Starowski band

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Ќе ја започнам темава со цитат од едно интервју со бендот Starowski
Еднаш одамна, сосема случајно, наоѓајќи се во Скопската чаршија, чув звук што дотогаш го немав чуено. Беше нешто ново, нешто многу нежно и пријатно за уво, нешто што на чуден начин го дефинира духот на ова поднебје… Потоа, откако открив за што се работи, музичкиот состав Starowski ми стана еден од омилените.
Започнаа со јавни настапи во 2010 година и веднаш, заслужено, си добија свое место под сонцето. Создаваат вонсериски емотивна музика, со текстови кои имаат подлабоко значење од вообичаените тралалајки и 90% од музиката која секојдневно ја слушаме, пренесуваат енергија која е незаменлива. Текстовите на повеќе песни се од македонската поезија, имаат направено неверојатен спој на музиката со поезијата и ја пренесуваат емоцијата неверојатно добро.
Се дефинираат како кабаре чалгија, кога ќе ги слушнете ќе сфатите точно што тоа значи.
Имаат пет члена: Верица Андреевска - Спасовиќ, Верица Недеска, Круме Стефановски, Дејан Спасовиќ и Јордан Костов, а често свират заедно и со други музичари.
Да не должам, прочитајте и слушнете што имаат дечките да кажат.



 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Фала ти Наташке, шо ми ги откри:cuc: еве јавно си кажувам дека ме регрутира у нивни најголем фан.

Ја подигаат поезијата на Петре Андревски, Блаже Коневски, Гане Тодоровски на едно ново повисоко ниво и ја чувствуваш нивната болка, нивната заљубеност, постоење, солзи, милиони изгрејсонца и зајдисонца...

Како пак, на прва продира нивната музика во човек шо просто те тера бесрамно да го отвориш срцето желен за уште толку многу Старовски и толку многу поезија....

Некако ме личи јас да ја ставам оваа песна :)


и пЉус

 

Kajgana Shop

На врв Bottom