Tреба ли воопшто да учествуваме?

Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
Митрески претпоследен на 100 метри

Наум Митрески вчера го имаше премиерниот настап на европското првенство кое почна во Гетеборг, Шведска. Митрески се појави на патеката од 100 метри и истрча време од 11,12 секунди, што беше подобро само од еден учесник во квалификациската сесија, Кипранецот Атанасиу.

Во квалификациите на 100 метри во машка конкуренција вчера се појавија 43 атлетичари од Стариот континент, а Митрески на крајот се најде на 42. место. Најдоброто време во квалификациите го оствари Британецот Двејн Чемберс, кој патеката ја истрча со солидни 10,24 секунди. Португалецот Обиквелу (актуелен европски рекордер, 9,86 сек.), кој се чини ќе биде главен противкандидат на Чемберс за златото на 100 метри, вчера имаше второ време во квалификациите, 10,25 секунди.
На европското атлетско првенство во Гетеборг, разочарувачко издание и на Александра Војнеска во спринтот на 100 метри.

Исто како вчера Наум Митрески, таа беше претпоследна во утринските квалификации, 28-ма во конкуренција на 29-те атлетичарки што настапија во првата прелиминарна рунда во најкратката трка.

Резултатот што го оствари - 12 секунди и 15 стотинки, е за 41 стоти дел од секундата послаб од нејзиниот личен рекорд, односно за 24 стотинки послаб од најдоброто време што го има сезонава.

Последните двајца македонци, маратонците Трпе Мартиновски и Томислав Спасовски, ќе настапат на последниот ден од шампионатот.
Весна Стојановска под секое ниво

Со вчерашната дисциплина на 400 м слободно Весна Стојановска го заврши својето учество на ЕП во пливање во Будимпешта, Унгарија. И последниот настап не донесе ништо ново. Од натпревар во натпревар постигнуваше с$ послаби резултати. Кулминацијата, се чини, ја доживеа вчера кога во конкуренција на 28 пливачки колку што стартуваа беше последна, и тоа со резултат кој е далеку од нејзините можности - 4:35,01 мин, додека најдобриот пласман според времето, и тоа во квалификациите, го постигна на Л. Манауду (4:05,73 мин) од Франција или речиси 30 секунди подобро од Стојановска. Единствена добра страна со која може да се пофали е реакцијата на стартот, која, за жал, не се наградува со медали! Тука е на делба на 2. место - 0,77 сек!? Инаку, нејзиниот оптимален резултат на 400 м слободно се движи околу 4:15,00 - 4:17,00 мин, што во случајов ќе значеше пласман во 1/2 финале, а можеби и во финале.

Сличен дебакл доживеа и завчера, во саботата, на 200 м пеперутка кога во конкуренција на 25 натпреварувачки го освои 21. место со резултат од 2:18,10 мин.

По ваквите резлтати што да се каже. Ваков дебакл одамна не сме имале.
по последниве примери се поставува прашањето треба ли воопшто да учествуваме на вакви манифестации на кои место афирмација и популаризација на нашите спортови и поготова нашата држава ние доживуваме целосно понижување или сеуште ќе се водиме по изреката на кубертен дека важно е да се учествува.
Освен тоа, се чини, дојдено е времето за примена на крилатицата - "Дајте друго дете!" Друго чаре немаме. Можеби подобро ќе биде "дајте друг тренер!", кој знае? Нив е полесно да ги менуваш. Барем така е во светот, ама кај нас тренерите се вечни! До кога?
За сето тоа понекогаш потребно е самокритика, потези кои се карактеристика за големи луѓе, оставки. Тоа ќе значи дека имаме сили да создадеме достојни репрезенти. Во спротивно државата е таа која треба и мора да ги сопре финансиите. Или резултати или пари ќе нема. Ваков резилак не се трпи.
Сепак, најголемиот виновник се стручните служби во кои седат луѓе кои се декларираат за "големи" стручњаци.
Во таа насока оди и препораката дека дојдено е времето да дојдат луѓе кои барем нема да го срамотат нашето пливање,нашата атлетика... кои, рака на срце, и сега не се на некое завидно ниво. Зарем уште ќе слушаме демагогии кои општеството го чинат пари, пари кои ги плаќа овој народ, осиромашен и тоа преку разни основи.
 

