Forrest Gump
низа1
- Член од
- 12 ноември 2009
- Мислења
- 7.038
- Поени од реакции
- 29.618
Helen Folasade Adu (попозната како Sade), родена на 16 јауари 1959 година e композитор, текстописец, аранжер, музички продуцент и пејачка со неверојатен контра алт глас. Водач е и главен вокал на англиската џез - рок-соул група Sade, која е наречена по неа и е основана 1983 година. Бендот своите денови на најголема слава ги уживал во средината на осумдесетите, од издавањето на дебитанскиот албум "Diamon Life" , 1984. година и настапот на добротворниот концерт Live Aid, на кој Sade е била единствената пејачка од африканскиот континент која настапила пред 75 илијади присутни гледачи и повеќе од милијарди кои настапот го следеле пред своите тв приемници.
Sade е родена во Ibadan, Нигерија. Нејзините родители Adebisi Adu, нигериски професор по економија и Anne Hayes, англиска медицинска сестра, се запознале во Лондон, а подоцна се преселиле во Западна Африка.
Подоцна, кога бракот им западнал во криза, Anne се вратила во Англија, кај своите родители, водејќи ги со себе четиригодишната Sade и нејзиниот постар брат. Додека живеела во Колчестер, Sade доста читала и пројавила интерес за мода и танц, но со големо задоволство ги слушала и големите соул изведувачи како Curtis Mayfield, Donny Hathaway и Marvin Gaye.
Во 1977 Sade се сели во Лондон на тригодишен курс за моден дизјан на Central Saint Martins College of Art and Design. По дипломирањето, отворила мало модно студио со пријателот Џои Мелорон, истовремено работејќи и како фотомодел.
Нејиното прво избацување на музичката сцена било како член на латино соул групата Arriva (која и не постоела многу време), во која за прв пат ја испеала "Smooth Operator" , песна која подоцна ќе стане првиот нејзин хит на територијата на Сад. Оваа песна се родила како резултат на нејзината соработка со гитаристот Ray St. John.
Подоцна се придружува на бендот Pride, во кој членувале Ray St. John, гитаристот Stuart Matthewman, басистот Paul Denman и тапанарот Paul Cooke. Наскоро Ray St. John го напушта бендот , а преостанатите четири членови го формираат Sade. Клавијатуристот Andrew Hale се придружува на бендот 1983 година.
Во 1985 година се појавува во филмот Absolute Beginners во режија на Julien Temple, каде ја игра пејачката Athene Duncannon. Во 1986 година се сели во Мадрид . На 11 октомври 1989 го кажува судбоноснотo Да за шпанскиот филмски режисер Carlos Pliego. Бракот е бил со краток рок на траење, по што се враќа во Лондон.
Во средината на деведестите Sade се сели на Јамајка, каде живеела со јамајканскиот музички продуцент Bob Morgan. На 21 јули 1986, добива ќерка која го добива името Ila Adu.
"Diamond Life" e вистински хит албум од кој се паметат баладите како "Smooth Operator", "Your Love is King" и "Hang on to Your Love".
Нивното второ издание го носи името "Promise" и е со значително послаб квалитет од неговиот претходник и единствени хитови од него се "Sweetest Taboo", една од песните кои ги обележаа осумдесетите, како и "Jezebel". Ова издание и го донело првото Греми на пејачката.
"Stronger Than Pride" од 1988 е бил уште еден просечен албум за бендот, а единствена забележителна песна е била насловната нумера.
Требало да поминат 4 години, за да бендот таа 1992 година си ја поврати старата слава со албумот "Love Deluxe". Од овој албум е неверојатната "No Ordinary Love" , песна која им ја лепи етикетата - шизици за балади. Успешноста на албумот ја потврдува и Греми наградата.
Во 2000 излегува "Lovers Rock" , албум кој на пејачката и носи уште една Греми награда. Албумот е пропратен и со светска турнеја , од која ќе произлезе еден live албум и DVD концерт.
“Soldier of Love” e албум кој оствари завиден успех во целиот свет , дебитирајќи како број 1, задржувајќи се на врвот во Америка цели три недели. Продаден е во повеќе од два и пол примерока и достига дијамантски тираж.
Дискографија:
* 1984: Diamond Life
* 1985: Promise
* 1988: Stronger Than Pride
* 1992: Love Deluxe
* 1994: The Best of Sade
* 2000: Lovers Rock
* 2002: Lovers Live
Се надевам дека не ми замерувате шо си отварам теми за тие шо си ги сакам и мислам дека треба да се испоштуваат. Sade е пејачка која мислам дека заслужува непоколеблива глорификација на нејзината убавина, боја, контра алт глас. Како беше она “ газела од небески соѕвездија ”? Е тоа. Обдарена со исклучителна убавина и глас, Sade e жена која хипнотизира со својата уметност, музика, текст и личност. Нејзините песни создаваат уникатна атмосфера која фасцинира пред се со импозантниот глас. Да , уште еднаш - гласот. Музика за во недела навечер, за во кола, за љубов ... Можеби малку се искомерцијализира у последно време, али дефинитивно го заслужува епитетот ДИВА, пошо женава дефинитивно го носи тоа во себе.