Madness

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.312
123.png

Потекло: Кемден Таун, Лондон, Англија
Жанрови: Ска, поп, Њу вејв, Реге
Активни периоди: 1976-1986, 1992-денес
Издавачки куќи: Stiff, Virgin, Zarjazz, Lucky 7
Членови: Крис Формен, Мајк Барсон, Ли Томпсон, Кетел Смајт, Греем МекФерсон, Даниел Вудгејт, Греем Буш
Поранешни членови: Џон Хаслер, Дикрон Тјулејн, Гевин Роџерс, Гери Дови, Марк Бедфорд, Стиви Најв, Симус Биган, Кевин Бјурдет


Madness е Британски поп/ска бенд од Кемден Таун, Лондон, формиран 1976 година.
Биле едни од најзначајните бендови кон крајот на 70тите, иако својот најголем успех го постигнале 80тите години.
Madness биле 214 недели на UK топ листата за синглови, што го држат и рекордот за најмногу недели поминати на топ листата. Тоа го постигнале за многу кратко време (1980-1986 година)

Бендот е формиран 1976 година како The Invaders во чиј состав бил Мајк Барсон (клавијатура и вокал), Крис Формен (гитара) и Ли Томпсон (саксофон и вокал). Подоцна им се придружиле и Џон Хаслер (тапани), Кетел Смајт (бас гитара) и Дикрон Тјулејн (вокал).
Овој состав од шест членови траел се до половината на 1977 година, кога Греем МекФерсон (или попознат како Господин Сагс) го превзема главниот вокал.
Кетел Смајт кој го напуштил бендот после расправијата со Мајк Барсон, го заменил Гевин Роџерс.
МекФерсон бил исфрлен од бендот бидејќи се почесто бирал да ги гледа натпреварите на Челзи отолку да вежба со остатокот од бендот.
Томсон го напуштил бендот откако Барсон го критикувал за неговото свирење на саксофон.

Во 1978 година му било дозволено на МекФерсон да се врати во бендот, кој привремено бил заменет од Џон Хаслер.
Исто така и Томсон се вратил во бендот после помирувањето со Барсон.
Даниел Вудгејт и Марк Бедфорд исто така се придружиле на бендот. Вудгејт го превземал местото на Гери Дови (тапани), а Бедфорд местото на Гевин Роџерс (бас гитара).
Набрзо откако името го промениле во "Morris and the Minors", бендот го нарекле "Madness", по една од нивните омилени песни од ска/реге уметникот Принс Бастер.

Бендот останал секстет до крајот на 1979 година, кога Кетел Смајт повторно им се придружил и официјално станал седмиот член на Madness, како вокал и танчер.
Истата година бендот ја смина композицијата од Ли Томпсон "The Prince", која исто така била во чест на нивниот идол Принс Бастер.
Синглот е издаден од 2 Tone Records продуцентската куќа. Песната била голем хит и се нашла на 16тото место на UK топ листата.
Благодарение на оваа песна, Madness се здобиле со јавно признание од музичкото шоу Top of the Pops, и тие тргнуваат на турнеја уште пред да го снимаат својот прв албум.

Деби албумот "One Step Beyond" бил издаден од Stiff Records и во него е вклучен и синглот "The Prince". Исто така на овој албум се нашле уште два големи хита на Madness, и тоа "One Step Beyond" и "My Girl".
Во 1980 година го издаваат и својот втор албум "Absolutely", кој се нашол на второто место на UK album charts. Исто така овој албум содржел некој од нивните најголеми хитови, како што е "Baggy Trousers" кој бил трет на UK топ листата.
Нивниот трет албум, кој носел назив "7" е издаден 1981 година. Тој го завземал 5тото место на UK сингл топ листата благодарение на песните "Grey Day", "Shut Up" и "Cardiac Arrest".
Ноември 1982 година, го издаваат четвртиот албум "The Rise & Fall" кој бил одлично прифатен во Британија, но не бил издаден за Американски пазар. Но од овој албум многу песни се нашле на US компилациите, особено "Our House" кој до тогаш бил нивниот најголем интернационален хит.

Октомври 1983 година, Мајк Барсон одлучува да го напушти бендот.
Тогаш останатите членови основаат своја продуцентска куќа "Zarjazz Records", која била под ознаката "Virgin Records".
Барсон го заменува Стиви Најв, и во 1985 година го издаваат албумот "Mad Not Mad".
Албумот се нашол на 16то место на UK album chart и тоа било едно од нивните најслаби рангирања. Но и покрај тоа, албумот сепак се нашол на солидното 55 место на NME's All Time 100 Albums.

Madness пробуваат да снимат нов албум, и 11 нови демо песни биле снимени, меѓутоа во бендот се почесто имало несогласувања помеѓу членовите и затоа во 1986 година одлучуваат да се разделат.
Барсон ги собира да снимаат проштална песна "(Waiting For) The Ghost Train". 1988 година четири членови, Сагс, Чес Смеш, Ли Томпсон и Крис Формен продолжуваат со работа под името The Madness. После еден албум и два синглови кои не успеале ни да влезат во најдобрите 40, тие повторно се разделуваат.

Кон крајот на 1991 година, "It Must Be Love" е повторно снимена и го достигнала високото 6то место,
а после тоа компилацијата "Divine Madness" се нашла на првото место на топ листата.
Madness тогаш објавуваат дека повторно ќе започнат со работа и концертот Madstock, кој е одржан на Finsbury Park во Лондон. Тогаш оригиналниот состав повторно настапуваат во живо (прв пат, после заминувањето на Барсон во 1984 година) пред околу 75 000 гледачи

Нивна прва награда била во 1983 година, кога ја добиле "Ivor Novello Award" за најдобриот интернационален хит "Our House"
Уште една "Ivor Novello Award" добиваат 17 години подоцна за "Outstanding Song Collection".
Во 2005 година, биле наградени со MOJO "Hall of Fame" наградата, а во 2007 година по иницијатива на нивните фанови со "Brit Award".
Јули 2009 година Madness се наградени со "Silver Clef Icon Award", а септември 2010 година со "Idol Award" во Лондон


Дискографија:

Студиски албуми

1979 One Step Beyond...
1980 Absolutely
1981 7
1982 The Rise & Fall
1984 Keep Moving
1985 Mad Not Mad
1988 The Madness
1999 Wonderful
2005 The Dangermen Sessions Vol. 1
2008 The Liberty of Norton Folgate
Компилациски албуми

1982 Complete Madness
1986 Utter Madness
1990 It's... Madness
1991 It's... Madness Too
1992 Divine Madness
1993 The Business - the Definitive Singles Collection
1998 The Heavy Heavy Hits
1999 The Lot
2002 Our House: the Original Songs
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Со песнава сосема случајно се заразив во Џамбо,прејака песна :D
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Интересно специфичен бенд. ЗНам една вечер за пивофест 2009-та чинам, пуштав во Апореа цела вечер ваква музика. Ска, за ѕенѕање, иако многу многу и не ми е омилена но интересна е за промена.

Инаку ги има и во еден ситком, Young Ones.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom