Lynyrd Skynyrd

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.059
Поени од реакции
57.305


Жанр: Рок, хард-рок
Потекло: Џексонвил (Флорида)
Активни периоди: 1964-1977,1987-денес
Издавачи: MCA, Atlantic, Capricorn, SPV, CMC International, Sanctuary, Universal, Roadrunner Records

Lynyrd Skynyrd е американска рок група, основана 1964 година во Џексонвил во сојузната држава Флорида.
Бендот се истакнал во јужниот дел на САД 1973 година, за подоцна да постанат познати низ целиот свет.
Во 1977 година престанале со работа, кога во авионска несреќа загинале тројца членови на бендот.
Во 1987 повторно се составиле, а Џони Ван Зент настапува на сцена наместо неговиот брат Рони, кој загинал во наведената несреќа.
Од сите оригинални членови, само Гери Росингтон е во бендот и денес.
На 13 март 2006 година примени се во "Rock and Roll Hall of Fame"

Почетоци

Летото 1964 година, Рони Ван Зент, Ален Колинс и Гери Росингтон основале бенд со име "My Backyard". Во 1965 година името го промениле во "The Noble Five", кога на бендот се придружиле и Лери Џансторм и Боб Бурнс
1970 година Ван Зент повторно посакувал ново име на групата, и после "My Backyard", "The Noble Five", "Wildcats", "the Sons of Satan", "Conqueror Worm", "The Pretty Ones" и "One Percent", се одлучиле за "Leonard Skinnerd" (според нивниот професор по физичко воспитување, со прекар Leonard Skinnerd). Леонард бил строг во водењето на школските правила, а правилата налагале да машките ученици не смееат да имаат долга коса.
Уште еднаш го промениле името на бендот, тогаш во "Lynyrd Skynyrd", да не влезат во неволји поради навредување на професорот, и на тоа име останале и до ден-денес
Истата година, Алан Волден станува менаџер на групата и ја водел се до 1974 година, кога групата ја превзема Пит Раџ.
Lynyrd Skynyrd продолжиле со настапите по југот.
Во овој период, во бендот доаѓа до многу промени на составот. Бурнс и Џансторм го напуштаат бендот, а на нивно место доѓаат Рики Медлок на тапани, и Грег Вокер на бас гитара. Во 1972 година Бурнс се враќа во бендот, а Леон Вилкесон станува новиот басист, додека Медлок и Вокер го напуштаат бендот. Истата година Били Пауел станува клавијатурист на овој бенд.

Врв (1973-1977)

Во 1972 година, музичарот и продуцентот Ал Купер, ги открива Lynyrd Skynyrd, и тие потпишуваат со продуцентската куќа MCA Records и почнуваат да работат на својот прв албум. Басистот Вилкесон накратко го напуштил бендот, а го менува гитаристот од групата "Strawberry Alarm Clock", Ед Кинг кој преминува на гитара откако Вилкесон се вратил
13 август 1973 година, на нивниот прв албум се појавува хит песната "Free Bird", која достигнува 19то место на Billboard Hot 100 top листата, и според многумина е најдобра Rock and roll песна на сите времиња
1974 година го издале и својот втор албум "Second Helping", на кој се наоѓа една од нивните најпознати песни "Sweet Home Alabama"
Во Јануари 1975 година, Бурнс го напушта бендот, а на тапаните го менува Артимус Пајл. Истата година го издаваат и нивниот трет албум, кој имал помала продажба од претходните, и поради тоа Купер добива отказ.
На половина пат од турнејата, Ед Кинг го напушта бендот, а како причина го наведува заморот и исцрпеноста од турнејата.
Во 1976 година, го издаваат својот четврти студиски албум "Gimme Back My Bullets", но и тој не го постигнува успехот на првите два албуми. Ван Зент и Колинс знаеле дека во песните им фали трета гитара, по која биле препознатливи. Во групата го повикале Стив Гејнс (помладиот брат на нивната придружна пејачка Кејси Гејнс) кој веќе имал свој бенд.
Со Гејнс, бендот го снимил live албумот "One More from the Road", и настапувале на "Knebworth" фестивалот.
Во септември истата година, Колинс и Росингтон доживеале сериозна автомобилска несреќа, што го успорило снимањето на нивниот следен албум, и ги натерало да одложат неколку концерти.
Росингтоновата несреќа го инспирирала Ван Зент да ја напише песната "That Smell", која говори за последиците од упореба на друга и алкохол.
Росингтон признал дека тој е "Prince Charming" од песната, и дека бил пијан додека го возел автомобилот и забил во дрвото (што и се споменува во песната). Ван Зент ја напишал оваа песна како предупредување на членовите од бендот, да им го привлече вниманието за нивните проблеми со дрогата и алкохолот, но како да го предизвикало настанот кој ќе се случи три дена после издавањето на албумот "Street Survivors"

Авионската несреќа (1977) и распадот на бендот (1977-1987)

20 октомври 1977 година (три дена по издавањето на албумот "Street Survivors"), авионот Convair 240, во кој биле и членовите на бендот се срушил во близина на Јужна Каролина и Луизана. Рони Ван Зент, Стиви и Кејси Гејнс, менаџерот Дин Килпетрик, пилотот Волтер МкКрери и копилотот Вилијан Греј загинале.
Останатите патници се здобиле со озбилни повреди. Колинс повредил два вратни пршлени, а за малку да им ги ампутираат и рацете на Колинс и Вилкесон поради тешките повреди.
Росингтон поминал со скршеници на двете раце и десната нога
После несреќата бендот се распаднал. Росингтон, Колинс, Вилкесон и Пауел го основале "The Rossington-Collins Band" и издале два албуми, а Пајл го основал "The Artimus Pyle Band"
Во 1983 година "The Rossington-Collins Band" се распаѓа, а повеќето членови преминуваат во новосоздадениот "Allen Collins Band", додека Росингтон основа "The Rossington Band".
После смртта на неговата жена, животот на Колисон е надвор од контрола. Почнува да пие и дрогира и во 1986 година во автомобилска несреќа, останува парализиран.

Враќање (1987-денес)

Во 1987 година, бендот повторно се основа. Од старите членови тука се Гери Росингтон, Били Пауел, Леон ВИлкесон и Артимус Пајл, кои ја преживеале несреќата, и Ед Кинг кој бендот го имаше напуштено две години пред несреќата.
Помладиот брат на Рони, Џони Ван Зент доаѓа на местото на неговиот брат како главен вокалист и текстописец.
Поради Колисоновата парализа, која ја здобил при сообраќајната несреќа, тој не бил во состојба да настапува, па го одбира поранешниот член на "The Allen Collins Band", Рендел Хол како своја замена.
Во 1989 година, Колинс добива воспаление на плуќата и умира 23 јануари 1990 година.
Новиот состав требало да настапува само еднаш во живо во чест на загинатите во несреќата, кога и го синимиле албумот "Southern by the Grace of God". Новите настапи претставувале правни проблеми, бидејќи Џуди Ван Зент Џенес и Тереза Тејс Рап (сопругите на Рони и Стиви) ги тужеле останатите членови од бендот поради непочитување на договорот.
Договорот гласел дека преживеаните членови нема да го користат веќе името "Lynyrd Skynyrd".
Тие се договориле од секој концерт да добиваат по 30% од заработените пари (што претставувало дел кој би го заработувале нивните сопрузи, доколку не загинеле).
Истот така поставен е е услов, кој и да било бенд настапува под името "Lynyrd Skynyrd" мора да имаат барем двајца од следниве пет членови: Гери Росингтон, Артимус Пајл, Леон Вилкесон, Били Пауел и Ед Кинг.
Ед Кинг го напушта бендот во 1996 година поради проблеми со срцето, Пајл поради правни проблеми и несогласувања со Росингтон и Ван Зент, додека Вилкесон и Пауел починале.
Новиот Skynyrd променил голем број на членови, но продолжуваат да снимаат албуми и настапуваат и ден-денес.
Еден по еден, старите членови го напуштаат бендот, некој од нив и починале.
На местото на Пајл, доаѓаат многу тапанари, се до доаѓањето на Мајкл Картелоун кој е тапанар и денес.
Мајк Естес доаѓа на местото на Рендел Хол. Набрзо после тоа, Хаџи Томасон го менува Кинг, и Рики Медлок го менува Естес.
Басистот Леон Вилкесон е пронајден мртов во својата хотелска соба на 21 јули 2001 година, а на негово место доаѓа Иан Еванс.
Почетокот на 2005 година, Хаџи Томасон го напушта бендот и се придружил на неговиот стар бенд "Outlaws". Починува на 9 септември 2007 година од срцев удар на 55 годишна возраст.
Марк Матејка постанува член на Skynyrd 2007 година, наместо Томасон.
28 јануари 2009 година клавијатуристот Били Пауел умира на 56 годишна возраст.
Неговата смрт го остава Росингтон како единствен член од бендот пред несреќата
2009 година, "Lynyrd Skynyrd" издаваат нов албум "God & Guns" и започнуваат турнеја по Европа и САД.
На турнеите настапуваат Питер Кеис на клавијатура и Роберт Кирнс на бас наместо Иан Еванс кој починал на 6 мај истата година

Сегашни членови

Гери Росингтон - гитара (1966-1977, 1987-денес)
Рики Медлок - гитара, придружен вокал (1996-денес), тапани (1970-1971)
Џони Ван Зент - вокал (1987-денес)
Мајкл Картелоун - тапани (1999-денес)
Марк Матејка - гитара, придружен вокал (2006-денес)
Роберт Кирнс - бас гитара, придружен вокал (2009-денес)
Питер Кеис - клавијатура (2009-денес)
Дискографија - студиски албуми

1973. (Pronounced 'Lĕh-'nérd 'Skin-'nérd)
1974. Second Helping
1975. Nuthin' Fancy
1976. Gimme Back My Bullets
1977. Street Survivors
1991. Lynyrd Skynyrd 1991
1997. Twenty
1999. Edge of Forever
2003. Vicious Cycle
2009. God & Guns
 
B

Blade Torch

Гостин
Еден од моите омилени настапи во живо , на било кој бенд. Година на одржување, сонцето , безгрижни среќни луѓе во публика кои не им е приоритет да сликнат сликиче за фб или да се тагнат. Едноставно уживаат.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom