Pearl Jam

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Изненадувачки досега немало отворено тема за еден од најдобрите бендови кој и ден денес создава квалитетна музика.


Pearl Jam е создаден во почетокот на 90 тите години во Сиетл. Двајца од членовите на бендот се главните виновници за создавањето на овој бенд. Се работи за Jeff Ament и Stone Gossard кои при крајот на 80 тите заедно со уште неколку членови, меѓу кои се истакнува главниот вокал Andrew Wood создале бенд под името Mother Love Bone. Овој бенд според многумина имал огромен потенцијал да се пробие на сцената, меѓутоа плановите за пробив ги расипала смртта на Енди кој починал многу кратко време пред да го издадат првиот албум од преголема доза на хероин. Некое време потоа Џеф и Стоун комплетно се разочарале од смртта на Енди и мислеле да се откажат од музицирање. Среќа тоа не се случило.

Наместо распад Џеф и Стоун ќе учествуваат во создавањето на еден од најдобрите бендови на сите времиња. Стоун за време на паузата од смртта на Енди до создавањето на Pearl Jam почнал да музицира со Mice McCready. Откако тие тројца се собрале им недостигал тапанар и вокал. Со тапанарите немале некоја среќа зашто низ годините ќе ги менуваат од разни причини се до 1998 година кога ќе им се придружи Мет Камерон кој до ден денес е член на бендот. Кога станува збор пак за вокалот, имале среќа да наидат на Еди Ведер кој покажал интерес да членува во бендот откако неговиот пријател ( тапанорот на Ред Хот) му го дал демото да го чуе за да види дали би можел да им биде главен вокал на момците. Еди кој тогаш работел на бензиска прифатил и веднаш создал текстови за некои до песните кои ги чул на демото, меѓу кои и Alive. Останатото е веќе историја.

Pearl Jam ќе го создаде според многумина еден од најдобрите албуми на сите времиња под наслов "Ten". Од моментот на создавање на тој албум популарноста на бендот неминовно расте, а харизмата на Ведер кој обожава да се фрла од рефлектори, камери и што се не врз публиката, не останува незабележана. Она што е интересно е што бендот е создаден речиси во исто време со Нирвана која исто така е создадена во Сиетл. Неодминливо било да има споредувања и судири меѓу членовите на бендовите, меѓутоа ништо од тоа не било толку драматично колку што медиумите успеале да ја потпалат тензијата меѓу Курт и Еди. Додуша, Курт сосем непотребно ги искритикувал момците девалвирајќи им ја музиката, за подоцна да си ги повлече зборовите и да создаде какво такво пријателство со Еди.

Момците се познати по тоа што не снимаат спотови ( имаат дури два три спота за сите овие 20 години), не го сакаат маректингот, се бореа да се снижат цените за нивните концерти во име на фановите, и пет пари не даваат за слава и популарност.

Ако некогаш имаме среќа ќе успееме да ги видиме овде кај нас во живо.

Дотогаш вака ќе си ги слушаме.


Еве листа на дискографија за оние кои сакаат да си ја спуштат. И задолжително да се види нивниот документарец направен од Камероун Кроу под наслов Pearl Jam Twenty.
 
