Mакедонско воено воздухопловство

M

.:makedonec:.

Гостин
Чисто ме интересира само да знам што членовите на форумов мислат за македонското воено воздухопловство и за неговото идно опстојување да продискутираме на пример што според вас би било добро од типот на ловци хеликоптери борбени транспортни за Македонија и така натаму ставете и некоја слика ако имате од нешто што мислите дека е добро авион хеликоптер или било што :helou:

--- надополнето ---

Има ли такви што ги интересира она што ние го поседуваме или би го поседувале знам дека има вакви теми ама на тие истите има пишувано само за тоа што македонија го има само су-25 и ми-24 се тоа се збори :)

--- надополнето ---

ок ај у канта :toe:
 
theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Бидејки моменталната воена филозофија на НАТО се однесува на борба против терористи... на Македонија многу и е потребен еден ваков:

800px-AC-130H_front_view.jpg
АС-130 (википедија)

Би било многу добро за бранење на територија од терористи. :)
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.064
Поени од реакции
4.711
Znam ama poentata mi bese da diskutirame za na primer novi avioni i helikopteri koj bi odgovarale za ovoj mal prostor i za nasata mala voena aviacija :)
Види, ние сме мала земја која моментално е економски слаба, и со соседи што сакаат да ја поделат уште толку....
Но за нас, за одбрана (за напад не размислуваме, освен кога економски ќе сме подобри...) доволни ни се хеликоптери, и ПВО во случај на евентуален воздушен напад.
За авиони.... добро е да ги имаме, но за жал и оние што ги имавме скапуваа и на крај ги продадоа...

--- надополнето ---

Бидејки моменталната воена филозофија на НАТО се однесува на борба против терористи... на Македонија многу и е потребен еден ваков:

Прегледај го приврзокот 34438
АС-130 (википедија)

Би било многу добро за бранење на територија од терористи. :)
А шо викаш еден Б-2 бомбардер кој чини 2 милијарди (може да си го дозволиме, оти да не?) и цел буџет на Македонија ќе оди на негово одржување.... Ама сметај растур ќе ги направиме соседите.... :pos2:
 
theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
А шо викаш еден Б-2 бомбардер кој чини 2 милијарди (може да си го дозволиме, оти да не?) и цел буџет на Македонија ќе оди на негово одржување.... Ама сметај растур ќе ги направиме соседите.... :pos2:
Хаха... ми ај... што... кога трошиме да трошиме. :)

Туку најарно ќе биде да заштедиме некој денар да земаме по некој змеј со една бомба на него и камикази :)
 
M

.:makedonec:.

Гостин
Ја мислам дека овие 12 ми - 24 од борбени хеликоптери ни се доволни само да бидат сите оспособени нели оние 8-те Ми-17 се добри транспортни ама може да служат и како борбени ама мислам дека без воени ловци ништо не бива ќе нема ко небото да ни го чува Србија,Бугарија и Грција имаат многу моќни ВС и можно е на пример да не зафркаваат да ни влеваат во територија а додека нашите ПВО да реагираат овие ке преминат на брзина на нива територија бидејки не верувам дека имаме толку ефикасни противавионски ракети според мене најмалку 4 ловци би биле доволно за Македонија но не тоа да бидат повторно овие Су-25 (впрочем тоа и не се баш ловци) па највеќе до 6 бидејки за повеке ке треба повеќе пари за купување , за одржување , имаме мала трериторија ако хрватите со 8 ловци можат да контролираат ~ 56 000 км2 ке можеме и ние со 4 да контролираме 25 713км2. Со ова нашето воздухопловство би било во форма а ако се може одбраната мислам ако ''може'' би требало да изгради и соодветен аеродром воен на пример на место карго аеродромот кај овче поле би можело истиот да биде воен и така иаме 2 аеродрома патнички мислам дека 1 воен би бил доволен, јас инаку сум од Свети Николе и ке ми биде мило да ги гледам како полетуваат.

P.S- Еве добар избор овие се нови авиони моќни и лесно можат да леатаат и со брзина со која што летаа и сухоите на пример 950 км/ч но и со многу повисока брзина приближно исто колку и Ф-16 во случај на опасноста- најголемата брзина му е 2 450км/ч може ке го препознаете уште и на сликата мислам дека ГРИПЕН ЈАС - 39 е вистински избор добро си живееме со швеѓаните и мислам дека ке ни попуштат во однос на цената а и со купувањето на овие авиони автоматски фирмата сама со свои пари си отвора своја фабрика за поравка на авионите кои се купени во таа земја каде се продадени грипените вакви исти мислам дека ке земат и хрватите :)

http://t0.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9GcRzZu5DSZldpkNiJBd_AfUw0h_axSoD1IgUUD5NIZsLXKzVPVs&t=1&h=167&w=223&usg=__L9Z8-tpG11i2hez5LvtMWa_tkkw=
http://taiwanbbs.org/main/uploads/ng_jas39_01_5463.jpg
http://t1.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9GcQ62OeDJRDD1mX2-UgluvW37OG9A212KYFO31Q3xDD9RkrKRo8&t=1&usg=__Lm_tRHMH8DhYe2M2ZuOCr8-Vv6I=

Еве и видео-
 
M

Mario Gómez

Гостин
Бидејки моменталната воена филозофија на НАТО се однесува на борба против терористи... на Македонија многу и е потребен еден ваков:

Прегледај го приврзокот 34438
АС-130 (википедија)

Би било многу добро за бранење на територија од терористи. :)
уау а со што се брани чудово? ова да го вратиш во втора светска војна ќе го оборат а не сега...xD Па и посада 15 души, је рајт. XD

Инаку четири авиончиња добро би дошле, уште подобро ако се гага. :O
 
M

.:makedonec:.

Гостин
Боби[Мкд];3759663 напиша:
уау а со што се брани чудово? ова да го вратиш во втора светска војна ќе го оборат а не сега...xD Па и посада 15 души, је рајт. XD

Инаку четири авиончиња добро би дошле, уште подобро ако се гага. :O
Или 4 или 6 за да можат да делуваат по парови 2 по 2 :)

--- надополнето ---

Али мислам дека 6 ке биде најдобро да имаме :)

--- надополнето ---

<embed width="512" height="400" flashvars="autostart=true&amp;plugins=dart&amp;preroll=http://ad.nl.doubleclick.net/pfadx/P4442.Nu.nl/Algemeen_preroll;sz=336x255&amp;width=512&amp;height=400&amp;roadblocksize=234x60&amp;file=http://media.nu.nl/m/m1bzrvna8quc.flv" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" quality="high" bgcolor="#000000" name="ply" id="ply" style="" src="http://www.nuvideo.nl/flash/player/implayer.swf" type="application/x-shockwave-flash"/>

--- надополнето ---

--- надополнето ---

Добро ке биде прво да се воведе служење војска а после за авиони лесно како што има грујо пари да гради споменици така ке има пари и да купи некој авиони били какви за да го спаси македонското ВВ од колапас!

--- надополнето ---

Бидејки моменталната воена филозофија на НАТО се однесува на борба против терористи... на Македонија многу и е потребен еден ваков:

Прегледај го приврзокот 34438
АС-130 (википедија)

Би било многу добро за бранење на територија од терористи. :)
Аууууууууу човек овој ѕвер е премногу голем и да купиме вакви како прво се многу стари, тешко се одржуваат, заваќаат многу место и се многу по видлива цел кога се приземјени од противничките авиони а крај краеви и има ли овој авион да се брани со нешто ако го нападнат противнички авиони на пример ракети воздух-воздух ?
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
За што ќе ти се нови авиони?Кај ќе ги користиме?
 
M

.:makedonec:.

Гостин
За што ќе ти се нови авиони?Кај ќе ги користиме?

Уххххххх никогаш не се знае никогаш така си викавме и 2001 еве исто вака ''ЗА ШТО КЕ НИ СЕ СУХОИТЕ ЕПА НЕ НИ ТРЕБААТ СО КОГО ВОЈНА КЕ ВОДИМЕ'' - исто вака си викавме ама ете ни послужија разбија некој бункер и некое терористичко упориште !
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Уххххххх никогаш не се знае никогаш така си викавме и 2001 еве исто вака ''ЗА ШТО КЕ НИ СЕ СУХОИТЕ ЕПА НЕ НИ ТРЕБААТ СО КОГО ВОЈНА КЕ ВОДИМЕ'' - исто вака си викавме ама ете ни послужија разбија некој бункер и некое терористичко упориште !
Истото го можат и ми-24.Доста ни се 4-5 сухои и добро би ни дошле 3-4 ми 24 но во моментов војската неможе да си дозволи оклопно возило,а не пак хеликоптер.Македонија нема опасност да биде нападната од некоја соседна држава.Овде можат да оперираат само некој терористички групации (како во 2001) но за нив е доволна и оваа војска која ја имаме.
 
Не би рекол дека ке биде доволна денеска имаме само 7,500 војници регуларци тоагаш имавме 13,000 регуларци плус 60 000 резервисти од кои 70% беа повикани да одат во војска за време на војната а тоа значи дека неаме доволно војска за одбрана во тоа време како што можеби и ти знаеш имавме 122 тенка Т-55 и 32 тенка Т-72 и нешто повеке оклопни возила исто така во воздухопловството имавме 12 ми-24 и 8 ми-17 плус 4 Сухој-25 и неколку други видови на хеликоптери кој ги имасе по 1 или по два од еден производител уствари тие беа на полицијата тие не ги мешаме,
од друга страна денеска имаме сосем друга ситуација денеска немаме тенкови освен 31 Т-72 кои се сеуште се кај нас но не се во употреба од оклопни возила ги имаме истите они кои што ги имавме во 2001 но денеска за разлика од тогаш немаме воени авиони су-25 ги продадовме на Казахстан и со ова имаме тотално не организирана армија како што рече и ти пред тоа нема никој од соседите да не нападне но армијата е најцврст столб на секоја држава секој граѓанин благодарение на неа се чувствува безбеден кога е во прашање безбедноста на анкетата која што беше спроведена од страна на владата од целокупното население од сите институции во државата околу 49,28% од населението има највеке доверба во армијата 21,20% имаат највеке доверба во полицијата 15,2 % имаат доверба во медицината а остантите 14,32 % имаат доверба во некоја друга институција.Значи сепак армијата треба да се надградува за почеток би било добро да се врати задолжителната војска најмалку 120 тенка добро ке и дојдат на армијата како и 4 или 6 воени авони + 20-те хеликоптери на армијата кои ги имаме е само тогаш ке можеме да бидеме рамо до рамо со државите кои што се членки на НАТО а до тогаш армијата ке ни биде на речиси ист степен со полицијата !

--- надополнето ---

Аааааа ако мислиш дека 4-5 сухои се добар избор тогаш се лажеш тоа може да ти каже кој сакаш на форумот дека Су-25 е многу застарен авион и во некои држави веке се исфрла од употреба !
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Ха сме имале 122 т-55 тенкови,тенкови од втората светска војна.Како прво армијата нема доволно буџет за да купува нови работи.Војниците немаат земено плата 3-4 месеци.Еве и да има пари армијата за нови тенкови сигурно нема да купат т-72 во најмала рака би требало да купат т-90 кој кошта околу 2.2 милиони долари + надградби во најмала рака 2.5 милиони.И да се купат тие тенкови и летала сигурно нема да ги остават да скапуваат во некој подрум туку треба да се одржуваат,а тоа нормално бара пари.Кога Македонија ќе има буџет од 30 милијарди и ќе одделува за армијата 1.5-2 милијарди тогаш ова што го пиша погоре ќе биде реалност.
 
За сето ова што го пишав погоре се потребни многу пари не реков не ама исто и не реков дека нашата држава е до толку сиромашна како сиера леона , нигерија , мавританија и други сепак сме европска земја која сака да иде у нато и кога тогаш ке мораме да купиме дали идната година дали за 2 за 3 или за 5 годи КЕ МОРАМЕ нато не не сака само со една војска и со 20-тина советски хеликоптери
 
Kajgana Shop

На врв Bottom