Gravity Grave

Voice of the Voiceless
Член од
27 март 2006
Мислења
774
Поени од реакции
11
Не ми се верува ејјјј!!
Па јас што тренирав одбојка на мерења у фискултурно трчав под 12 секунди 100 метра! Немогуче е ова! 11:12 типов, 12:15 типкава?! Не, со вакви резултати секако дека не треба да учествуваме на вакви натпревари! Резил сине...
 

skorpija^m

seven & seven
Член од
5 мај 2006
Мислења
492
Поени од реакции
4
не сме ние за ова натпреварување бе срамота е аман :)
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
19
Епа да има кој да ги тренира и финансира лугево може и ке биде нешо од нив...вака џабе учествуваме...
Ама ако.....повеке искуство за нареднот пат :pos::pos: и важно е да се учествува па сеа резултатите не се важни
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
Резил настап и на маратонците
Трпе Мартиновски и Томислав Спасевски ја повторија катастрофалната презентација на македонската атлетика на европскиот атлетски самит во Гетеборг. На последниот ден од првенството Мартиновски и Спасевски со вајлд-карти се појавија на машкиот маратон на кој ги освоија претпоследното и последното место со рекордни заостанувања зад останатите, кои ја завршија трката.

Мартиновски заврши како 39. со време 2:54,46 часа, додека Спасевски го освои 40. место со време 3:04,38 часа. Мала утеха може да им биде фактот што 14 атлетичари не ја завршија трката, но резултатите кои ги постигнаа беа далеку од најдобрите. Мартиновски заостана зад првопласираниот Балдини од Италија цели 43 минути, додека Спасевски доцнеше зад најдобриот уште десет минути повеќе. Огромна е и разликата во однос на 38. на оваа трка, Норвежанецот Расмусен, кој заврши на оваа позиција со дури 24 минути подобро време од нашиот Мартиновски, а повеќе од половина час подобро време од Спасевски.

Организаторите на ЕП цели 25 минути ги чекаа само нашите маратонци да се појават на стадионот "Улеви" бидејќи сите други натпреварувачи веќе ја минаа целната линија.
еве само уште еден пример за настапите на нашите спортисти..:toe: :toe:
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
i uste eden primer...

Младата атлетичарка Александра Спасеска (16) беше побрза само од шест свои конкурентки во трката на 100 метри на Светското првенство за младинци во Пекинг, Кина. Таа е единствена претставничка од Македонија на ова натпреварување за атлетичари помлади од 19 години.
Во најбрзата атлетска дисциплина Спасеска постигна време од 13,30 секунди, што е еднакво на нејзиното најдобро време. Тоа беше доволно само за 58. место во конкуренција на 63 атлетичарки кои настапија во оваа дисциплина.
 

JuveFan

Џабарлак
Член од
11 мај 2006
Мислења
918
Поени од реакции
7
Абе тоа сега што не постигнуваат некои големи резултати тоа не значи дека не треба да учествуваме. Тоа што настапуваме на вакви работи се собира искуството, не може едноставно најдобри да бидеме. На крај че има некои што ќе се покажат сега за сега е убаво само тоа што учествуваме :) Имајте малку оптимистички размислувања :P
 
Член од
2 мај 2007
Мислења
50
Поени од реакции
0
Не е само нивна вината....нивна е само 20%од вината....
сите сме свесни какви се условите за тренирање во оваа држава...
јас тренирам одбојка 3ипол години и имам (едвај) 3тренинга неделно...друго дете во некоја друга земја за 1 недела има 5-6 тренинга, по-стручен кадар, и далеку подобри услови за тренирање.....
и се знае која држава ке има подобри играчи (во секој спорт)
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
mislam deka vo nekoj sportovi ne treba da ucestvuvame ali ne site:helou:
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
163
Во некои спортови треба, во некои не!

Ама во повеќето не треба дефинитивно!!!!!!!!
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Абе треба ама и треба некој и добар да учествува
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Нашиве имаат времиња и се понашаат на натпревари како од спиење станати да се.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom