Serie A 2013/14

Кој ќе го освои скудетото во сезоната 2013/14?


  • Вкупно гласачи
    367
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.024
Поени од реакции
36.785


За неполн месец почнува и новата сезона во Италија и според мене ова ќе биде една од највозбудливите сезони во изминативе 4-5 години бидејќи многу квалитетни тимови ќе ги бркаат оние 3 места кои ќе ги однесат во елитната Лига на Шампиони а додека оние другите ќе мораат да се задоволат со Лигата на Европа.

Минатогодишниот шампион Јувентус е повторно најголем фаворит за титулата а додека Милан,Наполи,Фиорентина,Интер,Лацио и Рома ќе се обидат да го спречат да го повтори успехот и ќе се борат да додадат уште едно скудето во своите витрини.

Во Серија А има нови три екипи и тоа Сасуоло,Верона и Ливорно а нивната цел ќе биде да обезбедат опстанок а не експресно да се вратат од каде што дојдоа како јадната Пескара која беше топовско месо цела 2012/13.
Додека од елитата во втората италијанска лига се преселија Пескара,Сиена и Палермо.

Ќе ги искоментирам овие последниве и ќе кажам дека ми е кејф бидејќи ова беше ладен туш за Зампарини, човекот кој на сите ни оди на нерви поради неговата ароганција.

Прво да им посакам успешно трансфер лето на сите екипи и не би коментирал сега ништо бидејќи има уште многу до крајот, исто така многу голови,атрактивна игра и успеси во Европа за италијанските екипи и нека нема сериозно повредени играчи.


Екипите кои ќе настапуваат во најсилната италијанска лига и ќе се борат за скудетото се:
-Милан
-Интер
-Јувентус
-Наполи
-Лацио
-Фиорентина
-Сасуоло
-Верона
-Катанија
-Џенова
-Сампдорија
-Каљари
-Аталанта
-Болоња
-Киево
-Ливорно
-Рома
-Парма
-Торино
-Удинезе

Е сега за новата сезона 2013-14 распоредот е следниот.

За следнава сезона најверојатно ќе имаме проблем со преносот и Телма после многу сезони прекинува да го врши преносот и ќе мораме најверојатно да си се снаоѓаме кој како знае и умее ако некоја наша друга телевизија не се одлучи да ги откупи правата.


Исто така се надевам дека нема да ги има поеќе оние глупи препуцавања за кој поеќе бил у втора лига и кој поеќе местел или пак на кого му досудиле повеќе пенали.
Со среќа на сите тимови!
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Дефинтивно Јуве ќе биде шампион бидејќи реално гледано имаат доста јак квалитетен тим за да ја освојат серија А :)
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.046
Поени од реакции
17.712
Дефинтивно Јуве ќе биде шампион бидејќи реално гледано имаат доста јак квалитетен тим за да ја освојат серија А :)
Честопати се случувало пред почетокот на сезоната да се мисли дека еден тим ќе е 100% шампион, па не се случувало тоа. Јуве е најдобар и јас исто мислам дека мора да освои повторно, ама 38 кола се многу и не може да се прогнозира со сигурност. Наместо тоа, убаво знае Конте што треба, работа, работа и само работа, а пласманот ќе си дојде сам по себе :D.

Најсериозно се надевам дека судиските грешки ќе бидат сведени на минимум, ако не повеќе да се избегнат оние најсериозните.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.077
Поени од реакции
16.248
A gde je Marko Livaja? додајте го не прајте вака :D
 
Член од
23 ноември 2010
Мислења
1.829
Поени од реакции
2.092
Во моментов Јуве има најкомплетен тим и мислам дека ќе немаат проблем да го одбранат скудетото. Сезонава ќе биде доста возбудлива , и се надевам судиите нема да ја упропастат со идиотски грешки. Само уште да се најде јунак да ги откупи правата за Македонија, за да не се замараме со стримови, и шоуто може да почне.:vozbud:
ПС Иако знам дека шансите се минимални во анкетата си гласав за Лацио:)
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Конечно се отвори тема и за новата сезона во Серија А, да прокоментирам очекувања за новата сезона.

Прво најмногу ми е жал што нема да има Серија А на телма пошто фудбал на ТВ е далеку подобро отколку фудбал на пц..

Во анкетата јасно за кого гласав, како и секоја сезона очекувањата ми се да се повтори ова али малце тешко ќе биде ако двајцата ќелави од Милан не одврзат тоа ќесето.

Очекувам одличен фудбал пред се во претстојната сезона, сите тимови одлично се засилија засега но „доколку„ дојде овој Тихоир во Интер ќе има уште „бомбастични :icon_lol:„ трансфери. Оваа ќе биде една од најдобрите сезони во Серија А последниве 5-6 години!

Forza Milan и со среќа на сите.
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.822
Поени од реакции
10.551
Уште една лига што изгледа нема да ја пренесуваат, не ја пратам толку многу ама дерби натпреварите секогаш се интересни, кај им текна на Телма да прекинат со преносот. Инаку гласав за Наполи, го наполнија тимот со добри играчи, на клупата Бенитез, па ќе биде интересно да видиме како ќе функционираат.
 

DelPiero10

10ka
Член од
25 февруари 2012
Мислења
583
Поени од реакции
251
абе сеа нема да биде лесно како прошлата ама пак ке освои ЈУве
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.946
Поени од реакции
25.214
дали ова истовремено значи дека и галатасар нема да освои кај нив таму?

Голот онака го поставив да го видат оние кои не го виделе, а успат си кажав мое мислење за тоа кој ќе биде шампион.

Ти ме сфати као еј видете Наполи ги растуриле Галатасарај па затоа сигурно ќе бидат шампиони. :rolleyes:
 

DelPiero10

10ka
Член од
25 февруари 2012
Мислења
583
Поени од реакции
251
Голот онака го поставив да го видат оние кои не го виделе, а успат си кажав мое мислење за тоа кој ќе биде шампион.

Ти ме сфати као еј видете Наполи ги растуриле Галатасарај па затоа сигурно ќе бидат шампиони. :rolleyes:

така изгледа користи , . ! - за да нема забуни
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom