Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.171
- Поени од реакции
- 34.298
Легендарните Rolling Stones во саботата одржаа еден од најголемите рок концерти во историјата на плажата Copacabana во Рио де Жанеиро, каде се собраа околу милион љубители на нивната музика.
За време на бесплатниот концерт, Ролинг Стоунсите изведоа песни од целата нивна кариера - хитови од своите рани почетоци, па се до песни од најновиот албум "А Bigger Bang" кој беше награден со Grammy.
Според проценките на полицијата, на концертот присуствувале околу милион луѓе, додека илјадници се собрале по улиците. Голем број луѓе го гледале концертот и од многуте јахти и бродчиња во заливот, хотелските соби по должина на авенијата Атлантик и главните улици до легендарната плажа.
Концертот во Рио е одржан како дел од светската турнеја под наслов "А Bigger Bang" која започна во САД. Рио де Жанеиро плати околу 750 000 долари за концертот да се одржи бесплатно, односно околу 16% од трошоците за него, додека останатиот дел од трошоците ги покрија телекомуникациските компании Motorola и Claro.
www.kajgana.com