The Mothership Orchestra

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.367
Во подфорумов има теми и за кој треба и за кој не треба... Без оглед колку субјективно и да звучи ова. Затоа решив, за тие кои никогаш не слушнале, и за оние кои мислат дека музиката во Србија се движи од Цеца, преку Аца Лукас и Бобан Јаровиќ, па се до Тропико Бенд и Емина Јаховиќ, да го презентирам еден од моите омилени српски бендови:

The Mothership Orchestra



Станува збор за инди-рок бенд од Пожега, западна Србија, формиран во 2005 година од страна на поранешните членови на бендот Mothership, Лазар Шијак и Драгомир Смиљаниќ, и нивните пријатели Иван Трајковиќ и Иван Тешиќ, кој по некоја игра на случајност е формиран во Србија, иако по звукот нема шанси да се претпостави дека станува збор за српски бенд. По неколку месеци на бендот се приклучуваат и Марко Ќебиќ и Жељко Негиќ. Оваа постава во 2006 година го објавува EP синглот: „Walking the Dead".



Од овој „албум“ песните „Then She Kissed Him“ (мојата омилена) и „When the Sun Wants to Show (Something You Don't Know)" прават пукнатина во бариерата наречена турбо-фолк во Србија. По нив, српската музичка телевизија Метрополис ги прогласува за откритие за 2006. „Then She Kissed Him" во 2007 година се појавува на компилацијата „Нова српска сцена: Јутро ќе променити све“, манифестен албум кој критичарите го оценуваат како најсветлата точка на српската музичка сцена во последните години. Албумот е во издание на PGP RTS.



Во 2007 го објавуваат и вториот EP: „Everything and Nothing Tales".



И на ова EP повторно се појавуваат хитовските „Then She Kissed Him“ и „When the Sun Wants to Show (Something You Don't Know)", како и веќе познатата од претходниот EP - „The Way You Do“. Од тука јас би ги издвоил „Hummingbird Song“ и „London Breeze“.



Во меѓувреме Жељко Негиќ го напушта бендот, а се приклучуваат виолинистката Вера Буквиќ и фаготистот и пијанист Воја Јоциќ. Во оваа формација започнуваат со работа на деби албумот и продолжуваат со концертните настапи. Во јули 2010, пет години по формирањето, конечно излегува во продажба нивниот деби албум „Song for You“, најпрво како онлајн издание, за во декември 2010 да излезе и во хард копи верзија. „А Song for You“ го издаваат како деветчлен состав.



Првиот сингл од албумот е феноменалната „You Are Amazing“ - уште една од моите фаворити! По неа, како Божиќен подарок излегува и вториот сингл од албумот „Dare You“, кај мене највртената нивна песна за време на овогодинешните божиќни празници! За истата го снимаат и својот прв видео спот, кој е исто така одличен. Ако не сте слушнале за нив, а ве мрзи да ги ислушате сите овие песни, ви препорачувам да ја пуштите само „Dare You“. Ако не се вљубите на прво слушање, тогаш нешто не е во ред со вас!



Иако првенствено се окарактеризирани како Indie Rock бенд, јас би рекол дека не се само тоа, туку и Downtempo, Indie Folk и Baroque Pop. Во нивната совршена оркестрација и вонвременски аранжмани ќе слушнете еден куп инструменти: акустични и бас гитари, удиралки, виолина, мандолина, хармоника, усна хармоника, труба, флејта, клавир, фагот, виолончело, саксофон и контрабас. Реков дека основна карактеристика на мелодијата е богатата оркестрација, но и влијанието на Downtempo, British Folk, Dark Cabaret и Baroque Pop. Четворицата постојани членови се:
* Лазар Шијак (вокал, дајре, гитара)
* Иван Трајковиќ (гитари, придружни вокали)
* Иван Тесиќ (бас, контрабас и придружни вокали)
* Марко Ќебиќ (гитари, мандолина, усна хармоника, придружни вокали)

Очекувам реакции!

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom