Serie A 2016/2017

Кој ќе го освои Скудетото?


  • Вкупно гласачи
    170
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 август 2010
Мислења
38.034
Поени од реакции
106.826


Дојде време да се види кој тим ќе го зацрнам, а на кој тим ќе му донесам највеќе среќа во мај 2017. Не сум многу познат по носењето среќа така да не се надевајте многу на успех на вашиот тим оваа сезона. (сега следува рандом досетка од Џонтра: Стек ти не можеш вода во стомна да носиш не па среќа да донесеш :D )

Претходната сезона титулите во купот и лигата ги освои Јувентус. Во купот Јуве го совлада Милан во продолженијата, откако во регуларниот дел беше 0-0.

Новата сезона започнува на 21 август, додека истата ќе заврши на 28 мај. Супер Купот сеуште не е дефинирано кога ќе се игра, веројатно тоа ќе биде во некое off коло есенва или зимоска. Во првото коло Јувентус ќе игра со Фиорентина, што значи дека уште одма имаме дерби, Интер му гостува на Киево, Рома го пречекува Удинезе, Наполи гостува кај Пескара, а Милан не постои. Првото derby d'Italia се игра на 18 септември, во 4-то коло, а Интер го пречекува Јувентус. Првото derby della Madonnina се игра на 13 ноември, а Милан ќе фигурира како домаќин против Интер, а додека својот прв меч Милан и Јуве ќе го одиграат на 23 октомври во 9-то коло. Вака на прв поглед Јуве има заебан распоред на почетокот, како што реков Виола во првото коло, во второто против Лацио во Рим, па во четвтото против Интер во Милано.

Во новата сезона сите влегуваат со надеж дека конечно ќе го симнат Јуве од тронот и ќе допринесат за малку промени во Серија А. Но, како тргнале работите нема да биде така. :D Јувентус и покрај тоа што има најсилен состав, највеќе пазари, барем до сега. Пјаниќ, Дани Алвеш, Пјаца и Бенатија, а пред излезни врати е Пол Погба кој најверојатно ќе се пресели во Манчестер Јунајтед за рекордни 120 милиони евра. Јуве исто така е и во трка за Игуаин.

Рома го доведе Хуан Хесус од редовите на Интер, на позајмица секако, со можност за право на откуп, све да им ебам за ова. :kuracc: Од останатите, попознат е само Паредес кој дојде од Емполи и ако не грешам го вратија и Итурбе од позајмицата во Борнмут.

Милан сега за сега го купија само Лападула, а се шпекулира дека ќе ни го шитнат на нас Витсел, али сеуште не се знае. :icon_lol: Инаку да напоменам дека нов тренер на Милан е Монтела кој го замени Михајловиќ кој патем е нов тренер на Торино.

Интер до сега ги зема Банега на free transfer, Ансалди и Еркин ака осата. :vozbud: Се споменува трансфер на Кадрева во скоро време, но да не брзаме додека не се официјализира работата. О круцијално значење за тимот е останувањето на капитенот Икарди, за кого се шпекулира дека може да се пресели во Атлетико Мадрид или Арсенал.

Наполи до сега ги купи Тонели и Џакерини, а како што реков погоре сеуште трае сагата околу Игуаин и Јувентус и не знае дали Гонзало и натаму ќе остане во Неапол.

Што се однесува до тренерите, идеме со ред (тие што немале смена на тренер не ги споменувам):
Аталанта - Џан Пјеро Гасперини
Милан - Винченцо Монтела (@Марли :icon_lol:)
Удинезе - Џузепе Јакини
Емполи - Џовани Мартускиело (или како и да се чита)
Торино - Синиша Михајловиќ
Џенова - Иван Јуриќ
Кротоне- Давиде Никола
Сампдорија - Марко Џампаоло
И доаѓаме до Лацио кои го потпишаа Биелса и одма го раскинаа договорот поради несогласувања со управата па така Симоне Инзаги повторно ја води екипата. (ако не сум грешка за Инзаги)

Како што гледате има доста тренерски смени, според мене треба да се обрати внимание на Џенова како екипа заедно со нивниот тренер Иван Јуриќ кој го однесе Кротоне до пласман во Серија А претходната сезона. Интересни ќе бидат и Торино со Синиша и братот Љаиќ, гарант ќе се дават на сред утакмица. :D

Топката со која ќе се игра следнава сезона изгледа вака:


П.с. И така додека го пишував воведот, гледав Дастин Браун-Фелисијано Лопез на стрим, а Јуве-Мелбурн на ТВ, коментаторот кажа дека Јуве го потпишале Игуаин за не знам колку многу милиони евра. Официјално све да им ебам :icon_lol: Али ај, бар ќе се бориме за второ место со ослабените Наполи. :cool:

П.п.с. Ако има некоја грешка во трансферите или треба да се додаде некој, слободно кажете, никад нема да го додадам. :D

П.п.п.с. Очекувам сезонава да има уште повеќе препукувања и жар во однос на претходната, затоа што некако ко да бевме паднати малце, што знам. Не смееме да дозволиме ПЛ или Примера да се издигнуваат над Серија А, Бундесот не го ни спомнувам затоа што не постои. :pos:
Забрането е банирање на Дарко Уфо, Пеџа слушаш ли да ти ебам тоа зашеќераната фаца? Исто така очекувам мега јаки досетки од најголемиот трол на форумов, а и пошироко, веројатно и потесно, Марли ака ди Мастер трол од падините на Шар Планина. :cool: Тоа е тоа, ја и Џонтра стандард ќе форсираме, Џонтра може ќе му текне и поимот пролетен шампион, Мондонико ќе тера експертизи, Син ќе умара со тоа мртвата латиница, никад никој нема да го прочита, итн итн.

До 21 август ќе се дешава ова:
 
Последно уредено:
D

Darko_ufo

Гостин
Ваков текст дури ни Џонтра нема напишано на писмените по македонски јазик, ама добро он не се замарал многу со школото ради фудбалот (ист е како Брозо минус парите). Браво, со вовед, главен дел и завршен, многу добар 3-.

Ајде да видиме оваа сезона дали ќе има плачки :D
 
Член од
6 април 2014
Мислења
4.929
Поени од реакции
6.094
Игуаин во Јувентус за 94 милиони евра. Very good bitches;)

 
D

Darko_ufo

Гостин
Дај некој Јувенташ нека пише како го замислува првиот тим со сите овие засилувања (со Игуаин без Погба). Инаку 94 милиони се стварно премногу за Игуаин дури и на две рати, реална цена нека биде 50 милиони.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.046
Поени од реакции
17.711
Буфон- Барзаљи (Бенатија), Бонучи, Киелини- Лихштајнер (Алвеш), Кедира, Маркизио, Пјанич, А.Сандро-Дибала-Игуаин*

Се разбира доколку не дојде Игуаин во нападот Манџукич или некој нов напаѓач, а пак додека се врати од повреда Маркизио верувам дека ќе се донесе нов играч од средниот ред.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.492
Поени од реакции
80.551
3-5-2

................................Буфон..............................

......Барѕаљи.......Бонучи............Келини.......

Лихт/Алв......Кедира...Пјаниќ...Марки....Сандро

..............Дибала...............Игуаин......................


4-3-1-2

.............................Буфон.........................

...Лихт/Алвес....Бонучи....Келини....Евра

........Кедира......Маркизио.... Нов Играч

..........................Пјаниќ...........................

......................Дибала......Игуаин...........

4-3-3

.............................Буфон.........................

...Лихт/Алвес....Бонучи....Келини....Евра

.................Кедира.....Пјаниќ....Маркизио...

..............Дибала......Игуаин.........Пјаца
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.038
Поени од реакции
12.459
Пепел ќе напраи и годинава Јувентус :place:
Јебига стана лигава како смрдената бундес,со една екипа 10 скали над другите.Само за 2ро место ке биде интересна борбата.
Исто ќе биде јако ако наполи сеа ни го лапне капитенот за некои 50-60 милиони еура.Вардар нема да не испере од срамовите што ќе ги изедеме како некогашен гигант!
 

interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.416
Поени од реакции
3.634
Искрено Јуве има страшен тим, навистина веќе не се замарат со Сериа А, туку цепат кон ЛШ со овие трансфери, бидејќи не гледам потреба да се дават 94.7М за Игуаин кога и без него ќе освоеја во Италија.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.046
Поени од реакции
17.711
Пепел ќе напраи и годинава Јувентус :place:
Јебига стана лигава како смрдената бундес,со една екипа 10 скали над другите.Само за 2ро место ке биде интересна борбата.
Исто ќе биде јако ако наполи сеа ни го лапне капитенот за некои 50-60 милиони еура.Вардар нема да не испере од срамовите што ќе ги изедеме како некогашен гигант!
Колку и да се радувам за Јуве, колку и да ги нејќам миланските екипи, сепак страшно ми фали и мислам дека уште повеќе ќе ми фали вистинско, израмнето дерби на Италија против вас или пак дерби со Милан. А не како сега што се натпреварите, влегувам зимата кај вас во фан клуб пред мечот и прв коментар читам, од Џони ако не се лажам: "Леле вечер овие криминалците ќе ни ја дупнат глата" и под него се слични мислење, се разбира реални, ама нема полошо нешто од резигниран навивач кога ќе видам, можеби и тука се гледа нивото до кое е стигнат еден тим, кога фановите немаат повеќе никаква верба.

А се тешам дека самите се криви што западнаа во оваа катастрофа и двата тима од Милано, што е 100% точно, криви се до бескрај поради крајно лоши и нелогични потези, ама не ми помага тоа баш :(
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
94 милиони за патарушка како Игуаин кој ја усра секоја поголема утакмица за Аргентина. Добар дил, додајте на тоа и дека полни скоро 30 години, а за тие пари можеа фино лепо да го пазарат Габи Гол од Сантос и да имаат кусур за местење утакмици и купување судии.

Sent from my HUAWEI GRA-L09 using Tapatalk
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Дали го иаме новиот Дарко Уфо а.к.а Дибала експертиза на дело.
 

KajzerS

Учителот од Кукуш
Член од
18 февруари 2015
Мислења
91
Поени од реакции
129
94 милиони за патарушка како Игуаин кој ја усра секоја поголема утакмица за Аргентина. Добар дил, додајте на тоа и дека полни скоро 30 години, а за тие пари можеа фино лепо да го пазарат Габи Гол од Сантос и да имаат кусур за местење утакмици и купување судии.

Sent from my HUAWEI GRA-L09 using Tapatalk
Така е брату!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom