(Read Only) Правила на подфорумот: ФУДБАЛ

Статус
Затворена за нови мислења.

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.729
Поени од реакции
9.712
Драги кајганџии, добредојдовте во подфорумот Фудбал.

Овој правилник за однесување го направивме со цел да го задржиме нивото на дискусија во ова катче на високо ниво. Очекуваме позитивни реакции од ваша страна како и добро прифаќање и почитување на правилата, пред се за доброто на подфорумот и форумот во целина.

Најпрвин, да ве потсетиме на општите правила на однесување кои при регистрација на форумот потврдивте дека ќе ги почитувате.

Сега, околу подфорумот. Како што сите знаеме, овој подфорум е еден од најпопуларните и најпосетените на форумов. Бројот на дискусиите е голем, бројот на посетители во истиот уште поголем, бројот на најразлични постови е огромен, што значи дека ние модераторите се соочуваме со голема работа а вие членовите со најразлични казни и забрани за пристапи до одредени теми. Доленаведените правила ги потенцираме се со цел да развиваме што поквалитетни дискусии, што помалце мислења да бидат бришани, што помалце банирање на членови, уништување и кантирање на теми... Доброто на подфорумот пред се.


Отварања нови теми:

- Пред да отворите нова тема, прегледајте го подфорумот бидејќи можеби истата таа тема веќе постои. Тоа можете да го сторите со опцијата Пребарај го форумот.

- Внимателно размислете дали тоа што сакате да го ставите на форумов заслужува своја тема. Има фудбалски настани за кои нема потреба од нова тема. Пример, имаме тема за Фудбалски кампови и академии. Доколку имате нешто за одредена академија што сакате да го споделите на форумов, можете да го ставите во постоечката тема, не е потребна нова тема за конкретната академија.

- Како што знаеме, форумов “традиционално” за секој дерби наптпревар си добива своја тема. Подолу ќе ги наведеме дерби натпреварите од поголемите првенства кои сметаме дека заслужуваат своја тема:

  • Премиер Лига:
    • Манчестер Јунајтед – Челзи
    • Манчестер Јунајтед – Ливерпул
    • Манчестер Јунајтед – Арсенал
    • Арсенал – Челзи
    • Арсенал – Ливерпул
    • Ливерпул – Челзи
  • Примера:
    • Барселона – Реал
  • Сериа А:
    • Јувентус – Интер
    • Јувентус – Милан
    • Јувентус – Рома
    • Интер – Милан
    • Интер – Рома
    • Рома – Милан
    • Рома – Лацио
  • Бундес Лига:
    • Баерн Минхен – Борусиа Дортмунд
Секако, секое финале на поголемите европски клубски натпреварувања ќе си има своја тема.


Постирање.

- Оф топици ќе бидат бришени и санкционирани ако е потребно!

- Несоодветен речник, навреди, пцуења нема да се толерираат во ниедна тема! Доколку имате нерасчистени меѓусебни сметки, постои можност на користење на Приватни пораки. Таму е дозволено секакво комуницирање меѓу членовите.

- Постови од типот ,,Реал е најјак!” , ,,МЕСИИИ МАШИНО!!” ќе бидат бришени без образложување. Истото важи и за постови од типот на наведување на опција од анкетата во пост. Пример, во тема за натпревар меѓу Ливерпул и Челзи, секој пост од типот ,,Челзи ќе победи”, ,,Нерешенозавршува оваа” ќе биде бришен. Или образложете зашто мислите така, или едноставно само гласајте.

- Провокации во фан клубовите нема да се толерираат! Секаква провокација ќе биде бришена и санкционирана.

- Да разјасниме и околу кладилничасрките дискусии. Си има теми за кладилници, таквите дискусии задржете ги во тие теми. Упаѓања од стилот ,,Уште вас ве чекам, мора да победите!” во фан клубовите ќе бидат бришени без образложение.

- Избегнувајте прозивање на модератор јавно во некоја тема и барање причина зошто мислењето ви е избришано од истата. Не верувам дека ние би ви ги бришеле мислењата без причина ама во секој случај доколку се прашувате кај ви е мислењето, обратете се тука и означете не нас, модераторите во фудбал.

- Да спомнеме и дека вие како членови, имате опција да пријавите мислење. И ние модераторите сме луѓе, не можеме се да успееме да избришеме/санкционираме. Благодарни би ви биле доколку ни помагате.


Па драги фудбал фанатици, тоа би било тоа. Уште да напоменеме дека ние модераторите ја имаме можноста да го апдејтираме правилникот доколку сметаме дека тоа е потребно.

Со ум.

G@rfielD, Peja989, Комита Ултрас, Види Фотос, Syn, Fantom.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom