Lyoness

Член од
28 октомври 2015
Мислења
926
Поени од реакции
1.236
Во саботата бев во Александар Палас на семинарот од Лајонес, имаше едно 800 души. Има илјадници од кај нас кои вложиле ДОСТА во бизнисов и сите велат дека е преисплатливо. Облаците се страшна работа, само што на многу не им е верно исто како и мене.

На семинарот говорници беа 3-4ца наши кои се на врвот моментално и се кариерни нивоа 4, 5 и единствената 6ка Антонио Лејтнер кој има 100.000 во неговата мрежа и заработува најмалку 6 илјадарки месечно. Исто така и поранешниот министер Зоран Витанов е еден од појаките во Лајонес Македонија.

Има пари ама треба доста трчкањее. Другар за една година стигна до 30.000 денари месечно.
 
S

silmarillion

Гостин
Облаците ти се инвестиција која можеби ќе донесе убави приходи. Keyword е можеби. Се зависи од тоа клубовите и големите концерни како и колку ќе делат картички и дали ќе ги користат тие членови во обрт. Секако ради дисперзија на ризик облаците се уплаќаат на различни пазари па така јас мислам дека Полскиот и наредна година Италија ќе бидат најплодни додека Чешка и Австрија тешко. Од инвестициски аспект гледано секоја уплата за учество во обртот на таа држава преку танаречениот облак е ништо друго освен аванс за ваучер за попуст кој преку активно користење на картичката може во целост до денар да се рефундира назад.

Ризикот да ги изгубиш парите е 0 бидејќи преку купувања ги враќаш авансираните средства. Да, тој процес е можеби долг но правно легално важечки.

Можноста за екстра заработка постои.

Напрајте ја сами проценката не потпаѓајте под сечии слаткоречивости кои ќе ви ги зголемат очекувањата и ако не испадне крив ќе ви биде петко станко.

Маркетерите кои нудат миљонски суми како можен приход се исто како секој брокер на берза, ако сам не проценам дали стварно има потенцијал одлуката и одговорноста секако сам ја носам.
 
C

cige

Гостин
И уште oвa мoрaм дa гo пишaм, ме викaше нa некoј семинaр зa личен рaзвoј, ќе билa сaмo нивнaтa групa oд десетинa луѓе. И јaснo ми беше декa ќе убедувaaт дa влoжиш и влегувaм у сaлa 300-400 луѓе

И oбјaснувaaт декa мaксимумoт кoј си мoжел дa гo влoжиш билo 2400еврa или тaкa нештo. И нa пaузa и викaм, шo бенефиции имaм aкo влoжaм 2400 еврa сo тие кaриерните нивoa.

Ми викa не би ти препoрaчaлa тoлку дa влoжиш, зa пoчетoк дoвoлнo е 100еврa

Е кaкo бе си викaм, нели целтa е дa успееме кoлку пoвеќе влoжaм тoлку "пoдoбрo"

А сеa си викaм, си викa aкo гo зaебaм дa влoжи 100 еврa гoлемo чудo и дa не ги врaти, aмa aкo изгуби 2500 мoждa е некoј лудaк и дa ме утепa
Или зaбегaв

Знaчи целo време те убедувaaт влoжи влoжи и кoa сaкaш, a уствaри ги прoверувaш кaкo ќе реaгирaaт, се пoвлекувa?
Твојот препорачател нема сенс за мрежен маркетинг. Тоа е негов недостаток, не е на целата платформа. Затоа најдобро е прво тие што сакаат да станат маркетери да ги посетуваат трите workshop-и што ги организира Lyconet па после да почнат да консултираат нови луѓе. Негова работа е да ти ја презентира идејата, а ти да си одлучиш дали ќе почнеш со пакет од 100, 400, 800 или 2400 евра. Во никој случај не смее да ти кажува ти што одлука да донесеш. Редно време е тие што убедуваат да бидат отстранети. Lyconet како идеја е прекрасна, меѓутоа ретко кај нас се наоѓа човек што вистински ќе ја пренесе идејата, туку сите само форсираат да уплатиш, а незнаат да ти објаснат што е тоа што уплаќаш, па затоа народот доаѓа до заклучок дека ова е Понзи шема. Во Lyoness заработката е од трговците што се откажуваат од 1% - 6% од ќарот, парите не се од ти да уплатиш па твојот препорачател за заработи. Ти уствари уплаќаш ваучери за попуст, кои што можеш да ги искористиш кај трговските партнери. Неповратни средства се само уплатите во четвртиот столб, кои што се инвестиции кај кои што почнува исплатата во 34-тиот месец откако ќе се пушти облакот. Пример, полскиот облак е пуштен во февруари 2016, исплатите ќе почнат во декември 2018. Од 1ви декември Жито маркети и Макпетрол се пуштаат на картичка, па затоа луѓе делете картички, заработките ќе бидат страшни. Кога ќе дознаете дека на некој ваш близок некој друг му поделил картичка ќе збеснете од мака.
 
S

silmarillion

Гостин
Апсолутно грешна информација имаш за Макпетрол и Жито. Тоа е една од лошите страни на мрежниот маркетинг што лажните информации се спроведуваат без контрола.
 
C

cige

Гостин
Апсолутно грешна информација имаш за Макпетрол и Жито. Тоа е една од лошите страни на мрежниот маркетинг што лажните информации се спроведуваат без контрола.
Не те разбрав. Ако сакаш подетално да образложиш?
 
S

silmarillion

Гостин
Па нема многу што да се образложи, освен Веро кој е во процес на имплементација друг од големите комцерни нема никој. Мал совет: споделувај информации од официјалните настани, не рекла казала за потпалување на рајата а на крај ништо нормално.
 
На 1 декември се отвара вториот југоисточен облак и ваучерите завршуваат.
 
S

silmarillion

Гостин
Пак ќе ти кажам не ти е точно инфото. Облакот со ваучерот нема никаква релација. Нема никакво укинување на ваучери да има ни пред ни после 1ви Декември. Веро е во процес на имплементација и е пролонгирано малце бидејќи пред 2 недели го сменија цел менаџмент незнам колку си запознаен. Полека со информациите ќе створиш лажна надеж кај твојата структура и ако нешто не се оствари ти ќе испаднеш преварант а целата приказна превара. А луѓето несакаат да читаат што потпишуваат и тоа им е главен проблем. Колку само дошле да кажат дека од облакот ЗАГАРАНТИРАНО ќе се вратат парите, а самата компанија вика дека нема гарант за добивката туку ако сметаш дека ќе има обрт повели уплати ваучер за попуст кој секако е твој па ако има обрт, супер. Такви сме ние за полесно да продадеме ќе измислиме триста лаги а приказната е многу едноставна и веќе смислена да не мора да ја филуваш непотребно.
 
S

silmarillion

Гостин
Веро е партнер на Lyoness веќе 5 години, од вчера почна да функционира и со Cashback Card, тоа е разликата ;)
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
Здраво
Чисто информативно и да ми дадете некаква сугестија околу Lyoness.
Имам предлог од пријател ( со 99 евра пакет ) да влезам во Lyoness и со делење на картици и убедување на се поголем број нови членства да се зголемува и мојата добивка.
Пред се не сум многу добро упатен со овој бизнис, слушнав дека има некакви нивоа 1,2,3,4,5,6,7,8 и како ги зголемуваш нивоата така се повеќе луѓе доаѓаат под тебе и заработувачката е поголема.
Кај нас најголем левел ако не се лажам е 8 и човекот млател добра пара... Па искуства со ова, влогови итн би ми биле од корист :) .
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.648
Поени од реакции
34.917

Моја сугестија е тие 99евра да си ги потрошиш на нешто што ти прави кеф во животот, со 99 евра нема да мрднеш никаков левел, а мрежава е веќе премногу долго кај нас со што ќе се чудиш како сите твои блиски веќе некој ги „попишал“ и тие парите ќе си ги вратиш кога ќе одиш во пензија, ако дотогаш постои.
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
Моја сугестија е тие 99евра да си ги потрошиш на нешто што ти прави кеф во животот, со 99 евра нема да мрднеш никаков левел, а мрежава е веќе премногу долго кај нас со што ќе се чудиш како сите твои блиски веќе некој ги „попишал“ и тие парите ќе си ги вратиш кога ќе одиш во пензија, ако дотогаш постои.
Искрено и скептик бев околу некаква заработка со тој ''бизнис" ако може така да се нарече.
Со пирамидалното функционирање се богатат 2-3ца на твојот грб, а ти како свирец ќе се молиш некој да купи нешто и под услов да ја употреби картицата за некој 20 денари.
Благодарам за сугестијата најверојатно тие 100е ќе ги потрошам за нешто попаметно. :)
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.648
Поени од реакции
34.917
Искрено и скептик бев околу некаква заработка со тој ''бизнис" ако може така да се нарече.
Со пирамидалното функционирање се богатат 2-3ца на твојот грб, а ти како свирец ќе се молиш некој да купи нешто и под услов да ја употреби картицата за некој 20 денари.
Благодарам за сугестијата најверојатно тие 100е ќе ги потрошам за нешто попаметно. :)
Нема проблем,
од искуство е ова јас го пробав ова, се убив од трчање неколку месеци, инвестирав и на крај ми се враќа :kuracc:.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom