Serie A 2015/2016

  • Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување

Кој ќе биде шампион во новата сезона?


  • Вкупно гласачи
    197
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Џ

Џонтра Волта

Гостин

Добровечер дами и господа, поздрав од студиото на Телма, за неколку моменти ќе започне отворањето на Serie A темата за натпреварувачката 2015/2016та сезона. Јас сум вашиот домаќин Џонтра Волта а вие гледате Backstage.


Традиционално новата сезона на најеминентното италијанско натпреварување започнува со финалето на Суперкупот кој сезонава ќе се игра во Шангај на 8ми Август. Минатогодишните финалисти на Купот сега ќе ги вкрстат копјата во Суперкупот а тоа се Јувентус кој е актуелен шампион на Италија и освојувач на Купот и римски Лацио. Овие два тима до сега се имаат сретнато 2 пати во Суперкупот (1998 и 2000) и двете екипи имаат по една победа.

Толку за Суперкупот, сега одиме на она главното. Калчото официјално започнува на 22ри Август а ќе заврши на 15 Мај 2016та година. Вкупно 20 тима ќе се натпреваруваат, 17 од минатата сезона и 3 екипи пласирани од Serie B a тоа се дебитантите Фросиноне и Карпи и тимот на Болоња кој по една година пауза се враќа во најсилната италијанска лига.
Минатата сезона својата одисеја во првата лига ја завршија екипите на Каљари, Чезена и Парма која поради банкрот ќе започне од Serie D.
Правилата се исти и за оваа сезона, првите 2 екипи ќе се пласираат директно во групната фаза од Лигата на Шампионите, 3то пласираниот ќе игра плеј-оф за влез во ЛШ.
4от ќе обезбеди директен пласман во групите за Лигата на Европа а 5то пласираната екипа ќе игра 3то квалификациско коло за ЛЕ.
Од лигата испаѓаат 3те последно пласирани екипи.
А во новата сезона ќе имаме можност да ја проследиме и goal-line технологијата.

Во новата сезона неколку екипи ќе започнат со нови предводници од клупите, Пипо Инзаги беше отпуштен од Милан а за негов наследник е назначен Синиша Михајловиќ од Сампдорија.
Валтер Ѕенга е наследникот на Михајловиќ во Сампдорија. Рафа Бенитез одлучи да го напушти Наполи, на негово место доаѓа Маурицио Сари од Емполи кои ќе продолжат со Марко Џампаоло.
Стефано Колантуоно е наследникот на Андреа Страмачиони на клупата на Удинезе. Во текот на летово неочекувано Винченцо Монтела заработи отказ од Фиорентина а на негово место назначен е Пауло Соуса од Базел.
Тоа е тоа што се однесува на тренерските смени, останува уште да ги споменеме и тренерите на новајлиите, Фабрицио Кастори е тренер на Карпи, Делио Роси се враќа во Serie A како предводник на Болоња а Роберто Стелоне е тренерот на Фросиноне.

Првото коло веднаш ни носи дерби пресметка помеѓу Фиорентина и Милан, актуелниот шампион Јувентус ќе го пречека тимот на Удинезе, Интер на Меаца ќе игра со Аталанта. Рома отвара на гости кај Верона а Лацио на Олимпико ќе ја пречека Болоња, Наполи гостува кај Сасуоло.
Дебитантите Карпи започнуваат на гости кај Сампдорија а Фросиноне својот прв натпревар во Serie A ќе го одигра на домашен терен против Торино. И во второто коло имаме дерби пресметка помеѓу Рома и Јувентус на Олимпико во Рим.

Првото Derby della Madonnina се игра во 3тото коло каде Интер ќе го пречека Милан на 13ти Септември.
Derby d`Italia e закажано за 18ти Октомври во рамките на 8то коло каде на Џузепе Меаца Интер ќе го пречека Јувентус.
Derby della Capitale односно градското дерби на Рим ќе го отворат Рома и Лацио на 8ми Ноември во 12тото коло.
Derby della Mole, торинското дерби се игра во 11тото коло на 1 Ноември на Јувентус арената гостува Торино.
И последното големо дерби во италијанскиот фудбал е Derby della Lanterna каде се среќаваат екипите на Џенова и Сампдорија на 6ти Јануари во рамките на 18тото коло.

Оваа сезона, според многумина, не` очекува една интересна и возбудлива сезона каква што не сме гледале неколку сезони наназад. Тоа се должи на фактот што неколку екипи сериозно се засилуваат и покажуваат сериозни намери да се вклучат во горниот дел на табелата односно во местата кои водат во Лигата на Шампионите и Скудетото.
Интер до сега е една од екипите кои најмногу работи на засилување на екипата и атак на титулата. Милан истотака не заостанува зад градскиот ривал и заедно со веќе силните Рома и Лацио ќе се обидат да му ги замрсат сметките на актуелниот шампион Јувентус кој во новата сезона влегува како прв фаворит за одбрана на насловот.

Вреди да се спомне и големиот мајстор на фудбалската игра, што би рекол Бранко Илиевски, вистински фудбалски џентлмен кој повеќе нема да го гледаме на зелените терени ширум Италија а тоа е, претпоставувате, фудбалскиот Моцарт, Андреа Пирло.

Тоа би било тоа во оваа увертира за новата сезона на Калчо лигата, за крај ќе се послужам со еден цитат од еден од најголемите умови на форумов, филозоф и прераскажувач:

`` Секој од нас со свои очекувања и свои размислувања. Ќе поминат долги кола, непреспани денови и преспани полувремиња, надополнети со бескрајни одисејни дискусии и расправии. Полемики и “реметења“. Шпекулации и предвидувања. Кладби и разочарувања, се додека не дознаеме кој ќе слави, а кој ќе се “дави“ на крајот на сезоната која со нетрпение ја очекуваме да почне, и парадоксално, воедно и едвај чекаме да заврши.`` -
@Malcolm van den Сабаховић 1857ма година, Шефилд-Англија.​
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.585
Поени од реакции
81.169
Не си ја додал Фиорентина во анкетата, + ништо не пиша за дербито на Верона... кај гласав за тебе, кај се запустив...:facepalm:
 
C

Castiel

Гостин
Aко не го мрзи некој може и за секој тим посебно да се напише засилувања, заминати играчи и очекувања за наредна сезона.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Не си ја додал Фиорентина во анкетата, + ништо не пиша за дербито на Верона... кај гласав за тебе, кај се запустив...:facepalm:
Небитно е тоа дерби, не ни знам као се вика. :D
А за Виола тука е супермодераторот @Peja989 додај ја Фиорентина у анкетата, фала. :pipi:
Aко не го мрзи некој може и за секој тим посебно да се напише засилувања, заминати играчи и очекувања за наредна сезона.
Мислам дека Газета секоја година на крај од меркатото вади листа за сите тимови, кој дошол кој си отишол.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.383
Поени од реакции
7.305
Дерби дела Скала, или Дербито на Верона , Дерби д'Арена (на италијански Derby della Scala, Derby di Verona, Derby dell'Arena), е името на фудбалското дерби на Верона меѓу екипите на Верона и Киево.Наречено е по семејството Скалиџери (famiglia della Scala), кои го управувале градот од 1260 - 1387 г. Првото дерби се одиграло во 1994 во Сериа Б.

Тотално небитно дерби . :D
 
Член од
8 јануари 2014
Мислења
2.205
Поени од реакции
2.051
Ајт честито нова жабарска тема, со искрени желби за нова црно-бела доминација и оваа година:pipi:
Останатите очекувам да го повторат минатогодишниот успех :icon_lol: (ова поготово важи за двете екипи од Милано)
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.383
Поени од реакции
7.305
Оваа сезона очекувам да нема доминација на Јувентус и поизедначена трка за Скудето .
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.009
Поени од реакции
6.040
Ама ги утепал Милан, им го ставил ДЕРБИ дуелот со Фиорентина :pos:
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Битката за титулата ќе се води помеѓу Јувентус и Рома, а Интер очекувам после добрите засилувања да се врати во ЛШ.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Уште не е завршен трансфер периодот, па за да се каже која екипа за кое место ќе се бори. Неколку екипи со нови тренери и нови играчи.

Јувентус нема така лесно да се прошета до титулата.
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.724
Поени од реакции
1.996
Можеше да се спомнат и нашите Алекс и Гоки, посебно Гоки кој во моментов важи за активен странски играч со најдолг стаж во Серија А, одкако Давид Пизаро се врати во Чиле, а исто така и тоа што ќе се сретнат уште во прво коло еден против друг...
Исто така и нашиот принц како најлојален играч, кој годинава ќе ја круниса со титула во Серија А :cool:
Имало да се пишува многу како на пример кој клуб колку титули има, вечна листа на најдобри стрелци и т.н меѓутоа како и да е, ајде со среќа нека е темава и да се надеваме на добар и актрактивен фудбал во кој главното внимание ќе го имаат секако фудбалерите, а не судиите и т.н.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom