The Residents

Член од
30 јуни 2008
Мислења
474
Поени од реакции
152
The Residents е амерички авант-гард бенд, формиран во текот на 60-тите години, никогаш досега ги немаат прикажано своите лица пред публиката, а на своите настапи најчесто носат маски во форма на око... Во нивната музика има многу симболика, според мене тие во нивните песни ја прикажуваат црната страна на човештвото, многу луѓе мислат дека нивната музика е ѓубре, и мене првиот пат не ми личеше на музика, но кога ќе се внесете во песната, кога малку ќе го сварите она што сте го слушнале, тогаш-како што велат Америте--it will blow your mind off :)

Иако сите песни им се феноменални, ќе издвојам две

1.The Gingerbread Man

2.Constantinople

Има некој друг на форумов што ги познава и ја слуша нивната музика?!
 

џо!

Фаличниот Ром
Член од
31 октомври 2009
Мислења
519
Поени од реакции
52
како што слушам се ми се чини дека не е музички жанр туку некој трет начин на раскажување приказна.
како приказната да е основниот мотив а музиката е тука само да го збогати и долови моментот.
psychodelic-cartoon music...:pipi:
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
За The Residents имам чуено одамна, и памтам дека имаат и дојдено во Македонија пред неколку години. Ги ценам како музичари и како уметници воопшто - нивното творештво не е само музика, како што се гледа; ама никогаш не би можел да ги слушам. Едноставно, премногу е авантгардно за мене. :)

Eве нешто познато од нив:


 

џо!

Фаличниот Ром
Член од
31 октомври 2009
Мислења
519
Поени од реакции
52
За The Residents имам чуено одамна, и памтам дека имаат и дојдено во Македонија пред неколку години.

-таќе ми беа познати нешто окцата што ги носат за маски од порано , дефинитли ги имам видено на постер негде порано...:nesvest:
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
474
Поени од реакции
152
@Коловрт
Како што има пишано еден на ЈуТјуб во таа песна е првата пародија на Slipknot дури и пред да биде тој формиран :helou:
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.789
Поени од реакции
6.992
Јас бев тука кога свиреа и ми беше добар настап,не ми беше некое преголемо доживување,затоа што не сум бил претходно во резидентс филм,не сум бил ни понатака,ама се нешто што е вредно да се слушне и разгледа.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Имам слушнато,ама немам преслушано ниедна песна.Музиката е интересна,несекојдневна,а посебно ми се допадна Constantinople,но не би можел да ги слушам секој ден.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
474
Поени од реакции
152
Имам слушнато,ама немам преслушано ниедна песна.Музиката е интересна,несекојдневна,а посебно ми се допадна Constantinople,но не би можел да ги слушам секој ден.
Пробај да најдеш лирикс, предобри текстови имаат :helou:
 

Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
831
Поени од реакции
1.457
Тhe Residents - авангардна американска група која постои од 1969 година. Важат за едни од најексцентричните музички појави воопшто. Нивните членови настапуваат секогаш зад маски (најчесто имаат маски на огромно око на главата) и до ден денеска не им се знае нивниот вистински идентитет, ниту пак имаат дадено некогаш интервју. Нивната музика може да се опише како експериментална, има и примеси на рок, електронска музика со многу психоделични ефекти и најчесто обработуваат апстрактни, надреални теми.

Нивните концерти, како и нивната се музика се далеку од конвенционални и претставуваат претстави со многу мултимедијални ефекти. За резидентс може да се каже дека се повеќе од арт колектив, туку и културолошко движење со своја идеологија.

Во својата кариера имаат издадено околу 60ина албуми и неколку куси музички филмови.
Некаде прочитав дека се омилен бенд на Чарли Шин, не знам колку е точно :)

јас лично воопшто не обожавам електронска музика (барем не конвенционална, клубска, а оваа e и прашање како може да се дефинира точнo), па самиот се чудам како може нешто толку тешко за слушање толку да ми се допадне. секоја чест за овие забеганици (y)

--- надополнето: 13 март 2012 во 02:33 ---
Ќе го заборавев и каверот на "Hit the road jack"


И предупредување, најдобро ваквата музика на слушалки се слуша (ако имате обични звучници), има многу стерео ефекти :)
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
The Residents се цареви, уште функционираат како состав, како што спомна погоре членот повеќе се како некоја куртулорошка атракција отколку како обичен бенд кој ќе направи само концерт. И овие беа во Белград 2003, ама немав пари да ги погледнам.

 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ми се оди на концерт...

 

Kajgana Shop

На врв Bottom