t.A.T.u. - легендарни и неповторливи

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
Се формираа во далечната 1999 година, а се распаднаа пред само неколку месеци.
Единствениот руски бенд кој постигна толку голема светска слава за толку кратко време.
Скандалнозите Јулија Волкова и Лена Катина од рускиот бенд t.A.T.u. со својот имиџ на лезбејки ја потресоа музичката сцена во почетокот на 21 век, со милионски распродадени тиражи од нивната дискографија. Првиот албум насловен како 200 По Встречној, постигна огромен успех во Русија, а ја Сошла С Ума и Нас Не Догонјат станаа големи хитови кои се најдоа и на топ листите на радија надвор од Русија, шо што следуваше англиската верзија на истиот албум, насловен како 200 km/h in the Wrong Lane со хитовите All The Things She Said и Not Gonna Get Us.
Следуваат турбуленти години за бендот. Девојките решаваат да го сменат менаџерот, Иван Шаповалов поради лични и бизнис проблеми. Имиџот на лезбејки е срушен откако Лена е фотографирана од страна на папараците со својот тогашен дечко во еден клуб во Москва, а Јулија наскоро ја роди ќеркичката Викторија. Бендот се враќа на сцената со нивниот втор студиски албум Лјуди Инвалиды односно Dangerous And Moving, а песната All About Us станува хит ширум светот, како што Лјуди Инвалиды станува хит (и контроверзија) во Русија.
Бендот прави подолга пауза од студиото, а во меѓувреме го снимаат филмот You And I, заедно со американските актерки Миша Бартон и Шантел Ван Сатен, кој е базиран според книгата t.A.T.u. Come Back од Алексеј Митрофанов инспирирана од вистински настани. Филмот требаше да биде премиерно прикажан во 2008 година, заедно со третиот студиски албум на t.A.T.u., меѓутоа по повеќе одложувања на премиерата, бендот го објави албумот самостојно, насловен како Весёлые Улыбки. Филмот во почетокот е баниран, но беше дозволена премиера на истиот дури во февруари 2011 година. t.A.T.u. го објавија последниот заеднички албум, Waste Management (кој е англиски еквивалент на Весёлые Улыбки).
Во април 2011 година, меѓутоа, девојките од t.A.T.u. влегоа во меѓусебна караница, затоа што на Јулија не и се допаѓаше тоа што Лена пее песни кои вообичаено ги имаат пеано во дует на своите соло настапи. Бендот што цело време работеше со t.A.T.u. сега работеше со Лена, па Јулија побара свои права и го посака бендот за себе, што резултираше со распаѓање на истиот. Јулија за Лена изјави дека самата се дави во калта и дека доколку продолжи да пее песни што треба да бидат дует, ќе исчезне и никогаш нема да биде запаметена како Лена Катина, туку како една од девојките од t.A.T.u.. Лена се навреди од коментарот на Јулија, па напиша песна во чест на Јулија за која спотот беше објавен на 5 август оваа година.
Моментално двете девојки градат соло кариери, па допрва треба да видме што ќе излезе од тоа.
За мене, t.A.T.u. го претставуваат моето детство. Ги слушам од далечна 2003 година и се еден од најдобрите поп бендови што некогаш постоеле. Поновите албуми им се со многу посериозни текстови, но не го постигнаа успехот како првите два, затоа што очигледно не беа следени од скандли.
Дали вие се сеќавате на нив? Што мислите за t.A.T.u.? Дали некогаш ви се допаѓале? :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Какви неповторливи, комерцијала чиста. Да беа неповторливи немаше после настапот на Евровизија да бидат нит га чула нит га видела.
 

Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
383
пфф, овие може да бидат само неповторливи во нивната глупост... 2-3 сингла се изнадрапаа изполапаа и толку.
 

Capitano

...
Член од
24 октомври 2007
Мислења
1.344
Поени од реакции
137
Ме потсети на времето кога малку потешко се стигнуваше до порно... па Русинкиве беа прилично достојна замена :pipi:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Ако беа неповторливи сега немаше да гледам во постираните видеа за да се потсетам која им била музиката...
Лезбејки со дечковци и деца = лош маркетинг и менаџмент :pos:.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890
Лезбејки со дечковци и деца = лош маркетинг и менаџмент :pos:.
Bas dobar marketing i menadzment bese. Pred da priznaat deka ne se lezbejki nemaa deckovci i deca, i sekako, bea slavni. Posle toa propadnaa.

Nevertheless, pesnite im se super. Uste gi slusam nekoi:


 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.089
Поени од реакции
807
Ми се допаѓаат, ги слушам, но не ми се допадна нивниот последен албум, многу досадни песни.
Инаку омилена ми е White Robe :)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Неповторливи како и Лејди факинг Гага, така Исусе? :)
За разлика од Гага, барем на овие песните имаат многу бунтовничка енергија, додека на гага ти е исто те исто ко за мали деца
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не се ниту неповторливи, уште помалку легендарни, но рака на срце имаат неколку песни кои ми се допаѓаа... :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom