Thump

Според мене најдобрата изведба на Jolene, само со каква емотивност ја изведуваат

Џек Вајт без Мег, од неговиот прв соло албум

Да ме праша некој која ми е омилена песна нема да можам да издвојам ниту една.Дали не ми се допаѓа некоја песна? НЕ! Едноставно секоја песна, секоја изведба е :cuc:.
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
White Blood Cells ми е без сомнение омилен албум

:
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
Ај да ве видам само еднаш пуштете го! :D Ја само си пуштам од почеток пак и пак :D
 
Член од
4 септември 2012
Мислења
180
Поени од реакции
105
Претпочитам периодот со The Dead Weather. Во последно време станува многу комерцијален.
 
Член од
25 јуни 2015
Мислења
51
Поени од реакции
26
На денешен ден во 2007-ма, The White Stripes го одржаа својот последен концерт
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.247
Поени од реакции
27.611
Едни од поомилените бендови, штета што се распаднаа...
Омилената од нив
 

Kajgana Shop

На врв Bottom