Sleep paralysis (парализа во сон)

Член од
22 септември 2013
Мислења
43
Поени од реакции
12
Може и да ви е познат феноменот, али јас немав ништо слушнато до пред месец дена.
Една вечер, најобична како и сите други, заспав али сонот некако беше премногу реален. Се разбудив во некоја полусвесна состојба, буден си али имаш чувство дека уште спиеш, легнат на грб (никогаш така не спијам, никогаш) препотен и чувствував присуство во собата (спијам во соба од 9 квадрати). кога пробав да станам сфатив дека можам само очите да ги мрдам, се друго ми беше како да не е моето тело, имав само напрегања но не можев никако да мрднам. Тоа траеше отприлика некои 5 минути, али имав чувство дека трае цела вечност. Неам поима како сум заспал после тоа. И што е најчудно, не се сеќавав на ова коа се разбудив воопшто, како да не било, се' додека една другарка не ми спомна нешо како лошо спиела (тоа беше 3-4 дена после тоа). Ѝ го раскажав истото, ми кажа дека е чест феномен, парализа во сонот. Ви се случило некогаш, сте слушнале за истово? Што доведува до ваква состојба?
 
Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.007
Може и да ви е познат феноменот, али јас немав ништо слушнато до пред месец дена.
Една вечер, најобична како и сите други, заспав али сонот некако беше премногу реален. Се разбудив во некоја полусвесна состојба, буден си али имаш чувство дека уште спиеш, легнат на грб (никогаш така не спијам, никогаш) препотен и чувствував присуство во собата (спијам во соба од 9 квадрати). кога пробав да станам сфатив дека можам само очите да ги мрдам, се друго ми беше како да не е моето тело, имав само напрегања но не можев никако да мрднам. Тоа траеше отприлика некои 5 минути, али имав чувство дека трае цела вечност. Неам поима како сум заспал после тоа. И што е најчудно, не се сеќавав на ова коа се разбудив воопшто, како да не било, се' додека една другарка не ми спомна нешо како лошо спиела (тоа беше 3-4 дена после тоа). Ѝ го раскажав истото, ми кажа дека е чест феномен, парализа во сонот. Ви се случило некогаш, сте слушнале за истово? Што доведува до ваква состојба?
Кај мене најчесто ова се дешава кога сум многу уморен.
Или пак кога сум многу уморен и сум станал од спиење неколку пати и ми се пореметил сонот.

У кратки црти парализа се случува кога мускулите во твоето тело се "закочени"(како и што треба да биде у нормален сон,тоа е одличен начин на телото да те спречи да не се повредиш во сон),а ти си буден.
Често луѓето го искусуваат ова со отворени очи и парализа во сон каде што гледаат темни фигури или сенки како идат накај нив или ги дават.
Карактеристично за ова е дозата на ирационален страв и што се случува при овој процес.

Јас поради нерегуларно спиење знаеше многу пати да ми се случи.
Го надминав поради што почнав доста ефективно да го контролирам сонот(заборавив како се викаше тоа,мислам дека се викаше луциден сон) и добар сон во регуларно време.

Кај мене секогаш ова се случувало со затворени очи и не сум гледал сенки туку сум слушал страшни гласови.
Ова може да ти се случи и при умор дење,и да слушнеш рандом гласови или звуци(не страшни) и да мислиш дека е реално.
Тоа е бувкално твојот уморен мозок.

Исто така внимавај и дали јадеш нешто тешко пред спиење(или јадеш многу) и како спиеш.Ако спиеш на грб често може да ти се деси тоа и да чувстуваш гушење на градите.