I

Iblis

Гостин
Најблиско што биле до нас, бар мислам, дека беше Загреб 2005, за малку не отидов, имав доста други обврски, ама ми донесоа видео клипче оние што беа, ако го најдам ќе го ставам тука.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.098
Еден од омилените бендови, колку ли само ги слушавме со цимерката, ни беа мелем за душа во тој период.
Еди Ведер е легенда, човек со неверојатна харизма, кому никогаш прв приоритет не му била медиумската експоатација, туку музиката.
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.683
Поени од реакции
866
Кога прв пат ја слушнав Џереми во далечната 1991 или 1992 ме полазија морници , и по неколку дена го зедов албумот ( касета ) од кај еден пријател и веднаш го преснимив и во наредните неколку недели го излижав од слушање ... до ден денес мислам дека е еден од најдобрите рок албуми воопшто снимени досега ... Alone , Even flow , Jeremy , Once и Black се вистински бисери ... кога излезе вториот албум Versus веднаш го купив , но сепак првиот ми беше фаворит иако и Versus е одличен албум ... после вториот албум не ги следев баш толку често што и како работат , но останува фактот дека Pearl Jam се една од најдобрите групи кои се појавија во последниве дваесетина години ... точно е тоа дека Еди Ведер има страшна харизма и одличен глас , и што е најбитно не потпадна под влијание на славата и мас медиумите како многу од неговите колеги . Неговиот имиџ со војничка кошула од 3 долари е легендарен .
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Епик се Pearl Jam! Језда премногу рок настроени за мене сега, ама порано ги сакав многу :)
Ten го имав едно добри три месеци на рипит. Една од поомилените.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ми се допаѓаат и тоа многу!!!! Одлични се, одлични. Сосема случајно, сама си ги открив и тоа прва песна што ја чув беше Better man и премногу ми се допадна, се опседнав со песната максимално две недели мислам дека само таа ја слушав и од тогаш редовно си уживам во нивната музика. Jeremy и Even Flow, покрај Better man ми се да не кажам омилени. Jeremy кога ја слушам мислам дека се исклучувам од се останато...

Мислам дека што и да кажам, нема да ги доловам како што треба. Во секој случај имам лично јас уште да учам за бендов, ама од ова до сега што го имам запознаето, се маестрални.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ми се допаѓаат и тоа многу!!!! Одлични се, одлични. Сосема случајно, сама си ги открив и тоа прва песна што ја чув беше Better man и премногу ми се допадна, се опседнав со песната максимално две недели мислам дека само таа ја слушав и од тогаш редовно си уживам во нивната музика. Jeremy и Even Flow, покрај Better man ми се да не кажам омилени. Jeremy кога ја слушам мислам дека се исклучувам од се останато...

Мислам дека што и да кажам, нема да ги доловам како што треба. Во секој случај имам лично јас уште да учам за бендов, ама од ова до сега што го имам запознаето, се маестрални.
Слушни ги сеа Just Breathe и Indifference, тие се така помеланхолични песни од нив.:D


Мене ми е многу убава песна Given to Fly.

 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Слушни ги сеа Just Breathe и Indifference, тие се така помеланхолични песни од нив.:D
Ги знам тие две, посебно Just Breathe, таа песна највеќе одговара кога врне дожд, во 2 по полноќ да ја слушаш. Верувај, најдобро знам.:icon_mrgr:
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Пепе ги сака бисерите бендот :pos:
Дефинтивно бендче без грешка, до сега не сум наишол на рок критичар кој имал нешто да просере за нив. Едноставно патот им е таков. Уште првиот албум им бил екстремно јебано популарен, а од тогаш натака направиле и подобри но тој комерцијален успех не се вратил.

Скоро секој барем малце алтернативен знае барем една песна од култниот блек.
Но поради јебана преслушаност се фокусирам повеќе на новите материјали кои се и те како брилијантни, умни само недостасува енергијата што ја имале во 20 - те.

Оваа ми е многу тажна, и ми враќа љубовни спомени :pipi:

 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.386
мој омилен рок бенд. Значи да се слуша 14 години и уште да ми нема предозирано песна од нив.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.678
Поени од реакции
19.589
Еден од бендовите кои секогаш ми на врв на памет кога ми се слуша нешто добро...
Alive мојата омилена и почетна :)
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Голем фан бев и сум на Нирвана ама некои песни ме натераа да го симнам документарецот што го предложи RockNRolla за Pearl Jam зашто сеуште ми се накако неистражена група доволно и во тоа е убавината(y).
Ајде понатака може ќе има и интересни приказни за некои песни или текстови од и за групава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom