Forrest Gump
низа1
- Член од
- 12 ноември 2009
- Мислења
- 7.038
- Поени од реакции
- 29.618
Natalie Jane Imbruglia ( родена 4 февруари 1975) е австралиска пејачка, текстописец, актерка и модел. Колку ми се дебилни ваквите почетоци на биографија, али јбг по дифолт мора да е така. Ила па можев да почнам со: Natalie Jane Imbruglia е голем пријател на животните- вегетаријанец, за малку балерина ( која дури и во креветот на спиење вежбала со нозете), синоним за човекољубие – хуманитарец кој дел од своите приходи во своето модно креаторско избацивање ги донираше у добротворни цели и страшен емотивец и страшен меланхолик. Мислам дека ни во едниот ни во другиот случај немаше да погрешам.
Малава славата ја затече од сегашна дистанца во веќе далечната 1997 кога го објави својот прв сингл “ Torn ” од својот дебитански албум Left of the Middle. “ Torn ” стана еден од најголемите хитови на деведесетите кој се продал во повеќе од 8.5 милиони копии ширум светот (иако можеби малкумина знаат дека станува збор за преработка на песна која во 1995 година ја снимиле Ednaswap). Деби албумот “ Left of the Middle” беше два пати прогласен за платинест албум на годината (1998) и покрај хитот “ Torn ”, големи хитови станале и Big Mistake", "Wishing I was There", "Smoke"....
И уште еднаш...
I"m all out of faith
This is how I feel
I"m cold and I am shamed
Lying naked on the floor
Illusion never changed
Into something real
I"m wide awake
And I can see
The perfect sky is TORN
Некои уметници ја имаат таа “ среќа ” да на првиот албум направат хит кој ќе им ја одбележи и дефинира целата кариера. Песна која во еден ден ќе ја обиколи целата земјина топка, ќе ги помине сите граници, ќе обедини и сакале или не сакале ќе ви остане засекогаш во сеќавањето. Natalie Imbruglia ја стрефи "Torn", али шо после него?.
После 4 години она го издава новиот албум "White Lilies Island", иако и самата свесна дека тешко ќе ја надмине славата на претходниот, лично смета дека направила голем чекор у уметничка смисла. "White Lilies Island" во однос на "Left Of The Middle" представува сосема нова фаза во нејзиниот уметнички развој. Тука се вклучува и ослободувањето од статусот клон на Аланис Морисет, кој бил долго време форсиран во музиката ( чист женски бес у однос на целиот останат свет). Овој албум го заокружува нејзиниот нов идентитет и во вокална и во секоја друга смисла (шо ќе каже она самата се трансформира до непрепознавање). Многумина нема сеуште да ја наречат “сериозен” уметник, али секако дека лириката на нејзините нови песни нуди освежувачка димензија на искреност и софистицираност.
Третиот албум "Counting Down the Days" (2005) го предводеше синглот "Shiver" кој после "Torn" ќе стане нејзиниот најпродаван и најуспешен сингл во кариерата.
Четвртиот албум "Come to Life" е објавен на 2 август 2009 г. , но не беше претерано успешен. Во 1998 ја доби наградата на MTV за најдобар изведувач, а година дена подоцна бил номинирана во три категории за наградата Grammy. Има продадено преку 9 милиони примероци од нејзините албуми ширум светот.
Она е мојата љубов одкако знам за себе. Урбаниот изглед или безвременската убавина на нејзиното лице ја прави толку неодолива? Како и да е, вистинско време за разубавување на подфорумот музика .