Body Electric
Del Rey
- Член од
- 15 јуни 2011
- Мислења
- 222
- Поени од реакции
- 334
Типката ја открив сосема случајно пред неколку дена, кога ја начув Don't Go. Од песната, сè на сè, запаметив еден стих, но тоа беше доволно да откријам кој ја пее. Слушајќи ја во последните денови, сфатив дека Реј ќе биде следното големо нешто и искрено ме чуди како уште се нема пробиено на пошироката музичка сцена. Талентирана, со многу пријатен вокал и прекрасни песни (иако во мал број), а девојката има само осумнаесет години. Се надевам дека ќе ги слушнете неколкуте песни што ги има, а се надевам и дека Реј наскоро ќе го извади својот деби албум, кој дефинитивно ќе се потрудам да го купам во каква и да е форма. Извонредна е!