Forrest Gump
низа1
- Член од
- 12 ноември 2009
- Мислења
- 7.038
- Поени од реакции
- 29.618
Hope Sandoval на сцената се појави во своите рани дваесети години како back вокал на Kendri Smith, која тогаш со David Roback го сочинувала дрим поп дуото OPAL.
По напуштањето на бендот од страна на Kendri , Hope ја презеде улогата на главен вокал, но сама по себе се наметнала потребата од ново име, па David се решава за MAZZY STAR.
Mazzy Star е американски алтернативен рок бенд формиран во Санта Моника, Калифорнија . Најпознати се веројатно по “Fade Into You” која им донесе огромен успех во средината на деведесетите истовремено брутално изложувајќи ги на Mtv, Vh1 и радио етерот.
Дискографија
She Hangs Brightly (1990)
So Tonight That I Might See (1993)
Among My Swan (1996)
Mazzy Star веројатно би се наметнале повторно и со друг или поинаков вокал, тоа е тешко или залудно да се оспорува, но гласот на Hope Sandoval е всушност онаа тајна состојка која ја издвојува нивната музика од останатите. Неопислива перфекција! Чиста перверзија! Наточи уште и препушти се на нежниот, величествениот и моќен глас, на неформалното возење, на музиката која сугерира на душевно возбудување, на тивкото и меко прелевање на тоновите. Некои викаат дека го има и најтажниот глас, но истовремено поседува кроткост , трепет, те милува...
Ја сакам!