odesk.com - глобален пазар на работни места за фриленсери

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Веб странава за кој што ви зборувам е www.odesk.com.

Google ја опишува вака: oDesk is a global marketplace that helps employers hire, manage, and pay remote freelancers or teams.

Јас странава ја најдов во едно истражување каде што беше на местото број еден во сајтови за фри-ленсерска работа.

Според она што можев да видам, страната е лесна за работа. На почетокот е потребно да направите свој профил.

Инаку, не сум слушнал досега ниту едно искуство од човек што успеал да најде работа, ако вие имате било какво би било интересно да го чуеме.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.329
Поени од реакции
27.872

Јас сум нашол работа, и тоа втората платена работа ми беше најдена токму тука. Порано имав профил и го користов но сега го запустив и не се пуштам редовно. Инаку познавам доста дизајнери наши што имаат профили таму. :)
 
vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Зачленет сум одамна на овој сајт, со надеж дека ќе се најде нешто да се подработи, од толку аплицирања ниеден да ме „вработи“. И по некое време изгубив надеж овдека, шо се вика нема леб. :)

P.S. И секако уреден профил иам, да не рече некој „профилот ти е ваков таков, па затоа“.
 
Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Јас од друга причина го забаталив сајтов. Како преведувач го користев, нормално, за барање преводи. Ама, им најдов баг. Системот на аплицирање за превод е така глуп, што цените автоматски самите корисници ги спуштаат, за да бидат одбрани како поефтини. Истото сценарио на македонскиов пазар.
 
BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
487
Имам профил на Одеск. Имам сработено неколку проекти само со време го забаталив ради други причини.... Конкуренцијата е огромна но не се откажувај уште од прва. Според мене еден од најдборите сервиси за фри-ленсери. Го имам користено и Elance но не бев многу задоволен од него...
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.183
Поени од реакции
14.447
Има премногу пакистаниц/индијци/филипинци што ја спуштаат цената претерано, не само на овој туку на сите фриленс сајтови... У секој случај ако те бива и ако си добар во комуникација со клиенти ќе најдеш работа...
 
Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Има премногу пакистаниц/индијци/филипинци што ја спуштаат цената претерано, не само на овој туку на сите фриленс сајтови... У секој случај ако те бива и ако си добар во комуникација со клиенти ќе најдеш работа...
Нема комуникација на одеск, само бапнуеш цена и чекаш да ти ја засвиѓа цената клиентот. Затоа е тапа одеск (бар за мојата професија), и затоа си користам други сајтови што си ги користам.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.183
Поени од реакции
14.447
Нема комуникација на одеск, само бапнуеш цена и чекаш да ти ја засвиѓа цената клиентот. Затоа е тапа одеск (бар за мојата професија), и затоа си користам други сајтови што си ги користам.
А твојата професија е?
И не разбирам како нема комуникација и чекаш клиентот да ти ја засвиѓа цената? Имаш 20 апликации неделно што значи имаш 20 шанси да аплицираш за нова работа. Имаш фиксна цена и имаш цена по саат и верувај cover letterot што го пишуваш игра и те како битна улога и во тоа е комуникацијата... ако не покажеш ти дека си заинтересиран за работата тогаш зашто он би ти ја дал тебе (освен ако не нудиш цена 5 пати пониска од другите)?

Ако на одеск нема комуникација тогаш незнам што да кажам за другите како елансе и фриленсер....
 
Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Веруј за разлика од другиве портали за превод што си ги користам (специјализирани за постирање и аплицирање за преводи) на одеск има слаба комуникација. Значи не го зборам тоа на памет, туку од искуство.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Убава е странава во секое време можеш да си најдеш ефтин роб преку неа.
Ја потрефи поентата стопосто,тоа е и главната цел на ваквите сајтови,да си пронаоѓаат мега-евтина работна сила и работници кои сами ќе си ја деградираат пазарната цена за која ќе сработат некоја работа,поздрав!
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Дечки, работи некој на ова?

Кој е најдобар метод, односно има најмала провизија за вадење на пари?

Прашувам за еден пријател...
 
Член од
22 јуни 2007
Мислења
840
Поени од реакции
25
Имам работено, досега имам извадено преку Skrill пари, и со payoneer картичка.

Skrill засега има најмала провизија
 
Член од
21 јануари 2013
Мислења
231
Поени од реакции
144
Искуство некој со фул тајм џоб на oDesk? Пред недела дена се регистрирав и се стокмив по упатствата, насмеана слика и се то... Решив и некое тестче и излегов во топ 3% и толку, заглавив со обврски. И гледам синоќа некоја компанија ми пратила покана за скајп интервју за фул тајм џаб преку oDesk. Парите што ги нудат за американска компанија не се многу, ама на мене ми се слоши кога ја видов сумата...
 
Член од
22 август 2014
Мислења
35
Поени од реакции
22
Прифати, немој да чекаш.
И кога работиш фул тајм, барај да ти исплаќаат барем еднаш неделно. Има опција за esqrow плаќање. Барај да ти стават однапред она што ќе го заработиш преку ова.
Јас работев порано фул тајм на freelancer.com и одлично се заработува
 
Kajgana Shop

На врв Bottom