SV-Strange
Sorcerer Supreme
- Член од
- 27 август 2007
- Мислења
- 3.604
- Поени од реакции
- 367
Синоќа, баш мислејќи се што да правам, еден другар ме покани да одиме на свирка на Shine, сум чул за бендов, ама некако ич не ме фаќало мерак да одам. Настапуваа во Gala Live (Глобал, Струмица) и сум стварно импресиониран од настапот. Муабетот ми е, дека се виртуози, и двајцата, иако не сум многу по таа музика поминав феноменално, имаа и еден одличен drum-set и луѓето спобудалеа, немам зборови. Ваши искуства со бендот, сте биле на настапи, мислења?
Превземено од нивниот myspace профил:
SHINE е формиран во 2008 година во состав од Јордан Манов и Дамјан Пејчиноски. Талентот за музика кај двајцата е откриен уште од мали години. Постепено започнуваат со настапи и членуваат во повеќе групи, за да на крај, секој ја пронајде својата специјалност во музиката и финалниот производ SHINE. Мултиинстументалистот, Јордан Манов, потекнувајќи од музичко семејство уште од рана возраст започнува со свирење на тапани. На 13 –годишна возраст започнува со настапи на повеќе манифестации во републиката и надвор од неа, како и воедно се здобива со многу награди и признанија. Од повеќето награди и настапи, како позначајни би ги издвоиле: 2003 година награда за најдобар соло концерт, 2004 година награда за најдобар текст и музика, истата година го отвара големиот концерт на легендарните Boney M во Хрватска. Во 2005 година учествува како пред група на концертот на Дивље Јагоде во Белград , а во 2007 година,заедно со Дамјан Пејчиновски, го завршуваат мајсторскиот клас кај еден од најголемите џез музичари во Бугарија – Милчо Левиев. Гитаристот, Дамјан Пејчиноски започнува со свирење од 6 годишна возраст, меѓутоа, првата средба со музичкиот свет и сцената ги открива малку подоцна. Започнувајќи со јавните настапи публиката имаше можност да се запознае со неговиот извонреден талент и техника. Во 2002 година победува на Рок Фест, гитаристот Влатко Стефановски лично му ја врачува главаната награда (гитара), 2008 година настапува на големиот концерт на браќата Тавитјан во Универзална сала. Мај 2009 е избран меѓу илјадници гитаристи од целиот свет да настапи на финалето на најголемиот светски натпревар за гитаристи “Guitar Idol” во Лондон, заедно со уште 11 конкуренти ширум светот. Неговата виртуозност ја покажува на неколку on-line натпревари: Второ место на натпреварите "Strings on fire" и "Truth in Shredding" на кои учествуваа повеќе од 500 учесници од цел свет. И двајцата соработуваат со повеќе реномирани музички имиња на македонската сцена. SHINE , за нив би рекле дека се само двајца музичари кои се трудат да звучат како цел бенд.
Facebook fan club
MySpace