Ништо страшно,доста честа појава митологизирана од памтивек,но навистина непријатна :)
 
Последно уредено:
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Еднаш ми се има случено и се надевам никогаш повеќе:) Немаше некоја причина колку што се сеќавам и секогаш спијам супер (не сум имал проблеми со спиење никогаш). Истото ми се случи и на мене со таа разлика што пробав и да викам ама без успех. језиво:) После некоја минута се олабавив и си станав.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.840
Поени од реакции
24.272
Знаеш како викаат, не си искусил вистински страв се додека не ти се десило sleep paralysis. Многу непријатно искуство, поготово првиот пат коа ми се случи. Исто легнат на грб, отварам очи, свесен што се дешава околу мене, а не можам да се мрднам. На ѕидот до мене ми се појавуваа сенки како влагаат и излагаат од мене, не можеш да викнеш. После неколку секунди почнав да мрдам, цел испотен и онаков си викам што кур ми се деси, демонот влезе во мене. :D

Појма немав што се дешава, брат ми ми кажа дека е sleep paralysis и дека ништо лошо не може да ти се деси, само е страшно. После тоа ми се има десено уште 2-3 пати, али почнав да го контролирам. Коа и да ми се деси следен пат, зашто веќе знам што е и знам дека ништо лошо не може да ми се деси, си викам само во себе "океј е, sleep paralysis ми се дешава, не паничи" и ми проаѓа за неколку секунди и си продолжувам да спијам.
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.610
Поени од реакции
11.154
Страшно, многу страшно искуство. Ми се има десено еднаш или два пати.
Истото ми се случува и мене како што напишавте погоре, само додека уште лежам, освен тоа што сум свесен и гледам разни сенки, осеќам и како да се гушам, а кога ќе изрипам од креветот и јако лупање на срцето.
Имаше една статија за ова на нет, ако ја најдам ќе ја пастирам.

http://www.fakulteti.mk/news/13-02-22/shto_e_paraliza_vo_spienjeto.aspx
 
Член од
22 септември 2013
Мислења
43
Поени од реакции
12
What the actual fuck... еднаш и никад повеќе ако има Господ...
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.082
Поени од реакции
447
повеќе пати ми се има случено, првиот пат е непријатно и језиво ама после се навикнуваш, најчесто имам приметено ако легнам преку ден да спијам се случува, а и навечер понекогаш
 
Член од
9 мај 2015
Мислења
224
Поени од реакции
83
Мене ми имаше кажувано една другарка,истото и се случило ама таа не гледала сенку туку летећи курац
 

HellRaiser

Реметам кајганџии
Член од
1 јануари 2014
Мислења
815
Поени од реакции
854
Мене ми имаше кажувано една другарка,истото и се случило ама таа не гледала сенку туку летећи курац
Ред булот и се има истурено врз дилдото затоа.
 
Член од
22 септември 2013
Мислења
43
Поени од реакции
12
Мене ми имаше кажувано една другарка,истото и се случило ама таа не гледала сенку туку летећи курац
уште тоа да ми се деси и го викам татко ми до мене додека спијам
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Доста одамна и мене ми се имаше случувано пред 8 год, знаев дека не е проблем со мене нешто туку нешто ме напаѓаше и тоа траеше, потоа беше и почесто. Немав мир веќе но една вечер почуствував дека Господ може да ме спаси од тоа со неколку збора се помолив да запре тоа и навистина запре и следуваше мир по тоа во мене, знам ако искрено со свои зборови човек се помоли на Господ Исус Христос таа парализа веќе нема да се јавува. Исто може со свои зборови исповед да се направи зашто гревот е врата за напади врз нас а Исус плати за сите наши гревови ова функционира и за други ситуации во животот.
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Некогаш мислам дека сум мртов кога ми се случи парализа при спиењето... и после неколку секунди ,,еј абе жив сум бил" најмрднат феномен, дефинитивно!
 
Член од
31 јули 2012
Мислења
29
Поени од реакции
43
Мене ми се случи пред некое време и траеше прилично долг период, отприлика цел месец декоја вечер. Само што, јас спијам, и сонувам дека се гушам, и свесна сум дека не е сон и се случува да почнува да сфаќам дека не е веќе сон и почнувам да се гушам во реалноста, а не можам да го помрднам телото, иако свесна за тоа што ми се случува. Тогаш се будам, т. е. рипам од кревет, до перницата гушната врџ моето лице. И излегува дека сама се гушам, а не сум свесна, а во исто време ми се кочат мускулите и не можам да мрднам, и се наоѓам во состојба помеѓу сон и јаве... Сега спијам без перница, за жал... ;)

Sent from my A0001 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom