Li-Fi: технологија 100 пати побрза од Wi-Fi

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.034
Поени од реакции
57.162
Li-Fi технологијата е измислена од страна на Харалд Хас од универзитетот во Единбург (Шкотска) во 2011 година, кога демонстрирал како само со палење и гасење на една LED сијалица може да се пренесе голем број на податоци.

Оваа технологија користи VLC (Visible light communications). LED светла кои се палат и гасат во интервал претставен во наносекунди, што го прават трепкањето невидливо за човечкото око.
Нешто налик Морзеова азбука, каде што палење и гасење на светлото се пренесуваат пораки. Така и овие LED сијалици со палење и гасење со огромна брзина пренесува податоци во бинарен облик.

- "Се што ни е потребно е да инсталираме микрочип во секој светлосен уред, кој ќе може да го комбинира осветлувањето и безжичното пренесување на податоци. Во иднина не само што ќе имаме 14 милијарди сијалици, туку ќе имаме и 14 милијарди Li-Fi репетитори за почиста и посветла иднина" - вели Хас

Во лабораториски услови оваа технологија достигнала неверојатна брзина од 224Gbps.
Компанијата Velmenni ја тестирала Li-Fi технологијата во канцелариски услови и постигнале брзина на пренос на податоци од 1Gbps, што е околу 100 пати побрзо од Wi-Fi сигналот.

Во однос на Wi-Fi, оваа технологија не може да минува низ ѕидови, бидејќи сигналот се базира на светло. Но, од друга страна пак тоа ја прави Li-Fi мрежата многу посигурна за користење за разлика од Wi-Fi.


Сега се поставува прашањето дали со воведување на оваа технологија Wi-Fi ќе стане минато?
Дискутабилно. Во одредени случаи Wi-Fi е во предност поради големиот домет, па најверојатно овие мрежи ќе функционираат истовремено.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
@DaniBMW
Па реално ништо не те спречува и во соседната соба сијалица со чип да ставиш така да мислам дека дометот не проблем.
П.С Инаку да на крај краева може и некој хибрид да се користи за специфични случаи.
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Оваа технологија од самото раѓање е осудена на пропаст затоа што не овозможува крадење интернет од комшијата.
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Ако некој помине или некако се направи сенка на кратко.... ќе има ли прекин на нетот? :)
 

Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Кога се копи-пејстува текст се става и изворот од каде е копи-пејстнато.

Не знам дали лошо превеле тие кои го преземале текстот или пак тој кој го пишувал толку разбирал, ама брзина од 1GBps не е 100 пати поголема од денешно WiFi туку е 4,34 пати помала. WiFi 802.11AC 5GHz овозможува брзина од 2x2,17GBps, т.е. 4,34GBps.

И прашањето, кое претпоставувам дека е копи-пејстнато од негде, дали со ова WiFi ќе стане минато е глупо и тривијално! Не, оваа LiFi технологија е многу огораничувачка во можноста на користење и воопшто не е замена за WiFi. Прво комуникацијата мора да е на отворен простор што значи дека неможе да се користи во самбен и деловен простор каде има повеќе преградени простории. Второ дометот од неклку метри е недоволен за да може да се користи дури и во отворени (океански) простории.

Едниствена примена на оваа технологија гледам кај мобилните уреди кои ќе можат од неколку метри далечина да стримаат видео содржини со голем квалтиет на телевизор. Ама тоа ако биде, ќе биде некогаш кога ќе ја развијат технологијата и ќе ја минимизираат за да може да се смести во мобилен уред.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Изгледа интересно, сепак да се зборува за реална употреба во рок од 2-3 години мислам дека е претерано. Речиси истата презентација ја има одржано и во 2011та година така што ќе треба уште многу време за практична примена на оваа технологија

 
Член од
21 март 2014
Мислења
510
Поени од реакции
366
Абе ај не се заебавајте додека да се средат сите проблеми може во 2150 година ќе стане ова тренд. Wi-Fi си е Wi-Fi едноставно не е ни потребен таков изум освен за заштитата ама пак ќе има напади.. Така да до 2150 нека се стави катанче :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom