Sigur Rós

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Sigur Rós се пост-рок бенд од Исланд. Од таа прекрасна земја каде што границата меѓу музиката и магијата е неиздефинирана. Името им потекнува од помалата сестричка на главниот вокал Jónsi. Овој бенд музиката ја прави толку креативно што најпрвин е тешка за слушање, длабоко во себе криејќи генијалност. Не е обичен пост-рок во кој владее гитарата и по некој пропратен инструмент давајќи ти само бекраунд чувство дека е присутнен. Дечкиве прават музика за која многумина на прво слушање ќе си речат wtf и ќе баталат. Дајте им шанса, жити се.


Бендов е создаден 1994 година во Рејкјавик. Главни членови на бендот се гореспоменатиот Jónsi како главен вокал кој има и успешна соло кариера. Georg Hólm, and Ágúst Ævar Gunnarsson се останатите двајца членови од овој бенд.

Најпознатиот официјален албум со кој ја стекнуваат славата, воедно нивни втор, Ágætis byrjun им искочи 99' година и бргу се разбра за неговиот квалитет. Овој албум е познат по тоа што стана првиот албум сниман со гудало од виолончело на електрична гитара, добивајќи течен звук и виртуозни ноти. Познатиот Birgisson’s signature style.

Во нивната кариера имаат соработувано со многу музички ѕвезди, најмногу со Radiohead компонирајќи песни за разни настани.

Листа од нивните албуми:

-Von 1997 година-деби албум на кој снимањето се пролонгирало доста време
-Von Brigði 1998 година -ремикс од првиот
-Ágætis byrjun 1999 година
-( ) -името чудно, албумот уште почуден. Составен од 8 песни и поделен на два дела, првите четири се по лесни и оптимистични додека вторите се мрачни и психомелахонични.
-Takk... 2005 година
-Hlemmur 2007 година
-Með Suð Í Eyrum Við Spilum Endalaust 2008 година
-We Play Endlessly 2009 година
-Inni 2011 година
-Valtari 2012 година
-Kveikur 2013 година



Знам дека тука има обожавачи на ваквата музика, па дечки бујрум.
 

Josef K

трагач
Член од
4 јануари 2014
Мислења
193
Поени од реакции
690
Слушалици на уши, Sigur Rós во позадина и скитање по сивиот град од бетон и арматура. Знаат мозокот решето да ми го направат. Посебно у вакви безвезни зимски денови.

Инаку за мене Takk... е најдобриот албум на Sigur Rós. Glósóli, Hoppípolla и Gong се мастерпис. Особено последнава ми е омилена.

 
W

Werther

Гостин
Turvior ми прати еден сајт со бендови (пост-панк, гот-рок, индастријал...) пред некое време, и ги имаше овие, така и ги дознав. ОК, бенд, но ништо посебно.

Еве една убава песна:


П.С. Каде можам текстовите да ги најдам ? Линк ?
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
бендов го открив сосема случајно пред околу 10-ина години. и од прва ме плени. кај изведувачите секогаш барам интегритет, сопствена идеја и реализација (во ова спаѓаат и преработки). стилот не може да се дефинира (и на многу други изведувачи), иако ендрју ги стави во пост-панк, но се идеални за опуштање, или пак за музика во “позадина“. под позадина подразбирам на музика која свири додека се дружиш со своите пријатели, а таа воопшто не ти пречи во таа комуникација, а во исто време “курвински“ влијае на твоето расположение и динамиката на комуникација. и најчесто ги пуштам на такви “собиранки“. и скоро секогаш при крај на дружењето има коментари “кои се овие“ “супер се, не замараат“, и нормално ако има време им правам ЦД за по дома
мене лично ми се допаѓа спојот што го прават со природните звуци и инструментите. дури некако и тантрички ми делува(y)
за сега успешмо се справуваат со глобализацијата и не делува на нивната креативност.
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
На англиски. :)
Не сум сигурен дека има специјална страна за сите песни со превод на англиски, ама ја коа сакам да ја преведам го пишам името на песната на гугл и lyrics on english. Ако има за таа песна, искоче. Ако не можеш да се снајдеш кажи за која песна, ќе пробам да најдам.
--- надополнето: 8 јануари 2014 во 15:50 ---
бендов го открив сосема случајно пред околу 10-ина години. и од прва ме плени. кај изведувачите секогаш барам интегритет, сопствена идеја и реализација (во ова спаѓаат и преработки). стилот не може да се дефинира (и на многу други изведувачи), иако ендрју ги стави во пост-панк, но се идеални за опуштање, или пак за музика во “позадина“.
Пост-рок. Светлосни години се далеку од пост-панк. :)
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Пост-рок. Светлосни години се далеку од пост-панк. :)
е добро де, ама ме искара :place: поентата ми беше дека не можам да ги класифицирам тие групи. се некако ми е изсилено ако ги вметнам некаде. едноставно се сами за себе свој правец :D
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
е добро де, ама ме искара :place: поентата ми беше дека не можам да ги класифицирам тие групи. се некако ми е изсилено ако ги вметнам некаде. едноставно се сами за себе свој правец :D
Не те искарав, зборо ми беше дека тие два правци се премногу различни да се помешаат. :D
Иначе лесно се класифицираат во пост-рок и амбиентална музика со слоукор елементи. Немаат премногу нагли експериментирања за да не можеш да се снајдеш.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.714
Поени од реакции
33.356
Типичен исландски меланхоличен пост-рок (ако можам така да ги наречам), Sigur Rós се и меѓу моите најомилени бендови. Едно време бев многу заразен со музиката од Исланд. Ги убив од слушање и нив, и Retro Stefson, Soley, Seabear, múm, Rökkurró, Ólöf Arnalds, Of Monsters and Men, Mugison, Jónsi, Emiliana Torrini, Árstíðir, GusGus... Жанровски се сите различни, единствено што ги поврзува е Исланд и таа некоја чудесна меланхолија која сите ја носат во себе а што мене ме плени. Дури и тема отворив еднаш за музиката од Исланд. :P

Оваа ми е една од поомилените:


Инаку, вокалот на Sigur Rós, Jónsi не е тој Jónsi што има соло кариера. Солистот е Jón Jósep Snæbjörnsson - Jónsi кој два пати го претставуваше Исланд на изборот за песна на Евровизија. Вокалот на Sigur Rós се вика Jón Þór Birgisson - Jónsi, и освен во Sigur Rós, настапува заедно со колегата и партнер Alex Somers во дуото Jónsi & Alex (свират амбиентална музика, поекспериментална од онаа на Sigur Rós, но освен по креирањето на амбиентална музика, познати се и по созавање на визуелни уметнички творби, пред се: фотографии и слики кои ги објавуваат освен на изложби, и во печатени изданија како книги).

EDIT: Ги заборавив во листата погоре Bloodgroup и Ólafur Arnalds.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Не те искарав, зборо ми беше дека тие два правци се премногу различни да се помешаат. :D
Иначе лесно се класифицираат во пост-рок и амбиентална музика со слоукор елементи. Немаат премногу нагли експериментирања за да не можеш да се снајдеш.
знам дека не ме “караше“ сериозно, али ДА, во право си за грешката, .......... на раб сум па имам и други мисли во глава.
тоа дека најмногу спаѓаат во слоукор, ДА, али сепак, има некоја жичка која ги одвојува и според мене не би ги ставил во класични слоукор групата. но се е до перцепцијата, но веруј, одамна имам престанато да ги класифицирам музичарите, многу одамна. едноставно уживам во нив, а дали е треш метал, или индустријал ....... сеедно ми е. и две ги сакам :love:
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Инаку, вокалот на Sigur Rós, Jónsi не е тој Jónsi што има соло кариера. Солистот е Jón Jósep Snæbjörnsson - Jónsi кој два пати го претставуваше Исланд на изборот за песна на Евровизија. Вокалот на Sigur Rós се вика Jón Þór Birgisson - Jónsi, и освен во Sigur Rós, настапува заедно со колегата и партнер Alex Somers во дуото Jónsi & Alex (свират амбиентална музика, поекспериментална од онаа на Sigur Rós, но освен по креирањето на амбиентална музика, познати се и по созавање на визуелни уметнички творби, пред се: фотографии и слики кои ги објавуваат освен на изложби, и во печатени изданија како книги).

EDIT: Ги заборавив во листата погоре Bloodgroup и Ólafur Arnalds.

Ето видиш ова не сум го знаел. Фала! (y)
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Одлична тема. (y)
Карактеристичен северен, депресивен и меланхоличен звук. Ги дознав од 103ка. Сега секое сабајле кога одам на работа, слушалките и во бус ги слушам. Не поднесувам гужва рано наутро, а со нив полесно ми оди некако.

 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
мислам дека и @parvati треба да пише за нив нешто
пред некое време му беа на темата “што слушате во моментов“ па еве знаејќи дека е нивни фан да си каже импресии
 
P

parvati

Гостин
мислам дека и @parvati треба да пише за нив нешто
пред некое време му беа на темата “што слушате во моментов“ па еве знаејќи дека е нивни фан да си каже импресии
Јеј брадр
Грешка си, да не мислеше ти на royksopp ? : )
А за овија чуја сам ама не сам голем фан
Убава и чудна музика,разд'нување,фабула,заплет расплет и опет затфараш очи, сфака трака посебна прича, трип : )
 

Kajgana Shop

На врв Bottom